ГОБ „8 Септември“ утре без струја


Фото: Б. Грданоски

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека на ден 21.10.2022 година ( петок), поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат корисниците:

– во периодот од 09:30 до 13:30 часот, Градска болница „8-ми Септември“ ( Општина Карпош )
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците на ул.Љупчо Зафиров Орлов. (Општина Центар)
– во период 09:00 до 14:00 часот дел од корисниците од ул. 4 во Ново Село. (Општина Ѓорче Петров)