(Фото/Видео) Локализиран пожарот во кругот на „Треска“, се утврдува како настанал


Пожарот во кругот на поранешната фабрика „Треска“ во центарот на Скопје е локализиран и речиси целосно изгаснат, благодарение на брзата реакција на надлежните, информира градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, кој излезе на терен, изврши увид и помагаше при гаснењето на пожарот. Противпожарната бригада, како што соопшти Општина Центар, го гаснеше пожарот со десет возила, […]

ФФМ ќе гради нов репрезентативен стадион во Општина Аеродром


Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за изградба на нов, репрезентативен стадион во рамки на „Куќа на фудбалот“ во Општина Аеродром, соопшти денеска ФФМ. „Наша обврска како Фудбалска федерација на Македонија е да придонесеме за напредок на фудбалот, а најдобар начин да го потврдиме тоа е преку изградба на стадион кој ќе биде обележје на […]

Нови 142 заразени со Ковид-19, починаа вкупно четворица


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.997 тестови, а регистрирани се 142 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 77, Битола – 22, Кавадарци, Гостивар и Струмица – по 5, Струга – 4, Велес, Охрид, Кичево, Ресен и Радовиш – по 3, Штип и […]

Закупени 70 – 80 отсто од капацитети во Охрид за празниците


Околу 70 – 80 отсто од туристичките капацитети во Охрид се веќе закупени за претстојните велигденски и првомајски празници, рече денеска директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски. Јаневски на прес-конференција соопшти дека се потпишуваат и аранжманите за летото. -Се надеваме дека со иницијативата „Отворен Балкан“ ќе ја воведеме долгоочекуваната […]

ОТА активирала нови 471 мерка за следење на комуникации


 Собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите на денешната седница едногласно без забелешки го усвои Годишниот извештај за работењето на Оперативно – техничката агенција (ОТА) за 2021 година, изјави за МИА директорот на ОТА Зоран Ангеловски. Во 2021 година има 471 ново активирање на мерката за следење на комуникациите. – […]

Кацарска ги повика пратениците да го почитуваат Уставот


 Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска денеска повтори дека состојбата во Судот е алармантна, затоа што веќе неколку месеци е доведено во прашање носењето на одлуки поради некомплетниот состав и им порача на пратениците да го почитуваат Уставот. – Сега веќе се работи за голем број предмети. Секако дека бројката преку 30 предмети и состојбата во Уставниот […]

Без прифатлив предлог, штрајкот во образование не може да прекине


Тежиме кон иста цел, но се движиме по различни патишта. И наша цел е штрајкот побргу да заврши и децата да се вратат во клупите и занималните, но треба да ни се вкрстат патиштата и да има прифатливо решение за штрајкот да прекине. Уверени сме дека го правиме вистинското во интерес на членството, одговори претседателот […]

Ќе се зачуваат дрвјата на улицата „Васко Карангелески“


  Дрворедот на улицата „Васко Карангелески“ ќе биде целосно зачуван, претходниот проект со реконструкцијата предвидувал сечење на дрворедот на потегот на целата улица. Со новиот проект ќе се зачува целото зеленило и ќе се посадат нови 30-тина дрвја, истакна во денешната изјава градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.   „Првичниот проект на улицата предвидуваше целосно […]

„Скопје 2014“ оживеа во Новаци, скулптурите со лавови вратени во дворот на општинската зграда


  БИТОЛА – Контроверзниот проект „Скопје 2014“ оживеа во пелагониската општина Новаци. Скулптурите со лавови деновиве пак се вратени во дворот на Општина Новаци покрај зелените површини. Власта во општина Новаци се смени на последните локални избори и сега е предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Во 2013, кога беа поставени овие скулптури, градоначалник на Новаци беше Лазе […]

Шаќири: Да ги вратиме учениците во училишните клупи, повисоки плати ќе има


Министерот за образование и наука Јетон Шаќири апелираше учениците да се вратат во училишните клупи, да не губат настава и најави дека денеска ќе испрати писмо до СОНК и неговото членство и изрази надеж дека ќе наиде на разбирање. -Да им озвоможиме на учениците на време да ја завршат учебната година и да ја почнат […]

Вработените во „Македонски пошти“ ќе добијат покачување на платите – штрајкот ќе биде прекинат


Откако вработените во „Македонски пошти“ денеска почнаа со штрајк за линеарно зголемување на платите од 3.000 денари, експресно се договорија ссо управниот одбор на акциоенрското друштво, па вработените во техничкиот процес може да очекуваат поголема плата од јули, а администрацијата од август.  – Денеска започнавме генерален штрајк во „Македонска пошта“, за реализација на барањата на […]

Сончево и топло утре, од недела дожд и опаѓање на температурите


Времето утре ќе биде сончево и топло. Во сабота ќе има зголемена облачност, а кон крајот на денот ќе има и локални врнежи од дожд. Под влијание на влажна и студена воздушна маса во недела и понеделник времето ќе биде облачно, ветровито и значително постудено со врнежи од дожд, а на планините и на некои […]

Од утре сообраќат сезонските линии на ЈСП 58 и 69


  Од утре, петок (15.04.2022 год) почнуваат да функционираат сезонските линии 58 (Транспортен центар – Јаболци, Нова Брезница) и 69 (Транспортен центар – Дивље, Катлановско Блаце, Кожле). Возниот ред е достапен на веб страницата. Согласно Одлуката за линиски превоз на патници во град Скопје, сезонските линии сообраќат од 15 април до 15 октомври.

Генерален штрајк во националната Пошта за повисоки плати


Генерален штрајк на вработените во националната Пошта со барање за линеарно покачување на нето платите во износ од 3 000 денари најавија за денеска  Синдикатот на Македонска пошта и Синдикалната организација на АД Пошта на Северна Македонија. Штрајкот ќе почне во 8 часот и ќе се одвива на работните места во главната Пошта и низ […]

Просечното домаќинство за 20 години намалено за половина член


Просечното домаќинство во државата во последните 20 години има загубено по половина член и бележи намалување од 3,6 членови во 2002 година, на 3,06 членови во 2021 година. Ова е тренд во сите општини освен во Чаир, Шуто Оризари и Чашка во кои има раст и во Сарај, Градско и Пехчево, каде има стагнација. Општина […]

Сè уште е рано за целосно олабавување на рестриктивните мерки, предложено укинување на Ковид-сертификатите при влез во земјава


Да се укине задолжителното поседување сертификат за вакцинација или прележаност на КОВИД-19 за влез во земјата, препорача вчера Комисијата за заразни болести. Засега останува сертификатот да важи за влез во затворен дел на угостителските објекти бидејќи Комисјата смета дека е потребно постепено олабавување на рестрикциите. Портпаролот на Комисијата за заразни болести д-р Злате Мехмедовиќ вчера […]

Сончево со слаб ветер од југозападен правец


Времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени. Во Скопје, сончево со слаб ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 22 […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 14 април 2022 година, 100-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 265 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 57 минути, а ќе зајде во 19 часот и 12 минути. Денов трае 13 часа и 15 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе изгрее […]

Да нема продолжување на учебната година бара СОНК


Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков изјави дека очекуваат до утре вечер, односно петок до 12 часот да имаат понуда за да можат да ја дистрибуираат понудата, да соберат повратни информации и евентуално Советот на СОНК да донесе одлука по тие информации и да бидат експедитивни, за да има […]