Конференција „Отворено за корупцијата во спортот – со фокус на мерката ваучери“
Во Струмица денеска ќе се одржи конференција на тема „Отворено за корупцијата во спортот – со фокус на мерката ваучери“, во организација на кабинетот на вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска во соработка со Канцеларијата на Обединетите нации за борба против дрога и криминал (UNODC).
На конференцијата, покрај Грковска, обраќања ќе имаат и евроамбасадорот Дејвид Гир, министерот за правда Никола Тупанчески, градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов, директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски, како и Бил Вуд, шеф на Канцеларијата на Обединетите нации за борба против дрога и криминал (UNODC).
На сесијата ќе учествуваат и истакнати спортски работници, соопшти кабинетот на Грковска.