Ден на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј


Денеска се одбележува  Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, кои се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи. Поради нивните заслуги за христијанството Светата црква ги прогласила за рамни на апостолите.   Иако имаат и посебни празници на денот на нивното упокојување, тие […]

Претпладне сончево и топло, попладне со локален пороен дожд и грмежи


Времето денеска претпладне ќе биде сончево и доста топло со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец, а попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 32 степени. УВ индексот ќе биде 8. Во Скопје сончево […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 24 мај 2022 година, 140-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 225 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 6 минути, а ќе зајде во 19 часот и 54 минути. Денов трае 14 часа и 48 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее […]

Тројца македонски планинари го искачија врвот Брајтхорн Зермат на швајцарските Алпи


Двајца планинари од Кавадарци и еден од Неготино, денеска го искачија врвот Брајтхорн Зермат на швајцарските Алпи, што се наоѓа на надморска височина од 4.164 метри.     Станува збор за кавадарчаните Гоце Попов и Весна Чемерска, членови на планинарското друштво „Орле” и неготинецот Пере Самандов.       – Немаше никакви проблеми. Планинаревме пет […]

Разрешен директорот на струмичкото училиште во кое наставник е обвинет за полов напад врз дете


Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов го разреши директорот на училиштето од Струмица од кое наставник е осомничен за полов напад врз дете, а Основниот суд во Струмица на барање на ОЈО Струмица му одреди мерка притвор на наставникот во траење од 30 денови. Костадинов ја објави одлуката на својот Фејсбук-профил каде напиша дека е згрозен […]

Заврши Соборот на СПЦ со кој МПЦ-ОА воспостави евхаристичко единство со православниот свет


Во Белград заврши редовниот мајски Собор на Српската православна црква, на кој на МПЦ-ОА и беше потврден статусот на најширока можна автономија, односно целосна внатрешна независност, доделен во 1959 година, по што беше одржана заедничка литургија на владици на СПЦ и МПЦ-ОА, со што се воспостави литургиско и канонско општење на двете сестрински цркви, јави […]

Од традиционална храна до еколошки акции- презентирана туристичката понуда на „Галичица“


Туристички вршители на дејност на територија на националниот парк „Галичица“ денеска ги промовираат своите производи и активности во рамки на отворениот ден на установата што се одржува под мотото „Национален парк Галичица и пријателите поблиску до вас“. Целта на настанот, според  соработникот за еколошка едукација Ангела Тасеска, е промоција на сите туристички вршители на дејност […]

АМСМ: Во прекин сообраќајот на „Јадранска магистрала“ и на патот Охрид-Ресен


Поради одрон на камења на коловозот на „Јадранска Магистрала“ после првиот тунел, сообраќајот е во прекин во двата правца. Како што информираат од Автомото сојузот на Македонија, сообраќајот е во прекин од 14:04 часот. Поради сообраќајна несреќа, од 13:40 часот во прекин во двата правца е и сообраќајот на патниот правец А3 Охрид-Ресен.

Поради заедничката литургија затворени повеќе улици во Скопје


Во вторник, поради официјална посета на делегација на Српската православна црква, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Град Скопје, при што за сообраќај ќе бидат затворени бул. „Партизански одреди” од крстосница со ул. „Аминта Трети” до крстосница […]

Изминатите три дена 151 нов случај со Ковид-19 и 184 оздравени пациенти


 Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните три дена (од 20 мај до 22 мај) направени се 2.780 тестови, а регистрирани се 151 нов случај со Ковид-19 и 184 оздравени пациенти. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“, во истиот период нема пријавени починати лица, соопшти Министерството за здравство. […]

Истражување: Над две третини од граѓаните не веруваат дека може да влијаат врз одлуките во општината и државата


Граѓаните немаат доверба и во голема мера сметаат дека не можат да влијаат на случувањата во општината во која живеат и државата, покажуваат податоците од телефонското и онлајн истражување со граѓани и граѓански организации, презентирано денеска на онлајн конференцијата „Високи надежи и големи падови: ставови на граѓаните и граѓанските организации и ефекти од секторските работни […]

Скопскиот регион во следните денови со натпросечни температури, а попладне со услови за грмежи, дожд и град


Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека во следните денови во скопскиот регион времето ќе биде сончево и многу топло со температури кои ќе бидат над просекот за овој период и оти во делови од котлината во попладневните и вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Повремно процесите ќе бидат во форма […]

Поскапуваат бензините за половина денар, дизелот поевтинува за денар


Од полноќ, бензините поскапуваат за половина денар, а дизелот поевтинува за еден денар. Според новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 95 денари за литар, а Еуросупер БС-98 по цена од 97 денари за литар, додека новата цена на дизелот ќе биде 85 денари за литар. За […]

Од Владата демантираат дека службеници како новинари патувале во Софија


Службата за општи и заеднички работи на Владата најостро ги демантира и отфрла како дезинформација објавите на  дел од медиумите за наводното прикривање на вработени лица во Службата како новинари при посетата во Софија,  заради одржувањето на заедничката седница на Владите на Македонија и  Бугарија. „Шесте вработени лица во СОЗР при посетата во Бугарија присуствуваа […]

Управата за матични книги најавува блокада на Министерството за финансии


Поради штрајкот на Управата за водење матични книги, граѓаните не можат да вадат изводи од книгата на родени, венчани и умрени. Дел од вработените во Управата за водење матични книги, кои штрајкуваат речиси еден месец, денеска се пожалија дека наишле на арогантен однос од институциите. „Во ваква ситуација досега не сме се нашле, ваков однос […]

УХМР најавува топло и нестабилно време, со пороен дожд, врнежи и грмежи


Времето во следните денови, претежно попладне, ќе биде нестабилно, со пороен дожд и грмежи. Локално, процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град, но нестабилноста повремено ќе се појавува и во вечерните часови, информира УХМР. Се препорачува поголема внимателност во случај […]

Комисијата за заразни болести во среда ќе расправа за состојбата со мајмунските сипаници


Комисијата за заразни болести ја следи состојбата со мајмунските сипаници во светот, како и препораките на Светската здравствена организација кои во моментот не предвидуваат ограничување на движење на луѓе и стока во рамки на земјите каде не се регистрирани, изјави за МИА портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ. Во среда, посочи тој, е закажан состанок на […]

Последни подготовки пред утрешната заедничка литургија на г.г. Стефан и г.г. Порфириј


Во Соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје се вршат подготовки пред утрешната заедничка Божествена литургија на поглаварите на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан и на Српската православна црква г.г. Порфириј. -Во моментов се одвиваат подготовки на просторот за пречекот на српскиот патријарх, поглаварот на СПЦ г.г. Порфириј. Се уредува внатрешноста и […]

Коњ оставен на тераса во Дебар маало, згрижен во ЗОО Скопје


Полицијата добила неколку пријави од граѓани дека во Дебар Маало има коњ на тераса од стан во напуштена зграда. Од Зоолошката градина информираат дека коњот е згрижен кај нив. -Колегите од Скопје ЗОО, заедно со директорот Кристијан Стаменов, МВР и инспектор на АХВ излегоа на терен и ја започнаа спасувачката мисија на коњчето кое за […]

Ковачевски во Ватикан и Рим во чест на Денот на Светите Кирил и Методиј


Премиерот Димитар Ковачевски денеска во рамките на посетата на Рим и Ватикан, по повод одбележување на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, ќе има тет-а-тет средба, а потоа и аудиенција кај неговата светост папата Франциск. На аудиенцијата кај папата Франциск, заедно со Ковачевски ќе присуствуваат и ќерката Тамара Ковачевска, како […]