Почна обележувањето со ладна пластика на пешачките премини на сообраќајниците во Автокоманда


Во рамките на ноќното обележување на хоризонталната сигнализација ЈП „Улици и патишта“ Скопје започна и обележувањето на пешачките премини со ладна пластика на улиците и булеварите во населба Автокоманда.

Екипите изминативе денови ги обележаа пешачките премини на булеварот Александар Македонски на пешачкиот премин кај бензиската станица „Макпетрол“ и започнаа со бележење и на крстосницата булеварот „Александар Македонски“ со улица „16-та Македонска Бригада“.

Обележувањето на пешачките премини со ладна пластика ќе продолжи во текот на вечерните часови на истата крстосница, а бидејќи техниката за нанесување на бојата се изведува рачно и е поспецифична за разлика од обичната боја потребно е повеќе време за изведба. Употребата на ладната пластика на пешачките премини е поквалитетна и се нанесува во подебел слој и гарантира поголема трајност на бојата.

По налог на Град Скопје и секторот за сообраќај предвидено е со ваков квалитет на боја да бидат обележани улиците во Мал и Голем ринг, но моментално оваа боја да се користи при обележување на најфрекфентните сообраќајници т.н црни точки во градот.