Од Ковид-19 починаа шест лица, регистрирани и нови 381 позитивни од 1.131 тестирани


  Од 1.131 направен тест во изминатите 24 часа, има 381 нов случај на КОВИД-19. Од вкупниот број позитивни, 80 се реинфекции. Во изминатото деноноќие починале две лица, а согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој термин“ дополнително  се евидентирани четири починати со датум на смрт од 18 до 21 август. Според  […]

Советот на јавни обвинители ја отфрли жалбата на Русковска


  Советот на јавни обвинители на Македонија  едногласно одлучи жалбата за суспензијата на обвинителката Вилма Русковска да се отфрли како неоснована. Претседателот на Советот, Антонио Јолевски, рече дека Советот со ова го потврдува решението на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески од 16 август годинава. Со ова обвинителката Русковска останува суспендирана од својата функција. Седницата на […]

Јолевски: Суспензијата на Рускоска нема да трае долго


Претседателот на Советот на јавни обвинители Антонио Јолевски изјави дека врз основа на фактите и околностите, Советот одлучил дека, додека се води кривичната постапка за постапувањето при претресот во Управата за финансиска полиција и по предметот отворен по анонимната пријава, јавната обвинителка Вилма Русковска би требало да биде оддалечена од работа со цел да не […]

Евростат: 72 отсто од македонските граѓани читаат вести онлајн


Седумдесет и два отсто од корисниците на интернет во Северна Македонија читаат вести онлајн, покажува истражувањето на Евростат. Од земјите во регионот, повеќе од македонските граѓани, вести на интернет читаат Грците (90 отсто), Црногорците (80) и Србите (77), а помалку Албанците (58 отсто). Во ЕУ, девет од десет луѓе на возраст меѓу 16 и 74 […]

Левица: Стевчо Јакимовски решава дали некоја седница постои или не


Претседателот на Советот на Општина Карпош, Бранко Ристов  од  Левица реагираше денес на одбивањето на градоначалникот Стевчо Јакимовски да ја прифати одлуката за  стопирање на изградбата на 28-катницата во близина на клиниката „Жан Митрев“, третирајќи на седницата на која е донесена – за непостоечка.  -Одлуката го задолжува градоначалникот и општината да запре со издавање дозволи […]

Комуналните претпријатија ќе ги променат цените на услугите ако не добијат помош од Владата


  Здружението на даватели на комунални услуги АДКОМ, кое обединува 90 јавни комунални претпријатија на територија на целата држава, денеска повторно упати апел за средба до Владата од која бара помош поради зголемените трошоци со поскапувањето на струјата. Доколку нема помош, најавуваат промени на цените на услугите. АДКОМ во соопштение денеска информираше дека од Владата […]

Пороен дожд и грмежи попладне и навечер денеска и во наредните денови


  Попладне денеска, во вечерните и ноќните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, доцна попладне и во вечерните часови […]

Почна расчистувањето на „Треска“, објектите ќе ги отстрануваат сопствениците


  Почна расчистувањето на локацијата кај поранешната фабрика „Треска“. Чистењето ќе се врши плански во неколку фази. Најпрво ќе се отстранува опасниот отпад, азбестниот покрив, ќе се уриваат објектите, па ќе се отстранува кабастиот отпад. На крајот ќе се врши дезинфекција, дезинсекција и дератизација на просторот, бидејќи, како што кажа денес на прес конференција градоначалникот […]

На државно земјиште со зеленило Пецаков сака да се гради хотел


Пред советниците во Општина Охрид во петок ќе се појави предлогот на градоначалникот Кирил Пецаков со кој се предвидува просторот на поранешната  касарна во Охрид да стане хотел. Просторот од над 21 илјади метри квадратни, кој сега е едно од последните големи зелени површини во градот, треба да добие хотелски комплекс со основа на градба […]

(Видео): Почнува расчистувањето кај „Треска“, прес-конференција на Герасимовски


Проследете ја прес – конференцијата на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, по повод почетокот на активностите за расчистување на локацијата кај поранешната фабрика „Треска“:

Земјотрес од 2,9 степени по Рихтер утрово регистриран во реонот на Пехчево


   Земјотрес со локална магнитуда од 2,9 степени по Рихтер е регистриран утрово во 7 часот и 34 минути на 115 километри источно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Пехчево, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет. Според податоците на Опсерваторијата, интензитетот на земјотресот  е III степени според Европската макросеизмичка скала. Земјотресот бил почувствуван од […]

Најмногу дожд во Охрид 40 литри на квадрат


  Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Охрид 40 литри на метар квадратен, во Маврово 17, на Попова Шапка 16, Крива Палнка 14, во Гевгелија 10, а осум во Дојран. Според прогнозата на УХМР, времето и денеска ќе биде променливо облачно, на места со слаба нестабилност проследена со врнежи од дожд. Рано утрово […]

Советот на јавни обвинители денеска ќе решава по жалбата на обвинителката Вилма Русковска


  Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 63-тата седница, на чиј дневен ред е жалбата на обвинителката Вилма Русковска. Одлуката за свикување на седницата е објавена на веб-страницата на Советот на јавни обвинители, а на дневен ред, како прва точка се предлага „разгледување и решавање по жалбата СОЖ бр.5/22 […]

Почнуваат активностите за расчистување на локацијата кај „Треска“


  Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска на прес-конференција ќе информира за почетокот на активностите за расчистување на локацијата кај поранешна фабрика „Треска“. Неодамна, во магацин во кругот на поранешната фабрика „Треска“ избувна пожар. Огнот зафати пластични материјали, дрва, грмушки и отпад. 

Претпладне сончево, попладне и вечер нестабилно со пороен дожд и грмежи


  Времето претпладне ќе биде со сончеви периоди. Попладне, во вечерните и ноќните часови нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде […]

Арачиново 30 часа без струја, ЕВН не интервенира поради нападите


 Цели два дена, Арачиново заедно со селата Орланци и Мојанци се без струја. Градоначалникот Ридван Ибраими вели дека според неговите информации станува збор за технички дефект кој ЕВН  не се санира со потребната брзина. Дека 80% од Арачиново нема струја, потврдуваат и од ЕВН Хоум. Велат дека вчера наутро во општината дошло до голем дефект […]

Спасовски негира дека МВР крие документи за „Виа комерц“


  Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ја демантира информацијата дека МВР не ги доставило побараните документи до Јавното Обвинителство за гонење организиран криминал во врска со случајот „Виа комерц“ – станицата каде што е направена последната контрола на автобусот на „Беса Транс“ што изгоре во Бугарија и со себе однесе 45 животи. „Сè што […]

В четврток ќе биде прогласена кризна состојба во енергетиката


Владата в четврток се очекува да прогласи кризна состојба за електричната и топлинската енергија, потврдија за МИА владини извори. Одлуката треба да важи од 1 септември, а беше најавена од страна на министерот за економија Крешник Бектеши на последната прес-конференција со директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски. Од Владата уверуваат дека нема да има рестрикции […]

Разрешен и државниот правобранител Фехми Стафа кој спореше со Муареми


На владина седница денеска е разрешен државиот правобранител Фехми Стафа. Тој беше вклучен во јавен спор со првиот човек на Управата за финансиска полиција и практично го започна судирот меѓу институциите што сѐзаврши со оставки на Арафат Муареми, Вилма Рускоска а сега и со неговата.    Стафа на функцијата  државен правобранител дојде во 2018 година  […]

Во Струшкиот затвор биле доградени два ВИП апартмани, тврди партијата на Бачев


Партијата на Јанко Бачев, Единствена Македонија, излезе со тврдење дека изминативе денови во Струшкиот затвор, во кој е сместен екс директорот на УБК Сашо Мијалков, биле доградени два ВИП апартмани до кои се доаѓа со лифт. -Министерот за правда пред извесно време ја лансираше кованицата “затворски туризам“ како илустрација на злоупотребата што ја направи осудениот […]