„Градски паркинг“ се пресели во просториите на Рударскиот институт


  Новите работни простории на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, беа отворени денеска во Рударскиот институт во Општина Аеродром, а надлежните сметаат дека граѓаните ќе имаат подобра услуга и побрз сервис за паркинг услугите во градот Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, директорот на ЈП „Градски паркинг“, Бојан Христовски и градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо […]

Зибери за штрајкот: При судир на две права, предност имаат правата на децата


Од почетокот на генералниот штрајк на 11 април, Народниот правобранител досега примил четири до пет претставки – сите поплаки од родители зошто не се во можност децата да ги пратат во училиште, особено за сместување во градинките. Народниот правобранител Насер Зибер соопшти дека сите претставки се поплаки зошто нема настава, но нема претставки за попречување […]

Обука на судии кои ќе го вршат оценувањето при селекција и бодување на кандидатите на огласите на Судскиот совет


Имплементацијата на Методологијата за квалитативно оценување на судиите и на претседателите на судовите продолжи со обука на судии кои се членови на комисиите формирани од Судскиот совет. Во соработка со Центарот за правни истражувања и анализи денеска во Скопје се обучуваат судии од Врховниот суд, судии од апелациските судови, како и судии од Вишиот управен […]

Зибери повикува да почне образовниот процес, а да се зачува дигнитетот на наставниците


До Народниот правобранител пристигнати се 4-5 претставки од родители кои бараат да се преземат сите мерки наставниот процес да продолжи, по прекинот заради штрајкот на образованието во организација на СОНК.  Народниот правобранител Насер Зибери појасни дека претставките почнуваат со тоа, дека родителите ги поддржуваат наставниците во нивните барања, но сепак да се најде начин да […]

Герасимовски: Многу барања стигнуваат за локацијата „Треска“


Горан Герасимовски, градоначалникот на Центар, во емисијата „Утрински брифинг“ рече дека во општината се сумираат разните типови на барања за дозволи кои изминатиот период пристигнуваат, по пожарот во кругот на поранешната фаврика „Треска“ која се наоѓа на атрактивна локација. – Таму во моментов има постоечки ДУП со голем број на парцели. Досега немаме дадено ниту […]

Тренчевска: СОНК бара само пари, а не унапредување на правата на вработените


Очигледно дека на СОНК само парите им се важни. Не зборуваат за унапредување на правата на вработените, за условите за работа, кариерен развој и т.н. Ние за ова разговараме и наскоро ќе има закон. Но, на средбите со синдикатот единствено за што се зборуваше беше усогласувањето на платите со минималната плата, истакна министерката за труд […]

Ќе дојде латвискиот претседател, три дена Скопје под сообраќаен режим


Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во периодот од 20.04.2022 до 23.04.2022 година, поради официјална посета на претседателот на Република Латвија, Егилс Левитс, на нашата држава, МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје. За таа цел, СВР Скопје апелира до сите граѓани […]

Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крушево


Утрово до 8:30 часот минимални -7 степени се измерени на Попова Шапка, а максимални четири во Скопје – Зајчев Рид, Скопје – Петровец и Гевгелија. Според УХМР, -3 е во Маврови Анови, -2 во Крушево и Берово, 0 во Крива Паланка и Претор, еден во Струмица и Виница, два во Битола, Прилеп, Охрид, Штип и […]

Петрески: Просветарите заслужуваат повисока плата – нивниот влог е во иднината на оваа држава


Универзитетскиот професор Марјан Петрески во емисијата 24 анализа смета дека секој заслужува да има повисок животен стандард и тој се гледа преку платата. – Просветарите заслужуваат повисока плата зошто нивниот влог е во иднината на оваа држава. Вложувањата треба да ги направиме сега преку образовниот систем за да имаме ефект по одредено време. Пред да […]

Статуа на Ленин повторно во Хеническ, украински град близу Крим – окупиран од Русите


Статуа на поранешниот Советски лидер, Владимир Ленин, повторно е поставена во украинскиот град Хеническ, окупиран од Русија. Информацијата е потврдена од фотографии, објавени на социјалните мрежи, а Си-Ен-Ен ја утврди нивната веродостојност. Речиси седум години поминаа откако статуа од Ленин се отстрани, како дел од напорите за „декомунизација“. На фотографиите објавени на Фејсбук, може да […]

Денеска е Велики вторник


На Велики Вторник верниците си спомнуваат за настаните што се случиле на тој ден. Црквата определила на богослуженијата во овој ден да се читаат текстовите од Светото евангелие што ги опишуваат настаните од Христово време што се случиле токму на Велики Вторник. На овој ден, Господ Исус Христос изрекол многу поуки и параболи, меѓу кои […]

Државно првенство на бармени


Во организација на Здружението на бармени на Македонија денеска во Скопје ќе се одржи 13-то Државно првенство на бармени. Натпреварот ќе се одвива во ресторанот Фор при што квалификациите започнуваат во 11.30 часот а финалето е предвидено за во 16.30. -Истиот ден ќе се одржи и финалето на првиот Giffard Bartender Cup кај нас. Победниците […]

Променливо облачно со подолги сончеви периоди


Времето денеска ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. Претежно во планинските подрачја ќе има повремен слаб дожд. Ќе дува слаб јужен, а во западните делови умерен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 3, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени. Во Скопје променливо облачно со сончеви […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 19 април 2022 година, 105-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 260 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 49 минути, а ќе зајде во 19 часот и 17 минути. Денов трае 13 часа и 28 минути. Месечината, која е во фаза на полна Месечина, ќе изгрее […]

Заврши увидот во „Треска“, пожарот не предизвикал штети по здравјето на граѓаните


Пожарот во „Треска“ не предизвикал сериозна загаденост на воздухот. Тоа го потврдуваат информациите од околните мерни станици кои во периодот од 13-ти април, ден пред настанувањето на пожарот, до денеска, не покажуваат надминување на параметрите за загаденост на воздухот, истакна градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, по денешниот состанок на „Штабот за заштита и спасување“ […]

Две третини од младите сакаат да се иселат, потребни се политики за решавање на нивните проблеми


Населението старее, а две третини од младите сакаат да се иселат од државата и доколку им се пружи приликата би го сториле тоа, затоа е потребна итна акција од страна на законодавната и извршната власт и политики кои ги решаваат проблемите на младите, но и политики кои доследно ќе се спроведуваат, беа дел од заклучоците […]

МОН ги повикуваат наставниците кои не се согласуваат со одлуката на СОНК, да држат часови


Образованието на младите е најважно и обезбедувањето на континуитет и квалитет на воспитно – образовниот процес секогаш треба да биде највисок приоритет при делувањето и одлучувањето на сите општествено чинители и субјекти кои учествуваат во организирањето на овој процес. Се работи за наша заедничка законска, етичка и морална должност и имаме обврска истата да ја […]

Дебарското јагне речиси распродадено, цената за викендов достигнала 190 денари


Околу 90 отсто од дебарските јагниња годинава ќе завршат на италијанскиот пазар. Досега се извезени вкупно 15 000 што е 70 отсто од вкупниот фонд во Дебар и Центар Жупа. Дел од пласманот е реализиран и во Хравстка, а нешто е продадено и во Грција и Бугарија,  вели за МИА претседателот на здружението на сточари […]

Регистрирани 18 нови случаи со Ковид-19, починат еден пациент од крајот на март


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени¸ се 684 тестови, а се регистрирани 18 нови случаи со КовидД-19 и 231 оздравен пациент. Не се регистрирани починати лица, соопшти Министерството за здравство. Од 18-те нови случаи, 16 се од Скопје, а два од Битола. Кај едно лице од вкупно 18 позитивни, […]