Сончево и потопло, попладне услови за краткотраен пороен дожд


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и значително потопло. Попладне на места ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени …

Сончево и потопло, попладне услови за краткотраен пороен дожд Read More »

Сали: Од астма заболени од 80.000 до 100.000, бројката во постојан пораст


Светски ден на астма согласно календарот на Светската здравствена организација (СЗО) годинава се одбележува на 3 Мај и станува збор за сериозно хронично заболување кое достигнува бројка до 300 милиони пациенти во светот од сите возрасни групи, напиша вечерва министерот за здравство Беким Сали на својот Фејсбук профил. Министерот Сали наведува дека бројот на заболени …

Сали: Од астма заболени од 80.000 до 100.000, бројката во постојан пораст Read More »

Линии 100 и 200 до Саем на книга во СЦ „Борис Трајковски“


ЈСП Скопје информира дека од утре, среда (4.05.2022 год) до понеделник (9.05.2022 год), во редовниот линиски превоз ќе бидат вклучени две привремени линии кои ќе сообраќаат до СЦ „Борис Трајковски“. Станува збор за линиите 100 и 200, првата ќе сообраќа од Ново Лисиче, а втората од Дексион. -И двете линии се воведуваат за полесен пристап …

Линии 100 и 200 до Саем на книга во СЦ „Борис Трајковски“ Read More »

Иницијатива за прогласување на Охридско Езеро за заштитено подрачје во категорија III – споменик на природата


Владата на денешната седница ја разгледа и усвои информацијата за потребата од прогласување на Охридско Езеро за заштитено подрачје во категорија III – споменик на природата и донесе одлука за прифатливост на предлогот. Покрај тоа, Владата го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање да спроведе јавна расправа по предлогот до 30 јуни 2022 …

Иницијатива за прогласување на Охридско Езеро за заштитено подрачје во категорија III – споменик на природата Read More »

Научен симпозиум: Гоце Делчев е наше минато и стварност


  Гоце Делчев е интимно вткаен во нашата душевност и нација и неговото дело е синонимно поврзано со нашата татковина. Гоце Делчев е наше минато и наша стварност, а наша завет е да ја реоткриеме вечната духовност. Ова беше порачано на отворањето на научниот симпозиум „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“, што денеска и утре …

Научен симпозиум: Гоце Делчев е наше минато и стварност Read More »

Поради снимање на видео спот утре посебен режим на сообраќај на ул.„50 дивизија“ во Скопје


Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 04.05.2022 година (среда), во периодот од 07.00 до 13.00 часот, поради снимање на видео спот, МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на ул.„50 дивизија“ во Скопје, односно сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги …

Поради снимање на видео спот утре посебен режим на сообраќај на ул.„50 дивизија“ во Скопје Read More »

Владата ги укинa ковид-мерките


Владата на денешната седница одлучи да ги укине сите останати ковид-мерки, со исклучок на задолжителното носење заштитни маски во здравствените домови, аптеките, јавниот превоз и центрите за нега на стари лица и лица со посебни потреби, објави на својот Фејсбук профил првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби. Тој …

Владата ги укинa ковид-мерките Read More »

Тупанчески: Драстично ќе се намалат казните за клевета и навреда за новинарите


Слободно новинарство е еднакво на квалитетно новинарство. Слободни и независни медиуми се неопходни за промоција и заштита на демократијата во сите сегменти од општеството, порача министерот за правда Никола Тупанчески по повод Светскиот ден на слобода на медиуми. Тупанчевски во соопштението до медиумите истакнува дека на граѓаните им се потребни точни, навремени и проверени информации, …

Тупанчески: Драстично ќе се намалат казните за клевета и навреда за новинарите Read More »

Падобранска опрема паднала врз куќа во Неготино 


Дел од падобранска опрема паднал врз куќа во Неготино, потврди за МИА, Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес. – Вчера во ОВР Наготино , од Б.С (35) од Неготино било пријавено дека дел од падобранска опрема, паднал на кров од неговата куќа и оштетил неколку керамиди. Извршен бил увид од екипа од ОВР Неготино и …

Падобранска опрема паднала врз куќа во Неготино  Read More »

Од утре на Градскиот плоштад во Скопје ново издание на Фестивалот „Вино Скоп“


 Фестивалот „Вино Скоп“, што традиционално се одржува од 2006 година, по паузата поради ковид пандемијата, утре ќе започне одново на Градскиот плоштад во Скопје. На Фестивалот ќе учествуваат повеќе од 25 винарии од земјава, претставници од странство и бројни уметници и музички бендови, а првпат на него ќе има и Базар на ракотворби. – Од …

Од утре на Градскиот плоштад во Скопје ново издание на Фестивалот „Вино Скоп“ Read More »

„Цел Центар на точак“, субвенции за велосипеди, Е-велосипеди и Е-тротинети


Општина Центар утре го објавува Јавниот повик со кој го започнува проектот „Цел Центар на точак“, за субвенционирање на 30 отсто од цената за купување нов велосипед, електричен велосипед и електричен тротинет. Од утре, среда, 4.05.2022 година, секој полнолетен жител на Општина Центар што ќе купи велосипед, е-велосипед или е-тротинет ќе добие субвенција, но најмногу …

„Цел Центар на точак“, субвенции за велосипеди, Е-велосипеди и Е-тротинети Read More »

Светски ден на слобода на медиумите: Време е за суштински промени кои ќе гарантираат слобода во работењето на новинарите


Денешниот Светски ден на слободата на медиумите е важен потсетник за медиумската одговорност за транспарентни и одговорни институции и за почитување на слободите на медиумите со цел да се креира амбиент во кој тие ќе ја вршат својата работа согласно професионалните принципи на новинарството, ослободени од политички и економски притисоци, изјави претседателот Стево Пендаровски, на …

Светски ден на слобода на медиумите: Време е за суштински промени кои ќе гарантираат слобода во работењето на новинарите Read More »

Регистриран 21 нов случај со Ковид-19, починаа двајца пациенти


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 773 тестови, а регистриран е 21 нов случај со Ковид-19 и 71 оздравен пациент. Од 21 новозаболен, кај петмина се регистрирани реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од …

Регистриран 21 нов случај со Ковид-19, починаа двајца пациенти Read More »

Почнува Саемот на книгата во арената „Борис Трајковски“


Над 60 издавачки куќи од земјава, како и од Турција, Србија, Косово и Албанија ќе се претстават на годинашното 34-то издание на Саемот на книга што се одржува во арената „Борис Трајковски“ од денеска до 9 мај. Фокусот годинава е ставен на детската литература односно на привлекување на најмладите читатели. На Саемот оваа година ќе …

Почнува Саемот на книгата во арената „Борис Трајковски“ Read More »

Најмногу дожд наврна во Тетово и Пожаране, најмалку во Гевгелија


Во изминатите 24 часа најмногу дожд, 22 литри на метар квадратен, наврнало во Тетово и Пожаране, а најмалку, четири литри во Гевгелија. Како што информира УХМР, утрово е најсвежо во Попова Шапка, нула степени, а најтопло е во Гевгелија каде се измерени 11 степени. Минималните температури до 8:30 часот изнесувале два степени во Лазарополе, три …

Најмногу дожд наврна во Тетово и Пожаране, најмалку во Гевгелија Read More »

Денеска без струја дел од Кисела Вода


Од ЕВН Македонија АД известуваат дека на ден 03.05.2022 година (вторник) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од ул. „Христо Татарчев“ 15, „Христо Татарчев“ 1 (објектите меѓу „Унилукс“ и „Метекс“), и „Христо Татарчев“ 13 објектите на „Енерго системи“ и “Скендеровски“ кај новиот кружен тек во …

Денеска без струја дел од Кисела Вода Read More »

На граничниот премин Богородица за влез во државата се чека околу 30 минути


На граничниот премин Богородица, за влез во државата, има чекање околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопштуваат од АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози, со умерен интензит на патните правци надвор од градските средини. Се препорачува прилагодена …

На граничниот премин Богородица за влез во државата се чека околу 30 минути Read More »

Македонија скокна за 33 места на Индексот на медиумска слобода


Во најновиот Светски индекс на слободата на медиумите во светот, објавен денеска од Репортери без граници Северна Македонија се најде на 57. место, во групата на проблематични земји.  Ова е подобрување за 33 места во однос на 2021 година кога Македонија беше на 90 место. Инаку, во групата „Проблематични“ се и Ерменија (51), Романија (56), …

Македонија скокна за 33 места на Индексот на медиумска слобода Read More »

Променливо облачно и посвежо, со краткотрајни врнежи


Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, со краткотрајни повремени врнежи од дожд и со нестабилност. Минималните утрински температури ќе се движат од 4 до 10 степени, а максималните дневни од 8 до 18 степени. Од утре, како што информира УХМР, дневната температура ќе биде во пораст, а во попладневните часови ќе има услови …

Променливо облачно и посвежо, со краткотрајни врнежи Read More »

Научен симпозиум „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“


Научниот симпозиум „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“ денеска ќе биде отворен во Музејот на македонската борба, во организација на Институтот за национална историја – Скопје. На шесте работни сесии, што ќе се реализираат денеска и утре во Музејот на македонската борба и во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ свои реферати ќе презентираат 46 …

Научен симпозиум „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“ Read More »