Нови 1.233 случаи на Kовид-19 – пријавени 10 починати лица


Фото: Б. Грданоски

 Во последните три дена од направени 3.561 тест регистрирани се 1.233 нови случаи на Ковид-19, од кои 284 се реинфекции, и 1.450 оздравени пациенти. Пријавени се седум починати лица, а дополнително согласно регистарот на умрени лица од Мој термин пријавени се уште три починати лица во периодот од 17 до 28 јули, информира Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје за периодот од 6 до 8 август.

Од новозаразените 516 се од  Скопје, од Битола се 97, Кавадарци – 72, Гостивар – 55, Прилеп – 54, Охрид -53, Куманово – 47, Тетово – 45, Велес – 40, Струга – 28, Струмица – 27, Неготино – 26, Кичево – 24, Кочани – 20, Штип – 18, Гевгелија – 17, Радовиш -15, Ресен -13, Дебар – 11, Кратово – 8, Свети Николе, Берово и Валандово – по 7, Демир Хисар – 6, Крушево – 5, Делчево и Виница – по 4, Богданци и Демир Капија – по 2, Крива Паланка, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1.

Од седумте починати лица четири се од Скопје на возраст од (91г, 87г, 82г и 77г) и по едно починато лице од Кочани (92г.), Битола (67г.) и Прилеп (83г.). Сите лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин се регистрирани три починати лица и тоа од Демир Хисар (76г), Велес (72г) и Струга (54г), две лица се починати во домашни услови, е едно лице е починато во болнички услови. Лицата се пријавени за починати во период од 17.07 до 28.07.2022година.

Досега во земјава се направени вкупно 2.128.711 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 331.988, бројот на оздравени пациенти е 318.599, на починати е 9.398, а бројот на активни случаи изнесува 3.991

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје      156575, Активни   1562
Куманово    17661, Активни    162
Битола      17124, Активни    267
Прилеп      15023, Активни    183
Тетово      14169, Активни    182
Кавадарци   11581, Активни    171
Велес 10474, Активни    125
Гостивар    10055, Активни    145
Охрид 9760, Активни     226
Струмица    8541, Активни     120
Штип  8504, Активни     91
Кичево      5945, Активни     74
Кочани      5332, Активни     55
Струга      5038, Активни     121
Гевгелија   4654, Активни     64
Неготино    3982, Активни     76
Ресен 2937, Активни     46
Свети Николе      2739, Активни     23
Радовиш     2720, Активни     79
Крива Паланка     2554, Активни     19
Делчево     2026, Активни     11
Дебар 1770, Активни     33
Берово      1757, Активни     22
Валандово   1567, Активни     12
Виница      1430, Активни     15
Пробиштип   1288, Активни     0
Богданци    1060, Активни     14
Кратово     1056, Активни     22
Крушево     993, Активни      30
Демир Хисар 901, Активни      22
Македонски Брод   772, Активни      6
Демир Капија      613, Активни      7
Македонска Каменица     530, Активни      4
Пехчево     493, Активни      0
Дојран      364, Активни      2