ДКСК го прогласи за незаконско евентуалното градење кај фабриката „Треска“


На локацијата на поранешната фабрика „Треска“ не смеат да започнат градежни работи, вели претседателката на антикорупциската комисија, Билјана Ивановска за Дојче Веле, по информациите дека општина Центар започнува со расчистување на објектите од поранешната фабрика, што ги разгоре сомневањата во јавноста дека можеби се подготвува терен за да започне бетонизацијата на една од најатрактивните локации […]

Вонреден инспекциски надзор во штипската болница откако пациент почина од сепса


Државниот санитарен и здравствен инспекторат соопшти дека иницирал вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Клиничката болница – Штип по добиените сознанија за пациент кој починал од сепса. Роднини на починатиот пациент Ј.Д. (25) од Берово на социјалните мрежи информираа дека тој починал откако добил сепса по дренирање заб во штипската болница. Смртта на пациeнтот ја потврдија […]

Штрајк во АД „Водостопанство“ ако не се исплатат заостанатите плати


Работниците во АД „Водостопанство“ се два месеца без плата, а од 1. месецов немаат ниту здравствено осигурување. Доколку нема исплата револтот наскоро може да премине во штрајк, кој ќе значи и проблем со водоснабдувањето на земјоделските површини и посевите, особено во овој период кога е најпотребно, информирале денеска од АГРО Синдикатот и Синдикалната подружница на […]

Од утре започнува аплицирањето за субвенции за велосипеди и електрични тротинети 


    Град Скопје утре на градската веб страница ќе објави два Јавни повици за Cубвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување велосипеди во 2022 година, како и за субвенционирање на граѓаните на подрачјето  на градот Скопје за купување електрични тротинети во 2022 година, на кои граѓаните ќе можат да аплицираат.   […]

Шанса за Центар: Кај „Треска“ се случува „помирување“ со нелегалните урбанистички планови


Наместо квалитетно планирање на просторот кај „Треска“, добиваме помирување и нормализирање на урбицидот, посочуваат во соопштение до медиумите од Граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“, по вчерашната најава дека на овој простор во центарот на Скопје би можеле да се издаваат градежни дозволи според постојниот, оспорен Детален урбанистички план. „Да имавме вчера прес-конференција на градоначалникот на […]

Левица прашува: Зошто се молчи за продажбата на археолошко наоѓалиште за хотел?


По обелоденувањето на одлуката на градоначалникот  на Охрид Кирил Пецаков за продажба на месноста Мауцкер по цена од 70 денари за метар квадратен, реагираше и стручната фела. Неколку граѓански здруженија, археолози, туристички водичи, ја поддржаа иницијативата на советникот на Левица, Виолета Аврамоска, за повлекување на спорната точка од дневен ред на 15 Седница на Советот […]

Нестабилно време до сабота


  Периодот на нестабилно време ќе продолжи до сабота – претпладне ќе има сончеви периоди, а во попладневните и вечерните часови наместа пороен дожд и грмежи. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град. -Од […]

Македонија ќе купи систем за противвоздушна одбрана од Франција


Министерката за одбрана Славјанка Петровска во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека Македонија како членка на НАТО следната година ќе добие систем за противвоздушна одбрана кој ќе го купи од Франција. – Каде ќе биде поставен нема да биде соопштено, тоа е од наш стратешки интерес. На почетокот на септември ќе го потпишам договорот […]

Започна новиот увид на автопатот Струма за несреќата со автобусот на Беса транс


Николај Димитров, адвокатот на дел од семесјтавата на загинатите и повредените патници од автобуската несреќа на Беса транс на автопатот Струма во Бугарија, за дописникот на МИА од Софија изјави дека увидот на теренот е веќе започнат. Експертскиот тим го започнал увидот на три километри од автобуската несреќа и целта е да покаже дали има […]

Еу одобри 224 милиони евра грантови за Македонија


Со последната одлука Европската унија одобри грантови со вкупна вредност од 225 милиони евра за Северна Македонија, за унапредување на инфраструктурата, за развој на економијата и за раст на стандардот. Со нив се финансира изградбата на железничкото поврзување со Бугарија во рамки на Коридорот 8 и тоа делот од Крива Паланка до границата со Бугарија, […]

Спасовски: Веб сервиси за брза размена на податоци со институциите за намалено време на добивање услуги


  Со цел брза размена на податоци со останатите институции и намалено време на чекање на граѓаните за добивање на услуги, Министерството за внатрешни работи е поврзано на Националната платформа за интероперабилност и нуди веб сервиси кои се од сопствен развој, објави на својот фејсбук профил министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој посочува дека […]

„Расипан телефон“ меѓу Град Скопје и Министерството за транспорт за булеварот „Киро Глигоров“


  Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во однос на застојот на процесот на реконструкција на булеварот „Киро Глигоров“ вели дека она што било обврска на Град Скопје е целосно завршена и оти се очекува финализација од страна на Министерството за транспорт и врски за делот којшто е останат. Од Министерството за транспорт и врски, […]

Најмногу дожд во Тополчани, Струмица и Крушево


  Најмногу дожд во изминатото деномоќие наврнал во Тополчани 35 литри на метар квадратен, во Струмица 26, Крушево 25, Гевгелија и Прилеп 22, Тетово 21, Дебар 19, Демир Капија 16, Битола 14, Штип 13, Скопје 12, Куманово девет, Берово седум, а шест литри во Охрид, соопшти УХМР. Времето денеска ќе биде променливо облачно, на повеќе […]

Претпладнево два часа блокада на регионалниот патен правец Битола – Ресен – Охрид


  Овоштарите од Преспа, претпладнево од 10 до 12 часот ќе одржат протестен собир на местото викано „Макази“ и ќе го блокираат регионалниот патен правец Битола – Ресен – Охрид. Протестот на овоштарите се организира заради неисплатен надоместок за предизвикана штета од невреме со град и мраз во зимски услови врз овошните насади од 2016 година, дел од 2017 […]

Времето утре нестабилно со пороен дожд и ветер


Времето утре ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на краткотрајно невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до […]

До 15 септември е рокот за аплицирање за стипендии за студирање на најдобрите светски универзитети


До 15 септември е рокот за аплицирање за стипендија за студирање на најдобрите 100 светски универзитети според Шангајската ранг-листа. -Иако има значително зголемен број апликации на објавените конкурси за стипендии за прв, втор и трет циклус на студии на највисокорангираните високообразовни установи во светски рамки, Министерството врз основа на извршени дополнтелни анализи одлучи рокот за […]

Најдено е решение за снабдувањето со струја во Арачиново


Министерот за економија Крешник Бектеши информира дека во координација со градоначалникот на општината Арачиново и раководството на ЕВН, е најдено е привремено решение за прашањето за снабдување со електрична енергија на жителите на оваа општина.   -Ова решение е привремено, но, со надеж дека ќе биде долгорочно доколку сите страни го почитуваат договорот и законите […]

(Галерија) Денот на независноста на Украина одбележан на плоштадот „Македонија“ во Скопје


  Истовремено во 50 држави во светот, вклучувајќи ја и Северна Македонија денеска беше пуштена украинската химна по повод одбележување на 24 август – Денот на независноста на Украина. Преку формирање жив синџир, беше поставен светски рекорд за изведување на Националната химна на Украина, во рамки на глобалната иницијатива „The free world gathering“. Одбележувањето на […]

Промоција на македонските вина, храна и туризам на Саемот на Отворен Балкан во Белград 


  Под покровителство на владите на Србија, Северна Македонија и Албанија, а како дел од иницијативата „Отворен Балкан“, почнува Првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска Визија на Отворен Балкан“, кој ќе се одржи во Белград, од 1 до 4 септември 2022 година. Учеството на Северна Македонија на Саемот за домашната економија значи […]

Во основните училишта годинава ќе има 220 образовни асистенти повеќе од лани


Во претстојната учебна 2022/2023 година ќе бидат ангажирани 720 образовни асистенти во основните училишта, што е 220 повеќе од минатата учебна година. Одлуката ја донесе Владата имајќи ги предвид искажаните потреби на родителите на учениците со попреченост, соопшти Министерството за образование и наука. -Зголемувањето на бројот на образовни асистенти од 500 на 720 во споредба […]