Сончево и многу топло, во четврток и петок ноќта со поројни дождови


Фото: Б. Грданоски

Во деновите што следат треба да очекуваме сончево и топло време со мала до умерена локална облачност.

Во попладневните и вечерните часови, наместа ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во следните денови следува период на топло време со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени.

Утре во попладневните и вечерните часови ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Во среда ќе настапи преодно стабилизирање, а во четврток и петок на повеќе места повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град.

Температурите на воздухот се движат од 30 до 38 степени целзиусови, во Скопје и околината до 35 степени.