Русија тврди дека во Украина се убиени 79 македонски државјани


На фронтовите во Украина, од почетокот на руската воена инвазија, загинале 79 македонски државјани, се тврди во списокот на странските платеници кои се борат во Украина, што го објави руското министерство за одбрана.

Русите тврдат дека и 19 македонски државјани веќе ја напуштиле Украина , додека на боиштата се активни уште 39 лица.

Од европските земји, според руските извори, најмногу се присутни платеници од Полска – 1.831, пред Романија со 504 и Велика Британија со 422.