Во понеделник, јавниот сообраќај по неделен возен ред


Фото: Б. Грданоски

Во понеделник (24.10.2022 година), поради државниот празник 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, ќе работат три билетарници, а Жичарницата ќе функционира вообичаено, информираат од ЈСП „Скопје“.

Дежурни од 7 до 13.30 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар, Зелено пазарче и
билетарницата во Ѓорче Петров.

Жичарницата ќе работи од 10 до 18 часот, притоа 17 – 17.30 часот е последно возење од доле
нагоре, односно 17.45 часот е последно возење од горе надоле.