Во последните три дена 180 ковид-позитивни, оздравени 153, починати нема


Фото: Б. Грданоски
 Во изминатите три дена се направени се 2.880 тестови, а регистрирани се 180 нови случаи на Ковид-19. Оздравени се 153, а починати нема, соопшти денеска Министерството за здравство.
 
Во Скопје се евидентирани 118 ковид-позитивни, Охрид 12, Кавадарци 8, Тетово 6, Битола и Струмица по 5, Штип и Неготино по 4, Прилеп и Кочани по 3, Куманово, Велес, Гостивар и Кичево по 2, Струга, Ресен, Радовиш и Делчево по 1.
 
Од вкупниот број на позитивни, 29 реинфекции.
 
Евидентирани се 153 оздравени пациенти од: Скопје – 70, Куманово – 20, Битола – 9, Охрид – 7, Велес – 6, Струмица, Штип и Дојран – по 5, Прилеп – 4, Струга, Свети Николе и Македонски Брод – по 3, Гостивар, Кичево и Ресен – по 2, Кавадарци, Тетово, Кочани, Виница, Кратово, Крушево и Демир Капија – по 1.
 
Во текот на изминатите 3 дена (од 24 до 26.06.2022) не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.
 
Направени се 2.880 тестови преку: ИЈЗ-170, ЦЈЗ Скопје-32, ЦЈЗ Битола-24, ЦЈЗ Прилеп-15, ЦЈЗ Тетово-12, ЦЈЗ Куманово-19, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–78, Жан Митрев (Филип Втори)-40, Авицена-29, Биотек-94, Систина-55, лабораторија Лаор-356, Синлаб-3, Ремедика-2, Плодност-16, Генеа-9, Никоб Лаб-516, ВФВ Медикал-14, Ели МедикаПлус-17, Ројал Медика–2, Спектра-ММ-3, Рапид Лаб–12, Жан Митрев Струмица–3, Нова Лаб Дијагностика–3, Рамус-12, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 1.344.
 
Досега во земјата се направени вкупно 2.078.512 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 313.540, бројот на оздравени пациенти е 303.648, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 570.