(Галерија) Многубројни учесници на Парадата на гордоста во Скопје
Непоимливо е во 21 век сè уште да сме сведоци на дискриминација само затоа што некој го живее животот според сопствена определба – сите ние сме луѓе и плаќаме еднакви даноци и имаме еднакви обврски, ред е да уживаме и еднакви прави во ова општество, порачаа учесниците на Парадата на гордоста денеска во Скопје.


Третата парада на гордоста беше проследена со традиционално делифе низ улиците во Скопје под мотото „Излези за љубов! Достоинство. Еднаквост. Правда“. Маршот заврши со културно-забавна програма на стадионот на АРМ во Градскиот парк.



Потребна е силна институционална заштита и брза реакција против секој облик на насилство, но и образовен систем што нема да не учи да се мразиме и срамиме од самите себе, беше порачано од годинашниов „Скопје прајд“.



Со свое присуство поддршка на Скопје прајд 2022 дадоа и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, американската амбадорка во Скопје, Кејт Мари Брнз и други јавни личности.



На социјалните мрежи пораки за поддршка упатија претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски.



Парадата на гордоста во Скопје се одржува во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.
(Фото: Б. Грданоски)