КСС ги прекинува протестите, најавува кривични пријави поради притисоци врз вработените во јавниот сектор


Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) ги прекинува протестите што најави дека секојдневно ќе ги одржува пред Собранието и Владата барајќи усогласување на платите со минималната плата. Одлуката е донесена по состаноците на Извршниот одбор на синдикатот одржани во текот на вчерашниот и денешниот ден. Причината за слабиот одзив на вчерашниот протест, според КСС, се притисоците …

КСС ги прекинува протестите, најавува кривични пријави поради притисоци врз вработените во јавниот сектор Read More »

Нови 89 случаи со Ковид – 19, починато едно лице


Во 11 градови низ државата нема ниту еден активен случај со Ковид-19. Поточно, заразени со корона вирус нема во Дојран, Пехчево, Крушево, Крива Паланка, Свети Николе, Дебар, Валандово, Пробиштип, Богданци, Демир Хисар и Македонски Брод.  Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.760 тестови, …

Нови 89 случаи со Ковид – 19, починато едно лице Read More »

КЗБ препорача укинување на ковид мерките


Комисијата за заразни болести на денешниот состанок препорача укинување на сите рестриктивни мерки за справување со КОВИД-19, освен задолжително носење маски во здравствени установи, аптеки, јавен превоз и домови за стари лица, соопшти Министерството за здравство. Воедно, како што се посочува, Комисијата апелира граѓаните да ги почитуваат препораките за лична заштита и хигиена, како што …

КЗБ препорача укинување на ковид мерките Read More »

Рустеми побара од судот ефективна казна затвор за обвинетите во случајот „ТНТ“


 Во текот на постапката со сигурност се докажа дека обвинетите ги сториле делата што им се ставаат на товар. Обвинетиот Никола Груевски ја злоупотребил својата позиција и влијание како премиер да ја оствари својата желба да му го урне комплексот Космос на својот политички противник Фијат Цановски и да му нанесе финансиска штета, изјави денеска …

Рустеми побара од судот ефективна казна затвор за обвинетите во случајот „ТНТ“ Read More »

Машини за рециклирање поставени во трите студентски дома во Скопје


  Студентите во трите студентски дома во Скопје, ќе може со помош на својата студентска картичка да рециклираат пластика, а за таа цел во домовите распоредени се шест машини за рециклирање. Директорот на Државниот студенстски дом „Скопје“, Виктор Велевски, денеска презентираше како се користат вендинг-машините. Со покажување на картичката студентот, става шише во отворорт, а …

Машини за рециклирање поставени во трите студентски дома во Скопје Read More »

ССК: Најубавите фасади во Европа се во Скопје, изработени од PMG Construction


На натпревар за избор на најубави фасади во Европа што секоја втора година се одржува во Валенсија, Шпанија, прво место освои објект за колективно домување лоцирана во скопската населба Тафталиџе изработена од PMG Construction од Скопје, соопшти Сојузот на стопански комори на Македонија. Компанијата на натпреварот учествувал со два проекти во две различни категории, победничкиот …

ССК: Најубавите фасади во Европа се во Скопје, изработени од PMG Construction Read More »

Нов, голем мурал во Маврово пренесува мoќна порака за заштита на Планетата Земја


Денот на планетата земја, 22 Април, оваа година Halkbank го одбележа со едно храбро, креативно уметничко дело кое ќе ја краси околината на Маврово. Во соработка со познатиот уметник „Пијаниста”, кој е широко препознаен по своите креативни, иновативни и наградувани дела , овојпат Халкбанк постави нов мурал на вкупна површина од 480м2 – на кошаркарскиот …

Нов, голем мурал во Маврово пренесува мoќна порака за заштита на Планетата Земја Read More »

Зголемени водостоите на Преспанското и Охридското Езеро


За два сантиметра е зголемен водостојот на Преспанското Езеро, а за еден сантиметар на Охридското, додека нивото на Дојранското Езеро е исто како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Со тоа водостојот на Охридското Езеро е ист со просечниот за април, додека нивото на Преспанското Езеро е за …

Зголемени водостоите на Преспанското и Охридското Езеро Read More »

На Левица не ѝ чини Јаким Неделков


  За Левица било скандалозно што претседателот на СОНК по разговорите со претставниците на Владата даде изјава дека е договорено зголемување на платите од 12 отсто и дека тоа треба да оди на одобрување кај членовите на синдикатот. Таквото однесување на Јаким Неделков, според Левица, било „скандалозно“. „Наставниците се длабоко разочарани, откако бомбастично беше најавено …

На Левица не ѝ чини Јаким Неделков Read More »

Генерален штрајк на Управата за матични книги


 Управата за водење на матични книги од утрово е недостапна за граѓаните. Генералниот штрајк кој вчера беше најавен од страна на Независниот синдикат на Управата за матични книги, започна денеска околу 8 часот. Претседателот на Независниот синдикат на Управата за водење на матични книги, Тони Милошески  изјави дека сите подрачни одделенија се во штрајк и …

Генерален штрајк на Управата за матични книги Read More »

ВМРО-ДПМНЕ го оцрни со сите бои лидерот на средношколците


  Со обвинувања дека е „партиски средношколец“ ВМРО-ДПМНЕ го нападна претседателот на Сојузот на средношколците, Лука Павиќевиќ, во најжешката фаза од штрајкот на СОНК. Една толку голема партија се сведе на нивото да напаѓа со сите можни орудија еден средношколец. „Ковачевски го допре дното – праќа партиски средношколец од приватни школи како Лука Павиќевиќ да …

ВМРО-ДПМНЕ го оцрни со сите бои лидерот на средношколците Read More »

Локализиран пожарот кај селата Радичево и Дукатино во Струмичко


Локализиран е пожарот кој избувна вчера претпладне во атарите на селата Радичево и Дукатино во Општина Василево и зафати 20 хектари нискостеблеста шума. Пожарникарите и екипите на ЦУК и ЈП „Национални шуми“ -Струмица не дозволија да се прошири кон селото Дукатино. Според командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, на местото на пожарот од утрово има …

Локализиран пожарот кај селата Радичево и Дукатино во Струмичко Read More »

Почнува одбележувањето на Денот на македонската полиција – 7 мај


Со промоција на 73-от реконструиран објект, објектот на ОВР Радовиш, на која ќе присуствува и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денеска почнува одбележувањето на Денот на македонската полиција – 7 мај, информираат од МВР. – На 30 април, во сабота, половина час после пладне, во Струмица – пред Домот на АРМ, во Крива Паланка – на Градскиот …

Почнува одбележувањето на Денот на македонската полиција – 7 мај Read More »

Без вода дел од улиците близу Владата


Поради реконструкција на водоводна цевка Ф80 милиметри на улица „Јордан Хаџиконстантинов Џинот“, во близина на зградата на Владата, со прекинато водоснабдување денеска ќе бидат корисниците од оваа и од улиците „Ристо Шишков“, „Аминта Трети“, „8-ми Март“ и „Наум Наумовски Борче“, како и дел од булеварот „Илинден“, во Општина Центар, информираат од ЈП „Водовод и канализација” …

Без вода дел од улиците близу Владата Read More »

Заеднички концерт на армиските оркестри на  Македонија и на САД


Со почеток во 18:30 часот во паркот во населбата Аеродром во Скопје едночасовен заеднички концерт ќе одржат воените оркестри од Армиите на Република Северна Македонија и на САД за Европа и Африка “USAREUR-AF”. Како што информираат од Генералштабот на Армијата, на концертот кој е дел од предвидените активности во пресрет на вежбата “Swift Response 22” …

Заеднички концерт на армиските оркестри на  Македонија и на САД Read More »

Денеска сончево и топло, од утре со пороен дожд и грмежи


Времето ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал 4 до 11, а максималната од 22 до 29 степени. Во Скопје, сончево и топло со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе биде околу 8, а максималната …

Денеска сончево и топло, од утре со пороен дожд и грмежи Read More »

Астрономски календар


Денеска е среда, 27 април 2022 година, 113-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 252 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 37 минути, а ќе зајде во 19 часот и 26 минути. Денов трае 13 часа и 49 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее …

Астрономски календар Read More »

Средношколците гневни: Возрасните со штрајкот ни ја уништуваат иднината


  Најголема штета од сегашниов штрајк во образоаванието имаат учениците. Нас не нѐ интересира што преговараат СОНК и МОН, но гледаме дека ние сме најголемите губитници од оваа ситуација, рече претседателот на Сојузот на средношколци, Лука Павиќевиќ во Дневникот на ТВ Сител. „Вчера кога дознавме дека е постигнато некакво решение, го поздравивме – еве возрасните …

Средношколците гневни: Возрасните со штрајкот ни ја уништуваат иднината Read More »

Остра реакција на министерот Шаќири: Зборот на СОНК не издржа ниту еден ден


  Откако членството на СОНК на денешната попладневна седница со големо мнозинство одлучи да не го прифати она што вчера неговото раководство го договори со владините претставници, министерот за образование, Јетон Шаќири, реагираше со резигнација и револт. „Зборот на СОНК не издржа ниту едно деноноќие“, порача Шаќири преку Фејсбук. Тој ги повика директорите на училиштата …

Остра реакција на министерот Шаќири: Зборот на СОНК не издржа ниту еден ден Read More »

Продолжува штрајкот во основните и во средните училишта, а во градинките се става во мирување


Штрајкот во основните и во средните училишта продолжува, додека во градинките е ставен во мирување, информираше попладнево претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков. Со оваа одлука практично падна во вода договорот постигнат вчера меѓу СОНК и Владата платите во образованието да се зголемат за 12 отсто од јулската плата и …

Продолжува штрајкот во основните и во средните училишта, а во градинките се става во мирување Read More »