Тренчевска се сретна со штрајкувачите од ССМ, нуди системско решение за платите
Сојузот на синдикатите на Македонија денеска од 10 часот е на протест пред Министерството за труд и социјална политика (МТСП), каде ќе го изразат своето незадоволство од неисполнетото барање за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари.
Пред МТСП присутна е и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, која посочи дека ќе ги прими на средба. Министерката изјави дека целосно е на страната на работниците и дека ќе ги прими на средба за да се најде решение.

„Социјалбниот дијалог не е застанат и ќе продолжи понатаму. Верувам дека низ дијалог ќе дојдеме до решение. Она што на последната средба со Синдикатот, Владата го презентираше, е изработка на нов закон за платите во јавниот сектор, кој ќе направи систем на плати и нема да има вакви неправилности и непревди меѓу вработените во јавниот сектор. Вети завршување односно процесот на подготвока на новиот општ колективен договор е започнат и да го заокружиме и К-15 до крајот на 2022 година“, рече Тренчевска.
Таа појсани дека од Синдикатот ги прифатиле овие решенија, но бараат и дополнително ад хок репшение за зголемување на платите во јавниот сектор за 2.806 денари, за кое Тренчевска смета дека не е системско решение.

Денеска очекува да поразговара со претставниците на ССМ, а во следните денови, заедно со вицепремиерот Фатмир Битиќи да свикаат средба, на кој би можело да се најде некакво решение.
Претседателот на ССМ Дарко Димитров рече дека тие се спремни за системско решение, ако им се каже дека покачувањето во септември биде 18,4 отсто. Сепак, бараат зголемување од 2.806 денари, за да се амортизираат ценовните шокови.