Бутел доби парк „Олимписки сон“ посветен на сребрениот медал на Георгиевски


Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, на официјалната Фејсбук страница, објави фотографии од новиот парк „Олимписки сон“.

Имено, паркот како што истакна Костовски, е посветен на историскиот освоен сребрен медал на Дејан Георгиевски во таеквондо.