Од денес, паркиралиштата на ул. „Орце Николов“ во Дебар Маало стануваат резидентни паркиралишта


Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје воведе резидентно паркирање на ул. „Орце Николов“ во Дебар Маало за да им овозможи на жителите на оваа улица непречено да ги користат паркиралиштата пред нивните домови. Согласно Одлуката за усвојување на Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за користење на јавните паркиралишта од значење […]

МВР: апелира на внимателност, мало невнимание може да предизвика пожар со тешки последици


По настапувањето на последните, значително повисоки температури и најавите дека во наредните денови тие уште повеќе ќе се зголемат, во голема мерка се зголемија и потенцијалните опасности за избувнување пожари. Особено поради фактот дека има забележителна раздвиженост на нивите, но и во шумите, укажуваат денеска вио соопштение од Министерството за внатрешни работи. Повикуваат на внимателност […]

Дуќанџиите од ГТЦ утре на протест пред Влада


Утре на пладне пред зградата на македонската влада Здружението на сопственици на деловен простор во ГТЦ 1973 ќе одржи протест на кој ќе побараат итно решавање на бројните проблеми во Градскиот трговски центар во Скопје и примена на законската регулатива. Сопствениците на дуќаните во ГТЦ веќе подолго време алармираат на недомаќинското управување на АД ГТЦ, […]

Град Скопје со зголемување од 2.800 денари ги усогласи линеарно платите на вработените со растот на минималната плата


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска со репрезентативната Синдикална организација на Град Скопје, потпиша измени на Колективниот договор на ниво на работодавач Град Скопје со кои се врши линеарно зголемување за сите вработени во градската администрација од 2800 денари, освен за оние за кои веќе имаше зголемување по основ на зголемување на минимална плата.   […]

Температурите во пораст, денеска до 36 степени, УВ индексот 9


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне и во вечерните часови во северените делови ќе има изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, максималната […]

Мицкоски јавно етикетира новинари, а тоа предизвикува говор на омраза, реагира ЗНМ


Здружението на новинарите на Македонија реагира на „непримерната комуникација на Христијан Мицкоски, претседателот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, преку која јавно се омаловажуваат новинари што известуваат за билатералниот спор со Бугарија“. Тој во својот партиски говор на митингот што се одржа во саботата пред Владата истакна: „Нè лажеа дека не преговараат за јазикот, дека не преговараат за […]

Судската полиција бара повисоки плати за 15 отсто


Министерот за правда Никола Тупанчески денеска имаше средба со со претставниците на Независниот синдикат на судската полиција на која беше информиран за нивните барања за зголемување на платата за 15 отсто. Договорено е најдоцна до крајот на неделата  да се воспостави комуникација со Министерството за финансии околу обезбедувањето на финансиски средства, соопшти Министерството за правда. Министерството, […]

Tренчевска: Политики и регулатива за спротивставување на насилството врз жените и девојчињата


Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска денеска учествуваше на регионалниот форум „Виртуелното е реално: Зајакнување на законодавната рамка за поддршка на телесната автономија“, во организација на Фондот за население на Обединетите нации-УНФПА, информираат од прес-службата на министерката. Во соопштението се вели дека говорниците од регионот дискутирале за тековните состојби со сајбер насилството во нивните држави […]

За три дена 81 нов ковид случај, нема починати


Во последните три дена регистрирани се 81 нов случај на КовидД-19 од направени 1.972 тестови, а нема починати како последица на вирусот, покажуваат податоците од Институтот за јавно здравје. Како што информрираат од Министерството за здравство, од новозаболените, 53 се во Скопје, по пет од Битола и Прилеп, три  Велес, по двајца од Куманово, Тетово […]

Руинираните куќи во конзулска Битола опасност за минувачите


  БИТОЛА – Стотина стари градски куќи, со децении оставени на забот на времето, руинирани, напуштени, претставуваат битолските минувачи во централното градско јадро на Битола. Меѓу нив, за жал се и неколку куќи, едни од најубавите градби каде што биле сместени конзулатите во 19 и 20 век во времето на конзулска Битола. Она што е […]

В среда и четврток многу топло со температури и до 39 степени


Утре ќе се задржи сончево и топло време, а попладне и во вечерните часови во северените делови ќе има појава на изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи. В среда и четврток ќе биде многу топло, а во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер и […]

Саниран мостот на Маркова Река во населбата Драчево


Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека вчера заврши санацијата на мостот на Маркова Река во населбата Драчево од страна на институциите на Град Скопје, со главен носител на активностите ЈП „Улица и патишта“ во координација и со други институции. Конкретно, како што велат од таму, вчера после пладне, по околу 13.00 часот, целосно […]

Стадо овци и кози во паркот кај последна „5-ка“ во Аеродром


Паркот „Лисиче“ или попознат како паркче кај последна „5-ка“ е одлично уреден парк, каде жителите од околните населби одмараат, трчаат, играат, ги шетаат своите миленици, а слават и родендени. Дрвените куќички со клупи и маси овозможуваат убавите моменти на прослава да можат да се одвиваат тука, а граѓаните се снашле па со листови хартија запипшуваат […]

Поради посетата на финската премиерка посебен режим на сообраќај во Скопје


Поради официјална посета на премиерката на Република Финска, Сана Марин денеска и утре во Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај, информира Министерството за внатрешни работи. -Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје, соопшти МВР и […]

Презентација на документ „Бугарското вето на македонските евроинтеграции: какво јаболко може да загризе Македонија?“


Институтот за демократија (ИДСЦС) и Институтот за европска политика (ЕПИ) денеска ќе го презентираат документот „Бугарското вето на македонските евроинтеграции: какво јаболко може да загризе Македонија?“. Како што информираат од ИДСЦС, документот има за цел да ја информира општата и политичка јавноста и да го изостри нејзиниот фокус за суптилностите кои евентуалниот компромис со Бугарија […]

Неделава значителен пораст на температурите, денеска до 34 степени, УВ индексот ќе изнесува 8


Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 7 до 16, а максималните ќе се движат од 27 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 8, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.  Во Скопје ќе преовладува […]

За Демократскиот сојуз францускиот предлог на „перфиден начин“ го оспорувал македонскиот идентитет


  Демократскиот сојуз изразува сериозни резерви за францускиот предлог за деблокада на почетокот на преговорите за членство на Македонија во ЕУ затоа што тој во суштина ги апсорбира националистичките и негаторските барања на Бугарија и билатералниот спор, преку преговарачката рамка, го претвора во спор помеѓу Македонија и Европската унија. ДС вели дека според документите кои […]

Времето сончево, до 32 степени


  Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со услови за краткотраен пороен дожд попладне во југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степени Целзиусови. УВ индексот […]

Маричиќ во Брајчино: Договорот од Преспа на дело, со соседите никогаш не сме биле поблиски


Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, заедно со министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, беа гости на фестивалот „Запознај ја Преспа“ во село Брајчино, на кој учествуваа граѓани од Северна Македонија, Република Грција и Република Албанија. -За првпат уметниците и граѓаните од трите земји се дружат на едно место, во Преспа. Ваквите проекти, […]

Како ќе изгледа наплатата на патарините низ Србија, Северна Македонија и Албанија со еден ТАГ уред


На последниот самит „Отворен Балкан“ во Охрид беше договорено да се воспостави единствен систем за електронска наплата (ENP) во три земји – Србија, Северна Македонија и Албанија. Возачите наскоро патарината ќе ја плаќаат електронски, со уникатен ТАГ уред, што треба да биде уште едно олеснување кое е иницирано во рамки на оваа иницијатива, јави дописникот […]