Невреме го зафати Скопје – силен ветер, дожд и паднати дрвја


Силно невреме го зафати Скопје попладнево, во неколку делови од главниот град.

Невремето е проследено со силен ветер, дожд и наместа  град. Информациите од терен говорат и за паднати дрвја и неколку оштетени автомобили.

Се очекуваат повеќе информации од надлежните институции.