Конечно објавени поддржаните културни проекти од Град Скопје


Град Скопје попладнево ја објави листата на поддржани проекти од културата за оваа година, по силните реакции во јавноста поради тоа што добитниците на парична помош од Градот беа држени во тајност. Одлуката конечно да го соопшти исходот од јавниот повик, што е и законска обврска, Градот ја донесе дури откако листата на проекти кои годинава […]

Неделков: Штрајкот ќе продолжи, немаме конкретно ветување за зголемување на платите


Штрајкот ќе продолжи и во наредните денови зашто немаме конкретно ветување дека зголемувањето на платите ќе биде во висина од некој процент. Со преговори ќе продолжиме и сме расположени во секое време да се сретнеме кога ќе побараат од нас, ќе бидеме достапни, изјави претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким […]

Нови 185 заразени, нема починати лица


Во последните 24 часа од направени 2.216 тестови регистрирани се 185 нови случаи на КОВИД-19 меѓу кои 28 се реинфекции и 124 оздравени пациенти, а не се регистрирани починати лица, информира Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Од новорегистрираните 114 случаи се од Скопје, од Битола – 29, Кавадарци – 9, […]

Ново зеленило од 3.700 метри квадратни кај булевар „Србија“ во Општина Аеродром


По налог на Градот Скопје, екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ започнаа со активности за хортикултурно уредување на нова зелена површина на булевар Србија, на потегот од булеварот „Февруарски поход“ до булевар „АСНОМ“ во Општина Аеродром, каде заврши изградбата на вело и пешачката патека во должина од 850 метри, на вкупна површина од 3.400 квадратни […]

Битиќи: СОНК да го прекине штрајкот и да се врати на преговори


Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска од Охрид го повика СОНК да го прекине штрајкот и да се врати на преговарачка маса, бидејќи децата ја плаќаат највисоката цена. Одговарајќи на новинарско прашање до каде се преговорите со СОНК, тој нагласи дека ништо не е променето со почетокот на […]

УНИЦЕФ: Децата не можат да си дозволат дополнителен прекин во наставата


Претставничка на УНИЦЕФ во земјава, Патриција ДиЏовани,  повика да се најде неопходен консензус за да се избегне дополнителен прекин во наставата и учењето на децата. Во допис до медиумите соопшти дека УНИЦЕФ го следи тековниот дијалог меѓу Владата и Синдикатот за образование, наука и култура и ги повикува сите вклучени страни брзо да најдат заедничко решение […]

(Видео) Изјава на Неделков од СОНК: Можно е учениците уште утре да се вратат во училиште


Теоретски е можно утре да продолжи учебната година за учениците, прекината со штрајкот на вработените во образованието. Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, денеска пред предбата во МОН, на која треба да донесат решение за барањата на вработените во образованието, односно зголемување на платите, рече дека се надева оти ќе имаат добар предлог од властите и […]

Инфективната клиника се затвора две недели заради дезинфекција


Инфективната клиника во Скопје ќе биде затворена две недели зашто поради огромниот број пациенти потребна е целосна дезинфекција на објектот, изјави директорката на оваа клиника, д-р Милена Стевановиќ. -Ќе се направи сериозно чистење, стерилизација, дезинфекјција на душеци, перници, медицинскиот мебел, се она што е простор, ѕидови и подови итн., ќе се направат и некои диполнителни […]

Предложено укинување на Ковид-сертификатите при влез во земјава


Комисијата за заразни болести денеска препорача да се укине задолжителното поседување сертификат за вакцинација или прележаност на КОВИД-19 за влез во земјава. Овие потврди ќе останат да важат за влез во угостителски објекти. За оваа обврска при влез во ресторани и барови не е препорачано да биде укината зашто Комисијата смета дека не е добро […]

СОНК поканет во МОН на преговори за платите


СОНК доби покана за продолжување на преговорите во 15 часот во просториите на Министертството за образивание и наука, соопшти на Фејсбук синдикалниот лидер Јаким Неделков. Самостојниот синдикат за образование, наука и култура од понеделникот организира генерален штрајк во училиштата и градинките поради тоа што со Владата не постигна договор за зголемување на платите во дејностите […]

Ковачевски се затрул со храна на Делфи форумот во Грција?


Премиерот Димитар Ковачевски, според информациите на „Слободен печат“, најверојатно се затрул на Делфи форумот  во Грција. Тој се вратил во Македонија во саботата доцна вечерта, а  веќе во неделата завршил на Инфективната клиника со симптоми на труење.  На патувањето присуствувала поголема делегација, а само Ковачевски имал симптоми на труење иако сите јаделе од истата храна, […]

Делегација на НАТО во посета на Министерството за одбрана


Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска оствари средба со помошник директорот за одбранбено планирање и политика на НАТО, Трент Мекбеин, кој го предводи тимот на НАТО за време на дводневните редовни билатерални разговори меѓу нашата земја и Алијансата во рамки на процесот на Пактот за одбранбено планирање, соопшти Министерството за одбрана. Министерката Петровска, во ова […]

Алкалоид даруваше Бекутан мултивитамински сирупи во сите градинки во Карпош


Алкалоид АД Скопје донираше 2167 производи Бекутан КИДС ВИТС – МУЛТИВИТАМИНИ сирупи наменети за деца на возраст над една година во сите градинки на територија на Општина Карпош. Производите ќе бидат понудени и поделени исклучиво на родителите на децата. Донацијата е реализирана од страна на Секторот за дејности од јавен интерес при Општина Карпош по […]

Општина Центар затвори градилиште на Водно – место објект од 11 метри изградил зграда од 20 метри


Секторот за инспекциски работи на Општина Центар затвори градилиште на Водно, односно на улицата „Христо Чернопеев“ бб. Овластен градежен инспектор доднесе решение со кое се наредува на инвеститорот, физичко лице со живеалиште во Струга, во законски предвидениот рок да прекине со сите градежни активности и да ја отстрани градбата. Се работи за објект од втора […]

Вучиќ со остар напад кон Ѓукановиќ и Курти за ширење „соголена омраза кон Србија и Србите“


 Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ги обвини црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ и косовскиот премиер Албин Курти дека шират „соголена омраза кон Србите и Србија“ и дека имаат најизразена улога во кампањата на лаги против официјален Белград, јави дописникот на МИА од Белград. Вучиќ во обраќањето преку порталот на дневниот весник Информер кажа дека кампањата за […]

Во завршна фаза пречистителната станица во Илинден


Општина Илинден интензивно работи на изградбата на пречистителната станица во населба Илинден со капацитет за над 300 домаќинства, кои ќе бидат приклучени на фекална канализација. Покрај домаќинствата кон пречистителната станица ќе се поврзат и стопанските субјекти од локалната економска зона Ограѓа, како и новото основно училиште. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска направи увид […]

Отворен компјутерски центар на Клиниката за пулмологија и алергологија во Скопје


 На Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија во Скопје денеска е отворен компјутерски центар, односно оддел за компјутеризирана томографија. – Со овој нов апарат Филипс Инсајзив којшто има висококвалитетна рентгенска цевка што работи со ниска енергетска моќ се овозможува јонизирачкото зрачење на самите пациенти и на персоналот да се намали за 80 проценти. Овозможува брзо […]

МОН подготвен да пренамени дел од својот буџет за зголемување на платите што го бара СОНК


Како министер за образование и наука подготвен сум да направам отстапки од повеќе инвестициски и други активности кои се дефинирани во програмата за работа на МОН за оваа календарска година, а кои предизвикуваат фискални импликации, се’ со цел да се обезбедат повеќе средства со кои ќе се доближиме до процентот на покачување на платите на […]

Сали: Се чека извештај од судска медицина за случајот со ракометарот Тот 


Извештајот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) за случајот со хрватскиот ракометар Денис Тот е доставен во мојата канцеларија, сега чекаме извештај од судска медицина. По комплетирање на сите документи ќе се формира комисија ако има потреба и ако има сомнеж за некој детаљ, па потоа ќе дадам дефинитивна изјава, истакна денеска министерот за […]

Сопственикот на кафе барот „Хепи“ без дозвола си поставувал маси и столици во пешачка зона


Откако „Независен“ објави дека на малиот зелен простор пред кафе барот „Хепи“ некој поставува метални столици и маси со кои го узурпира пешачкиот простор, инспектори од Општина Аеродром вчера излегле на терен и констатирале дека сопственикот на кафе барот решил самоиницијативно да се прошири  буквално на улица, и што е навјажно, за тоа немал никаква […]