Седница на Уставниот суд


Уставниот суд  денеска ќе разгледува три иницијативи за оценување на уставноста и законитоста. Првата иницијатива се однесува на оспорување на член 1 од Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредни мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19 предизвикана од […]

Национална конференција „СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан“


Национална конференција „СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан“ ќе се одржи денеска во Скопје, во рамки на проектот за зајакнување на партиципативната демократија и евроатланската интеграција во Западен Балкан, преку зајакнување на граѓанските организации и мрежи во регионот и нивно поактивно учество при градењето на мирно и инклузивно општество, со цел одржлив […]

Работилница за визуелно раскажување приказни


Во Скопје денеска ќе биде одржана работилница за визуелно раскажување приказни, која е наменета за сите идни графички дизајнери, маркетери и оние кои се занимаваат со дигиталниот маркетинг. Работилницата е во организација на Центарот за визуелна комуникација „Ефектива“ и според нив ова претставува можност за сите заинтересирани низ интеракција да се запознаат со процесот на […]

Без вода дел од бул „Трета македонска бригада“


Поради менување на вентил во шахта, прекинато водоснабдување денеска ќе имаат корисниците на дел од булеварот „Трета македонска бригада“, вклучително и објектите на Агенцијата за национална безбедност и „Жито Лукс“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот и ќе трае до санација на дефектот, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Сончево и топло до 38 степени, попладне дожд, грмежи и ветер


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 38 степени. […]

Спасени изгубени велосипедисти во пределот после село Кожле


Во спасувачка акција на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Министерството за внатрешни работи денеска се спасени два велосипедисти кои залутале во пределот после скопското село Кожле. Како што информираат од ЦУК, велосипедистите залутале барајќи ја старата црква и гробишта надвор од селото, а кога биле пронајдени во суровиот предел без вода биле многу […]

Исплата на пензиите од 28 јуни


Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2022 година со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27 јуни. Со овие препораки, како што информира Владата, деловните банки ќе […]

Утврден предлог законот за основање културно-информативни центри во Белград и Скопје


На денешната 54-та седница на Владата, министрите го разгледаа и утврдија предлог-законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Северна Македонија и Владата на Србија за основање културно-информативни центри во Белград и во Скопје. Со документот се модулира правната рамка со која се уредуваат правата и обврските на двете држави во однос на работа на […]

Донесена одлука за испраќање 31 припадник на Армијата во КФОР во Косово


Владата на денешната седница на предлог на Министерството за одбрана, донесе одлука за испраќање на 31 припадник на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата КФОР во Република Косово за период од шест месеци, сметано од август 2022 година, како и одлука за испраќање на двајца припадници на Армијата за учество на […]

(Галерија) Почна летото


Летото во Македонија и на северната хемисфера и календарски почна денес во 11 часот и 13 минути. Почетокот на најтоплото годишно време одговараше во вистинска смисла на она што традиционално е добро познато на овие простори – сонце, топло време, сув воздух… Сепак, и покрај жештините, животот во главниот град на Македонија, Скопје, не престанува. […]

Бугарската православна црква ја призна МПЦ, името допрва ќе се разгледува


Светиот синод на Бугарската православна црква денеска донесе одлука за во врска со канонскиот статус и укинувањете на расколот и за влегување во кананоска и евхаристиска заедница со Православната црква во Северна Македонија, соопшти Бугарската патријаршија. – Денеска на својата целосна седница Светиот синод ги разгледа писмата од вселенскиот патријарх Вартоломеј и српскиот патријарх Порфириј […]

Нови 91 случај на Ковид-19 од 1.067 тестови, нема починати


Во последните 24 часа, регистрирани се 91 нов случај на Ковид-19 од направени 1.067 тестови, не е евидентиран ниту еден смртен случај, како во последното деноноќие така и согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, а оздравеле 67 пациенти, информираат од Министерството за здравство, повикувајќи се на податоци од Институтот за […]

СВР Тетово: Огнометите на свадби да се пријавуваат, пукањето се казнува од 200 до 500 евра


Полицијата во полошкиот регион во наредниов период значително ќе ги засили контролните активности за откривање и санкционирање пукање од огнено оружје, правење на огномети и користење на пиротехнички средства. Деновиве се одржуваат состаноци на советодавните групи на граѓани и на месните и урбаните заедници во Полог за да се намалат и спречат ваквите нарушувања на јавниот ред и мир. […]

Порфириј од Охрид: На луѓето тука им било најважно да ја чуваат својата православна вера


Гледајќи ги светилиштата во охридско-струшкиот регион сфативме дека на луѓето тука најважно од се им било да ја чуваат својата православна христијанска вера, но не само да ја чуваат, туку и да живеат со православната вера, по евангелието, истакна денеска патријархот српски Порфириј по посетата на храмот „Св. Богородица – Перивлепта“ и Галеријата на икони […]

Македонски Телеком: Во скоро сите поголеми места достапна 5Г мрежа


Во скоро сите поголеми населени места во државава е достапна 5Г мрежата на Македонски Телеком, соопшти денеска компанијата. Скопје и 15 други градови и нивните околини веќе користат 5G услуги, а од јуни до октомври со опрема од најновата петта генерација, според најавата од Телеком, ќе бидат покриени и: Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар, Куманово, Крива […]

Ќе се прска против комарци од земја и авионски


Градот Скопје ги известува граѓаните дека во текот на наредните неколку дена на подрачјето на градот Скопје ќе се врши терестрична и авионска дезинсекција против комарци, според следниот распоред: 1. Терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се одвива од утре (22.06.2022 година, среда) до сабота (25.06.2022 година), во периодот од 22 до 03 […]

Јавниот сектор утре во генерален штрајк, ќе работат 10 проценти од вработените


Сојузот на синдикати на Македонија за утре најави генерален штрајк во јавниот сектор бидејќи, како што нагласуваат оттаму, не се исполнети нивните барања за линеарно зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 2.806 денари и враќање на правото за регрес за годишен одмор од 2023 година. На седница на Комисијата за финансирање и […]

Утре и в четврток топло, во попладневните часови нестабилно со услови за дожд и грмежи


Утре и в четврток ќе се задржи топло време, но во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град. Како што соопшти УХМР, и во Скопската котлина ќе има појава на […]

Уставниот суд го одложи одлучувањето по иницијативата од Павле Трајанов за платеното политичко рекламирање


Уставниот суд на Република Северна Македонија денеска ја одржа 19. седница на која одлучи да ја одложи расправата за иницијативата на подносителот Павле Трајанов во врска со платеното политичко рекламирање во медиумите. По претставувањето на извештајот во врска со иницијативата од страна на судијата Насер Ајдари, како и излагањата во врска со истиот на судиите […]

Четворица затвореници во штипскиот затвор штрајкуваат со глад


Четири осудени лица во КПУ Затвор Штип втор ден штрајкуваат со глад. Роднини на затворениците велат дека до ваквата ситуација дошло бидејќи прaвата во затворот не важеле за сите исто. Револтот е заради тоа што едно осудено лице било префрлено од затворениот во полуотворениот дел, иако таму бил пократок временски период од нив. Директорот на […]