Хуманитарен настан за најмладите – „Среќно лето, весел распуст“ зад „Капитол мол“


Во пресрет на долгоочекуваното лето и на самиот почеток од летниот распуст, Општина Аеродром и „Capitol Mall“ организираат хуманитарен настан, на кој најмладите ќе можат низ забава да го одбележат успешниот крај на учебната година.

Настанот ќе се одржи во понеделник  (20.06.2022г.), со почеток во 18.45 часот, на плоштадот позади Трговскиот центар „Capitol Mall“, а предвидена е богата музичка и забавна програма во која ќе можат да уживаат дечињата, но и повозрасните.

Забавниот настан ќе биде отворен со детско магионичарско шоу на Кристиан Шопов, по што најмладите посетители ќе можат да уживаат во настапот и изведбите на познатите „Поточиња“. Потоа, свој настап ќе има популарниот Таско, како и Некст Тајм, кои ќе го затворат настанот со големо изненадување за сите посетители.

За присутните, предвидени се и голем број награди и изненадувања од Фудбалската федерација на Македонија, како и други партнери.

Настанот е од хуманитарен карактер, а сите посетители кои се во можност ќе имаат шанса да донираат средства кои потоа ќе бидат наменети за помош на оние на кои им е најпотребно.