Понеделник и петок неработни денови


Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 22 април 2022 година (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија. Исто така, понеделник, вториот ден на Велигден неработен за сите граѓани. […]

Азески и Хисарчиклиоглу во Анкара договорија неколку долгорочни заеднички активности


Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески на работна средба во Анкара со претседателот на Унијата на турските комори и стокови берзи (ТОББ) Рифад Хисарчиклиоглу договори неколку долгорочни заеднички активности. Договорено е Комората да добие две канцеларии во турското претставништво во Брисел со целокупна логистичка поддршка за непречено функционирање, двајца вработени во Стопанската комора […]

Денеска е Велика среда


На Велика Среда се одбележуваат три значајни настани: Последното претсмртно помазание на Господа, Заговорот на јудејците за да го убијат и Јудиното предавство на Христа за триесет сребреници.   И на Велика Среда се читаат библиските текстови кои се во контекст со претходните денови и во врска со настаните од денот (на Утрената: Јован 12,17-50; на Литургијата: […]

Велигденско послание на г.г. Стефан : Патот кон обновувањето на нашата падната човечка природа почнува со покајанието


Да Му благодариме на Бога, Кој ни дарува победа преку нашиот Господ Исус Христос1. Возљубени празникољупци, Денес торжествуваме и празнично Го величаме Христа воскреснатиот, Кој ја уништи смртта и го порази адот, Кој умрените ги ослободи и стана почеток – првороден меѓу мртвите2. Бог, Кој стана човек и зеде врз Себе сè човечко, освен гревот3, […]

Укинати ковид мерките за влез во земјава


Престанува да важи обврската на домашните и странските државјани кои влегуваат во земјава задолжително да приложат сертификат за извршена вакцинација, сертификат за прележан КОВИД-19 во последните 180 дена, медицинска потврда за негативен ПЦР тест направен 72 часа пред влезот во државава или негативен брз антиген тест направен 48 часа пред влезот во земјата. Одлуката вчера […]

АХВ домаќин на Форумот на директори на ветеринарните служби од земјите од Западен Балкан


Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска и утре ќе биде домаќин и претседавач со вториот Форум на директори на ветеринарните служби од земјите од Западен Балкан зa комуникација и соработка што ќе се одржи во Охрид. Форумот е под покровителство на регионалниот проект „Регионална акција на ЕУ за искоренување на болести кај животните во […]

Облачно со повремени врнежи од дожд, температура до 17 степени


Времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено во северните делови. Во западните делови ќе дува повремено силен ветер (над 60 км/час) од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени. Во Скопје, времето ќе биде претежно облачно со […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 20 април 2022 година, 106-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 259 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 48 минути, а ќе зајде во 19 часот и 18 минути. Денов трае 13 часа и 30 минути. Месечината, која е во фаза на полна Месечина, нема да […]

СОНК утре ќе ги разгледа заклучоците на Владата и ќе се произнесе по нив, штрајкот продолжува


Самостојниот синдикат на образованието, науката и културата (СОНК) очекува да ги добие денешните заклучоци на Владата во врска со генералниот штрајк на вработените во детските градинки, основните и средни училишта, по што ќе ги разгледа и ќе се произнесе по нив. Дотогаш, велат од СОНК, штрајкот на вработените во образованието и градинките продолжува.   – […]

Магдалена Филиповска-Грашкоска в.д. директор на ФЗО, Даниела Рендевска в.д. претседател на Инспекцискиот совет


Владата на денешната 40.седница го разреши Стево Крстевски од должноста директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, а за вршител на должноста директор на ФЗОРСМ ја именува Магдалена Филиповска – Грашкоска, која е разрешена од должноста претседател на Инспекцискиот совет. Од владината служба за информирање соопштија дека за в.д. претседател на Инспекцискиот […]

Владата бара Надзорниот одбор да го разреши Макрадули од директорската функција на АД „Пошта“


Владата на денешната седница побарала од Надзорниот одбор на Акционерско друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ да го отповика Јани Макрадули од должноста претседател на Управниот одбор и генерален директор на „Пошта“. -На денешната седница Владата одлучуваше и по решенијата на Комисијата за кадровски прашања и заклучи да му препорача на Надзорниот одбор […]

МВР поднесе кривична пријава против седум лица поради бесправно градење во Свети Николе


 Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против седум лица поради сомнение дека сториле кривично дело „бесправно градење“. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека пријава е поднесена против правно лице од Свети Николе, В.Б.(42) од Свети Николе, Д.С.(69), К.С.(40) и Ј.Т.(69), тројцата од Скопје и В.Г.(53), Д.Ј.(53) и Б.С.(65), тројцата од […]

Владата бара писмено објаснување од СОНК врз основа на кој правен акт е прекината наставата


Владата ја разгледа и усвои информацијата за состојбите во основните и средните училишта предизвикана од штрајкот на вработените, а согласно одлуката на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК). Притоа, Владата ги задолжи министерствата за образование и наука,  за труд и социјална политика и за финансии со ребалансот на Буџетот да предвидат средства за покачување […]

Собранието усвои повеќе закони, одби два предлога на Левица


Собранието денеска донесе повеќе закони од различни области. Со 79 гласа „за“, без воздржани и без ниту еден глас против, Собранието ја донесе Предлог-одлуката за давање согласност на општиoт акт на Народниот правобранител. Собранието ги донесе и Законот за инспекциски надзор во животната средина и Законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, и […]

Владата не попушта, нема договор за штрајкот во образованието


Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков потврди дека денеска разговарал телефонски со министерот за образование и наука Јетон Шаќири, но немало конкретен договор што би довело до прекин на штрајкот во училиштата и градинките и нов процент на покачување на платите од веќе понудените 10 отсто. -За жал не. […]

Укинати сите ковид сертификати за влез во Македонија


Владата на денешната седница ја усвои препораката на Комисијата за заразни болести за укинување на обврската за поседување сертификат за вакцинација или за прележан Ковид-19, коко и за негативни ПЦР и антиген тестови за сите домашни и странски државјани при влез во нашата држава. За оваа одлука денеска со објава на својот фејсбук-профил информира првиот заменик на […]

Ќе се отстрануваат хаварисаните возила во Аеродром


Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски и директорот на ЈП „Градски паркинг“ Бојан Христовски денеска потпишаа договор за поделба и утврдување на меѓусебните надлежности со што значително ќе се олесни начинот за остранување хаварисани возила и возила паркирани на плочници и зелени површини. Со овој договор, комуналните инспектори од Општина Аеродром добиваат овластување да побараат […]

Уште 133 новозаразени со Ковид-19, почина еден пациент


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.833 тестови, а регистрирани се 133 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 78, Битола – 16, Велес – 14, Тетово – 6, Прилеп и Охрид – по 3, Кавадарци, Струмица и Берово – по 2, Куманово, Гостивар, […]

Нема повеќе бесплатен паркинг за функционери


Функционерите повеќе нема да може да го злоупотребуваат ЈП „Градски паркинг“ и бесплатно да ги паркираат своите возила во гарашите и паркинг-местата со кои управува претпријатието.   Ова го најави градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која денеска заедно со  директорот на ЈП „Градски паркинг“, Бојан Христовски и градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски  ги отворија […]

Продолжуваат „пинг понг“ обвинувањата за „Трансмет“


Арафат Муареми, актуелен директор на Управата за финансиска полицијата (УФП), ги демантира тврдењата кои се раширија во јавноста дека премиерот Димитар Ковачевски од него побарал да си поднесе оставка. Првиот човек на УФП вели дека не се вистините шпекулациите на одредени портали кои објавиле дека тој не е достапен и дека наводно бил во бегство. – […]