Без вода населбата 11 Октомври


Без вода денеска ќе бидат корисниците од населбата 11 Октомври (бараки). Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот во водоснабдувањето е поради реконструкција на водоводна мрежа ф-1“ на улица „Лазар Димитров“ бб. 

Македонија по корупција во групата со Етиопија и Колумбија – не сакате таму да припаѓате


Во следните три години во осум општини од секој регион во државата Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ќе го реализира проектот „Заштита од корупцијата”. Претседателот на ЦГК, Герман Филков, истакна дека во овој проектот ќе бидат опфатени не само општините како институции, туку и институциите кои спаѓаат под нивни ингеренции. Целта на проектот според него е намалување на […]

Брзи антигенски наместо ПЦР-тестови за Ковид-19 при дијагностички процедури


Стабилна е состојбата со КОВИД-19 во земјава, има намалување на дневната инциденца и сметаме дека нема потреба од дополнителни интервенции коишто би требало да направат одредени измени во начинот на кој се контролира трансмисијата на вирусот, изјави д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести по денешниот состанок. Комисијата на состанокот денеска одлучила да […]

Мехмедовиќ: Го подготвуваме здравствениот систем за мајмунски сипаници


Комисијата е загрижена од ширењето на вирусот на мајмунски сипаници и од појавените случаи надвор од ендемичните басени во централна и западна Африка.  Состојбата внимателно се следи, но не треба да има паника зашто оваа епидемија, од која во светот има стотина случаи, не е идентична и пропорционална со сѐ уште актуелната пандемијата со Ковид-19, […]

Само 35 новозаразени со Ковид-19


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 665 тестови, а регистрирани се 32 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 28, Битола, Куманово, Прилеп и Велес – по 1. Од вкупниот број на позитивни (32), регистрирани се 3 реинфекции. Регистрирани сe 12 оздравени пациенти од: […]

Пендаровски разговараше со српскиот патријарх Порфириј


Претседателот Стево Пендаровски оствари телефонски разговор со поглаварот на Српската православна црква, патријархот г. г. Порфириј, по повод донесената одлука од соборот на Српската православна црква за прифаќање на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Во разговорот, претседателот му се заблагодари на патријархот за одлуката, оценувајќи ја како можност за градење нови релации меѓу македонската и […]

Пендаровски телефонски разговарал со српскиот патријарх Порфириј


Претседателот Стево Пендаровски оствари телефонски разговор со поглаварот на Српската православна црква, патријархот г. г. Порфириј, по повод донесената одлука од Соборот на Српската православна црква за прифаќање на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, соопшти неговиот кабинет. Во разговорот, претседателот му се заблагодарил на патријархот за одлуката, оценувајќи ја како можност за градење нови релации […]

Тренчевска: Проблемот со насилството врз жените се решава координирано меѓу надлежните институции и граѓанскиот сектор


 Насилството врз жените повеќе не е семеен или приватен проблем, туку е општествен. Нема да се толерира и со сите можни средства ќе се спротивставиме на кој било облик на насилство врз жените, вклучително и семејното насилство. За овој проблем не треба да молчиме и да го игнорираме, туку сите заедно и координирано, со заедничка […]

Со транспаренти во Собранието против Талат Џафери


Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска со изложени транспаренти во прес салата на Законодавниот дом побара оставка од претседателот на Собранието, Талат Џафери, по објавената аудиоснимка  за која се тврди дека се слуша гласот на спикерот како ги пцуе и навредува вработените од службите. Поглај главниот транспарент, имаше и помали на кои беа испишани и останатите […]

Ќучук: Дискутабилно е дали билатералните прашања спаѓаат во преговарачката рамка


„Прашањето дали билатералните прашања  спаѓаат во преговарачката рамка е дискутабилно и  оваа дилема ги одбележа билатералните односи меѓу многу земји кои сега се дел од ЕУ“, оцени во интервју за БНР, Илхан Ќучук,  известувач за  Македонија во ЕП. Според него, ова не се однесува само за спорот на Бугарија со нашата држава. „Бугарија нема зошто […]

Од утринава повторно протести во Ереван, опозицијата бара оставка од Пашинијан


Утринава околу 8 часот по локално време на улиците на Ереван повторно излегоа колони опозициските активисти, упатувајќи се кон зградите на парламентот и претседателската канцеларија, јавуваат руските  медиуми. Опозициската колона е придружена од автомобили со музика од разглас, но и од полицијата која обезбедува коридор за демонстрантите. Демонстрантите повторно бараат оставка од ерменскиот премиер Никола […]

Вартоломеј: Историски момент е отстранувањето на повеќедецениската шизма


  Историски момент е што шизмата која траеше речиси шест децении, по иницијатива на Вселенската патријаршија, заврши, беше отстранета и влегуваме во нов период, рече вселенскиот патријарх Вартоломеј во синоќешното интервју за грчката телевизија ЕРТ и изрази задоволство од последните случувања во црковното прашање, јави дописничката на МИА од Атина. Вартоломеј објасни дека уште пред […]

Сончево и многу топло, попладне во источните делови дожд, грмежи и ветер


Времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне, претежно во источните делови, ќе има изолиран развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ индексот ќе биде 8. Утринските температури ќе се движат од 9 до 15 степени, а дневните од 26 до 34 […]

Реакции во Србија по одобрувањето од СПЦ на афтокефалноста на МПЦ-ОА


Веста за заедничката литургија на МПЦ-ОА и СПЦ во Соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје за одобрувањето и благослов на српскиот патријарх Порфириј за афтокефалност на МПЦ-ОА е објавена и на официјалниот сајт на СПЦ, а се најде и во ударните наслови во сите српски медиуми, јави дописникот на МИА од Белград. На официјалниот […]

Како изгледаше заедничката литургија на МПЦ -ОА и СПЦ во Соборниот храм (Галерија)


Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан денеска на заедничка литургија на МПЦ-ОА и СПЦ во соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје рече дека нашето благодарствено писмо и нашата молба за сослужение е прифатена и на роденденот на Црквата, на Педесетница, ќе сослужуваме во храмот на Вселенската патријаршија во Фанар. – Еве, и во навечерието […]

Битола: Општинскиот ревизор открил незаконско трошење во училиштата


  БИТОЛА – Сериозни забелешки во однос на трошењето на јавните пари во делот на јавните набавки констатирал општинскиот ревизор во дел од битолските училишта. Директорите поставени од СДСМ велат дека новата локална власт училиштата ги претвори во судници. По смената на локалната власт во Битола, општината прати внатрешен ревизор со цел да ја констатира […]

Патријархот Порфириј соопшти дека СПЦ ја прифатила автокефалноста на МПЦ-ОА


  Патријархот Порфириј на заедничката литургија во Соборниот храм во Скопје упати Томос за афтокефалност во Вселенската патријаршија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. „Благодарение на вашите молитви воспоставивме единство, а сега браќа и сестри ви носиме уште една радост – Светиот архиерејски собор на Српската православна црква едногласно во пресрет на барањето на […]

Ковачевски до МПЦ-ОА: Со особена грижа и верност ги чуваме заветите на Светите Кирил и Методиј


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, испрати телеграма со честитки до Македонската православна црква – Охридска архиепископија. -Ваше Блаженство, Архиепископ охридски и македонски г.г. Стефан. Во мое лично име и во името на Владата на Република Северна Македонија, Вам, […]

(Видео + фото) Заедничка литургија на МПЦ-ОА и СПЦ во соборниот храм „Св. Климент Охридски” во Скопје


Во соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје се одржа божествена литургија со која чиноначалствуваше поглаварот на МПЦ-OА г.г. Стефан и српскиот патријарх г.г. Порфириј. Во храмот освен митрополити на МПЦ-OA  беа присутни се и четворица митрополити на СПЦ. Литургијата следете ја на следниот ЛИНК.   Покрај големиот број верници од различни возрасти има и претставници […]

Заедничка литургија на МПЦ-ОА и СПЦ во соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје


На Денот на сесловенските просветители свети Кирил и Методиј, денеска во соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, ќе се одржи литургијата, со која ќе чиноначалствуваат поглаварите на МПЦ-ОА и СПЦ, архиепископот охридски и македонски Стефан и патријархот српски Порфириј. Литургијата, која ќе почне во 9 часот, ќе биде отворена за верниците. Заедничкото сослужување на […]