Истрага на обвинителството против висок функционер на Владата, се бара притвор


  Предметен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против двајца хрватски државјани и еден државјанин на РСМ. Според опишаните дејствија во наредбата, постои основано сомнение дека првоосомничениот – висок функционер во Владата на РСМ во својство на службено лице сторил кривично […]

Земјотрес со интензитет од три степени почувствуван во Ресен, Дебар и околината


Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда 3.1 и интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала бил почувствуван ноќеска од населението во Ресен, Дебар и околината. Според Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, земјотресот регистриран 115 километри југозападно од Скопје кој потекнува од епицентрално подрачје Дебар, се случил во 23 часот и 49 минути.

Укинувањето задолжително носење маски чека на одлука од Кризниот штаб и Владата


Главниот координативен кризен штаб деновиве се очекува да ги разгледа препораките за олабавување на ковид мерките на Комисијата за заразни болести, а потоа да бидат усвоени на следната владина седница. Сепак, според надлежните, новите препораки кои се во насока на олабавување на рестрикциите, не значат дека пандемијата е завршена. Укинување на мерката за задолжително носење […]

„ЕУ со ТЕБЕ“ во Крива Паланка


Во земјоделската област во кривопаланечкото село Конопница денеска ќе почнат градежните работи финансирани од ЕУ за малиот систем за наводнување. Како што најавија од Канцеларијата на ЕУ во Скопје, почетокот на градежните работи ќе го одбележат заменик-шефот на Делегацијата на ЕУ, Џулијан Васало и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. ЕУ ја поддржува […]

Сончево и потопло со мала локална облачност


Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува умерен ветер претежно од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната од 18 до 25 степени. Како што информираат од УХМР, во Скопје времето ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност и со […]

Каревска, Топалова и Бансколиев добитници на наградите „Никола Младенов 2021“


Новинарката Ирена Каревска е добитник на наградата за најдобра истражувачка сторија „Никола Младенов 2021“, што вечерва ја додели Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Таа наградата ја добива за серијалот од 10 ТВ прилози преку кои го истражува случајот со набавката на софтвер за автоматско казнување на сообраќајни прекршоци од страна на поранешниот секретар на Владата […]

ООУ „Лазо Ангеловски“ домаќин на ученици од Хрватска, Романија и Србија во проект на ЕРАЗМУС+


Во рамките на проектот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“ – Еразмус+ КА229, во периодот од 11-15 април 2022 година, училиштето ООУ „Лазо Ангеловски“ во Скопје, ќе биде домаќин на втората ученичка размена на која ќе учествуваат ученици и наставници од партнер-училиштата од Хрватска, Србија и Романија. Темата на оваа размена е „Моќта […]

Претставени иновативни решенија за ублажување на социо-економските последици од пандемијата на Ковид-19


Иновативни решенија за ублажување на социо-економските последици од пандемијата на КОВИД-19, заеднички спроведени од компании од Србија, Северна Македонија и Албанија денеска беа претставени во седиштето на ОН во Скопје. Како што информира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), партнерството на компаниите е поддржано од Република Србија, како дел од нејзината официјална помош за […]

Рама: Албанија ќе бара раздвојување од Македонија во ЕУ


Албанија ќе побара од Европската унија да продолжи кандидатурата за членство одвоено од нејзиниот сосед Северна Македонија, која продолжува да се соочува со бугарско вето, изјави албанскиот премиер Еди Рама. Северна Македонија и Албанија требаше да започнат преговори за членство со блокот на крајот на 2020 година, но Бугарија го блокираше отворањето на официјалните разговори […]

Сали: Обезбедувањето здрава животна средина значи и поздрави луѓе и поздрави поколенија


Годинешното мото на Денот на здравјето – „Наша планета, наше здравје“ не потсетува на поврзаноста на нашето здравје со грижата за животната средина, истакна министерот за здравство Беким Сали на денешното одбележување на Денот на здравјето – 7 април. – Обезбедувањето здрава животна средина значи и поздрави луѓе и поздрави поколенија. Потребен е мултисекторски интегративен […]

Од денеска достапен Дигиталниот регистар за А и Б интегрирани дозволи при МЖСПП


Дигиталниот регистар на субјектите што поседуваат А и Б интегрирани дозволи во земјава е достапен од денеска, информира Министерството за животна средина и просторно планирање. Од Министерството додаваат дека податоците се дигитализирани, мапирани и дополнети со податоци за субјектот. – Од наредната недела ќе бидат достапни и податоците за мапираните јавни објекти што користат нееколошки […]

Матичните лекари бараат зголемување на капитацискиот бод, Сали нуди три модели


Зголемување на капитацискиот бод, промена на начинот на препишување лекови за хронично болните пациенти, воведување нови лекови, како и нов начин на плаќање на лекарите во примарното здравство и на лабораториите, побараа денеска матичните лекари кои излегоа на протест пред Министерството за здравство. Најавија дека денеска нема да прегледуваат пациенти, а од утре следува повеќедневен […]

Разрешени петмина судии


Судскиот совет на денешната седница постапуваше по трите предмети за утврдување одговорност кај судии за кои Советот за жалби при Врховниот суд ги укина решенијата на Судскиот совет. Според законската процедура Судскиот совет одново постапи по трите предмети и повторно донесе решенија тројцата судии да бидат разрешени од функцијата. Судскиот совет при одлучувањето се водеше […]

Странките најавија жалби за пресудата за случајот „Меѓународен сојуз”


Застапникот на обвинението за случајот „Меѓународен сојуз”, јавната обвинителка Ивана Трајчева, ќе поднесе жалба на пресудата на Основниот кривичниот суд Скопје, по однос на ослободителната одлука за обвинетата Фросина Ременски. Давајќи образложение за најавената жалба обвинителката Трајчева, истакна дека за неа како обвинител којшто го застапуваше овој предмет во текот на судската постапка навистина е […]

Се очекува увоз на 100 000 тони пченица од Србија


Српската Влада денеска на седница треба да ја донесе одлуката за тргање на забраната за извоз на пченица во земјава. Според српските комори, земјава ќе увезе 100 000 тони лебно жито, иако поднесеното барање беше за 50 000 тони. Како што соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на брифинг со новинарите, тој […]

МТСП: И за време на штрајкот градинките ќе работат, а децата ќе бидат згрижени


Министерството за труд и социјална политика информира дека сите предучилишни установи во деновите на најавениот штрајк, ќе ја обавуваат својата дејност згрижување и воспитание на децата како и до сега. -По повод најавениот штрајк од страна на СОНК и во предучилишните установи, а кое право е загарантирано право на работниците согласно со Уставот, при остварувањето на […]

Регистрирани 202 новозаразени случаи, починале двајца пациенти


Министерството за здравство информира,согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.285 тестови, а регистрирани се 202 нови случаи на Ковид-19: копје – 117, Битола – 24, Кавадарци – 15, Прилеп – 10, Куманово – 6, Охрид – 4, Тетово, Струмица, Ресен и Делчево – по 3, Велес, Штип […]

Нова акција за пошумување на САСА: Засадени 5.000 садници во близина на рудникот


И оваа година Рудникот САСА продолжува со реализацијата на долгорочниот проект за пошумување. Во најновата акција што се спроведе на 5-ти и 6-ти април засадени се нови 5000 садници од автохтони видови дрва на површина од два хектарa во околината на рудникот. Оваа акција беше реализирана во соработка со ЈП „Национални шуми“ и ЈП „Камена […]

Националните телевизии ја „бојкотираат“ Владата


  Националните телевизии во Македонија веќе три дена имаат некаков бојкот на Владата. Според она што може да се види од информативните програми, тие не ги следат воопшто настаните каде што се појавуваат владините министри. Причината за тоа е да се слеваат повеќе пари во телевизиите, односно да продолжи објавувањето на владини реклами на телевизиите […]

ООУ „Ѓорче Петров“ доби сензорна соба


Од денес учениците со и без образовни потешкотии во ООУ „Ѓорче Петров“ во општина Ѓорче Петров ќе може да работат во сензорната соба опремена со реквизити и стимулативните алатки, придружени од стручната служба и специјалниот едукатор и рехабилитатор. „Големо задоволство е како градоначалник, но и како лекар, на Светскиот ден на здравјето да ја ставаме […]