Дел од Тафталиџе денеска без вода


Поради изведување приклучок со пречник од 100 милиметри на улицата „Осло“ број. 29 во скопската населба Тафталиџе, денеска од 9:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа и од улицата „Бањалучка“. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот на водоснабдувањето ќе трае од 09:00 часот, па до завршувањето на работите.

Температурите пониски за десетина степени, наместа со поројни и обилни врнежи дожд


Времето денеска ќе биде облачно и значително посвежо со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и обилни, а локално проследени со грмежи. Дневните температури ќе се намалат за околу 10 степени. На планините на околу 1.200 метри надморска височина во западните и северните делови, врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен […]

Вкупно четворица починати од ковид, 149 нови случаи


  Во последните 24 часа се регистрирани 149 нови случаи на Ковид-19 од направени 2.669 тестови, што е 5,5 отсто од примероците. Почина едно лице и има 223 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. на починати е 9.244, а на активни случаи изнесува 1.351 Од новозаболените 149 случаи од Скопје се 77, Битола – 16, […]

Кампања за поголема сообраќајна култура: И јас и ти – сите сме пешаци!


 Подигање на нивото на сообраќајна култура и на тој начин намалување на бројот на жртви во сообраќајот е целта на акцијата во склоп на новата кампања на Министерството за внатрешни работи (МВР), Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) и Факултетот за безбедност од Скопје „И јас и ти- сите сме пешаци! Безбедноста […]

СДСМ ги обвини ВМРО-ДПМНЕ дека направиле масакр врз зеленилото во Аеродром


СДСМ ги обвини ВМРО-ДПМНЕ дека направиле масакр врз зеленилото во Аеродром .   -Додека секојдневно Тимчо Муцунски и Данела Арсовска се полни со зборови за зголемување на зеленилото во општина Аеродром и градот Скопје, делата покажуваат сосема поинаква состојба на терен. На  улицата „Васко Карангеловски“ вчера се случи масовна сеча на високостеблести зелени дрва.   […]

Петровска: Закани има, прашање е како ќе одговориме


 Нашите земји ќе продолжат да се соочуваат со закани и предизвици и од државните и од недржавните актери кои користат хибридни закани кои ги таргетираат нашите политички институции, нашето јавно мислење, но пред се безбедноста на нашите граѓани. Со ваков еден поглед кон иднината, повеќе од потребно е прво да се започне со деконструкција на […]

Без вода Кабинетот на претседателот и поликлиниката Битпазар


Прекинато водоснабдување денеска од 08:30 часот ќе имаат корисниицте на улицата „Периша Савелиќ“ и Кабинетот на претседателот на државата. Прекинот, како што соопшти „Водовод и канализација“, е поради промена на шибер ф 80 милиметри на улица „Периша Савелиќ“ број 8. Без вода од 9 часот ќе бидат и жителите во зградата 14 на улицата „Крсте […]

До ДКСК нема пристигнато никаква пријава за Мухамед Зекири


Досега во Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) нема пристигнато никаква пријава од кого било, ниту анонимна, ниту од познат пријавител, во врска со генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири, така што за сите нас ова беше новина, изјави денеска претседателката на Антикорупција Билјана Ивановска. Мухамед Зекири денеска на својот фејсбук профил објави дека […]

Утре сирени за тревога – МВР и Амбасадата на САД со заедничка вежба за справување во вонредна ситуација


 Припадниците на Министерството за внатрешни работи утре ќе изведат заедничка вежба за справување во вонредна ситуација со персоналот од Амбасадата на САД во Скопје. Вежбата ќе се изведува во Амбасадата на САД. Од МВР соопштија дека како дел од сценариото за вежбата ќе бидат користени сирени за тревога, кои ќе можат да ги чујат и […]

ДКСК: Дури 50 проценти од активностите не се започнати, а се дадени во Стратегијата за спречување корупција и судир на интереси


Загрижувачки е податокот дека од одговорите што ги добивме од институциите произлезе дека повеќе од 50 проценти од предложените активности воопшто не се започнати односно 53 проценти од активностите не се започнати со реализација, изјави Билјана Ивановска, претедател на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) во однос на активностите предвидени во Националната стратегија за […]

Отворена Гранична меѓуагенциска единица на Меѓународниот аеродром – Скопје


На Меѓународниот аеродром Скопје денеска е отворена Гранична меѓуагенциска единица (AIRCOP) со која ќе се зајакнат капацитетите за откривање и пресретнување на патници со висок ризик. Станува збор за формациска структура составена од припадници на Министерството  за внатрешни работи и на Царинската управа, како дел од поширокиот проект поддржан од Европската Унија и од Канцеларијата […]

Нови 163 случаи со Ковид-19 , четири починати лица


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.020 тестови, а регистрирани се 163 нови случаи со КОВИД-19 и 259 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. Од новозаболените 163 случаи од Скопје се 102, Битола – 18, Куманово – 8, Прилеп и Ресен – по 5, Кавадарци, Велес и Кичево […]

Ќе биде тоа интересна средба на судот со Канал 5


  Кога се фрла зарот не знаеш на која страна ќе падне. Како некаков Зевс громовник телевизијата Канал 5 фрла ровја против „Независен“ од олимпот на „еден од највлијателните медиуми“, па и навредува. Подготвувале тужба за „Независен“ поради „измислени тези“ дека пет телевизии со национални концесии барале враќање на владините реклами за да може да […]

Сончево и топло утре, а в недела дожд и опаѓање на температурата


Времето утре ќе биде сончево и значително топло време. Утринските температури ќе се движат од 3 до 8 степени, а дневните од 19 до 27 степени. В недела под влијание на постудена и влажна воздушна маса времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Наместа врнежите ќе бидат поројни […]

Судиите најавуваат протест на 28 април ако не бидат усвоени измените на Законот за плати на судиите


Управниот одбор на Здружението на судиите на Република Северна Македонија (ЗСРСМ) бара целосно исполнување на барањата дефинирани во Стратегијата и Предлог-активностите за реализација на Стратегијата за подобрување на материјалниот статус на судиите по сите 6 точки, доставени до Министерството за правда и надлежните судски институции, информираат Управен одбор на ЗСРСМ. Овој е заклучено на последната […]

Рускоска за случајот со Зекири: Знаеме каде се парите


Предметот за истрагата за проневера, која е покрената против генералниот секретар на Владата Мухамед Зекири и уште двајца хрватски државјани, Обивнителството за организиран криминал го доби во втората половина на 2021 година, вели обвинителката Вилма Рускоска во изјава за „Слободен печат“. „Истрагата се водеше од Министерството за внатрешни работи, а Обвинителството го доби случајот во […]

Реконструкција на улицата „Славка Динкова“ во Драчево


За улицата „Славка Динкова“ во населба Драчево, во Кисела Вода, Градот Скопје издвои 50., милиони денари за реконструкција и поставување на нова атмосферска канализација.  „На барање на жителите на Драчево по 30 години за првпат ги решаваме истакнатите значајни проблеми со атмосферската канализација и постојното сообраќајно решение на ул. „Славка Динкова“. Ги слушаме нивните барања […]

Караванот  „Приказни од моето маало“ тргна од Струмица


Градската библиотека „Благој Јанков – Мучето“ во Струмица е точката од каде што во средата вчера започна серијалот „Приказни од моето маало“, во организација на штедливото и љубопитно слонче Халки. „Приказни од моето маало“ започнаа со едукативно-креативна работилница под менторство на авторот и илустратор за деца Ване Костуранов. Тој пред учениците од ООУ „Сандо Масев“ […]

Новинарските здруженија со писмо до државниот врв: „Не“ за медиумска корупција


Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) упатија писмо со реакција до Претседателот на Република Северна Македонија, до Претседателот и претставниците на Владата на С. Македонија, Претседателот Собранието на С. Македонија и координаторите на политичките партии. […]

Северна Македонија на списокот на „непријателски земји“ на Белорусија


Белоруската Влада одобри список на непријателски земји, а на Националниот правен интернет портал денеска е објавена и резолуцијата на Советот на министри за тоа, јави Интерфакс. Покрај земјите-членки на Европската унија, на листата се уште 12 земји – САД, Велика Британија, Австралија, Канада, Норвешка, Нов Зеланд, Албанија, Исланд, Северна Македонија, Лихтенштајн, Црна Гора и Швајцарија. […]