ССМ го блокираше влезот во Скопје, бараат линеарно зголемување на платите


Фото: Б. Грданоски

Синдикалците продолжуваат со притисокот врз властите за исполнување на нивните барања за линеарно зголемување на платите и враќање на регресот, со блокада на крстосницата во Автокоманда, на влез во Скопје, а се пропуштаат возила на итната медицинска помош, полицијата, армијата и пожарната.

„Денеска ССМ во знак на револт е тука на крстосницата кај Земјоделскиот факултат во Автокоманда, кадешто покажува дека одлучно стои на неговите барања кои во моментов се неопходни, а потоа и солидарни. Зборувам 2.806 денари веднаш од 1 јули и вражање на регресот изгубеното право од дамнина, во јавниот сектор, од 30 до 100 проценти од просечната плата“, рече претседателот на ССМ Дарко Димовски.

Димовси се извини на сите граѓани што блокиран е сообраќајот за влез во Скопје, но тоа е неопходно според него, затоа што денеска се најавува ниова цена на струјата, ценовните шокови по продавниците се исти, енергетска криза, нафтена криза.

Тој вели дека македонскиот работник не може да ги издржи овие ценовни шокови и енергетски кризи.

Упати апел до централната и до локалната власт да го прифатат ова барање, линеарно, солидарно зголемување на платите.

ССМ веќе неколку дена организира протести, најпрво пред Собранието, потоа пред Владата и пред Министерството за финансии. Вработените во јавниот сектор се насвоите работни места, но не ги извршуваат работни задачи, освен 10 проценти од вработените кои ќе бидат на располагање за потребите на граѓаните.