ДСЗИ: Информација по извршениот инспекциски надзор за починатиот пациент од Берово


Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) информира дека по допрен глас за починат пациент од Берово после хируршка интервенција на заб, извршен е вонреден инспекциски надзор во сите здравствени установи каде се јавил на преглед во врска со здравствената состојба која завршила со смртен исход – матичен стоматолог, матичен лекар и Итна медицинска помош Берово, […]

Билетите за бесплатен превоз средношколците од прва година ќе ги добијат во училиштата


Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ соопшти дека  учениците од прва година средно образование, кои ги исполнуваат условите за бесплатен превоз, билетите ќе ги добијат во матичните училишта. -Учениците од повисоките одделенија, во случај да има потреба од нова електронска картичка „Скопска“ (поради изгубена картичка и слично), нова/дупликат можат да обезбедат во кој било центар за персонализација […]

Повторно пропадна камион во фонтаната на плоштадот „Македонија“


Камион повторно пропадна во партерната фонтана на плоштадот „Макадонија“ во Скопје. Од утрово, на Плоштадот се поставува бина и шатори за фестивалот на пивото „Пиволенд“ кој го организира Град Скопје, а еден од камионите кој носеше опрема пропадна низ плочките. Ни пајакот кој дојде не успеа да го извлече пропаднатиот камион. „Приватен субјект со возило […]

До петок нестабилно со пороен дожд и грмежи


  До петок ќе се задржи нестабилно време, претпладне претежно сончево, а во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, соопшти УХМР. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Максималните температури до понеделник ќе се движат […]

Настава без антиковид-мерки, ќе доцнат учебниците за прво, второ, четврто и петто одделение


Наставата од новата учебна 2022/2023 година ќе се реализира во отворени училишта и без антиковид-протоколи и обврска за носење заштитни маски. -Засега не се предвидуваат никакви дополнителни превентивни мерки, освен оние што се актуелни и во сила – за болниците, јавниот превоз, аптеките и за домовите за стари лица. Конкретно за училиштата, засега нема, изјави […]

ХЕМА апелира за редовни прегледи и пристап до иновативни лекови за лицата со леукемии, лимфоми и миеломи


Здружението ХЕМА во соработка со Фудбалската репрезентација на Македонија (ФФМ) и пациентската организација за лимфом Lymphoma Australia, по петти пат го одбележува месецот Септември – светскиот месец за подигнување на свеста на малигни болести на крвта со апел до граѓаните за редовни прегледи и до институциите на системот за овозможување пристап до иновативни лекови за […]

Фестивал на храна и вино во Струмица во рамки на Отворен Балкан, во соработка со EXIT


 Владата на 7 септември, во рамки на иницијативата Отворен Балкан, ќе организира регионален Фестивал на храна и вино во Струмица. Фестивалот ќе биде продолжение на Саемот на вино, храна и туризам што треба да се одржи од 1 – 4 септември во Белград. Како што информира владината прес-служба, регионалниот Фестивал на храна и вино во […]

На ГП „Табановце“ се чека половина час


  Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини изутринава е умерен. Поради зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце“ времето на чекање за влез и излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ. Сообраќајот на […]

Прв уписен рок на УКИМ за академската 2022/2023 година


На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје денеска и утре е првиот рок за пријавување за упис во прва година во академската 2022/2023 година за кандидатите кои се рангираат само според успехот од средното образование. На 15 и 16 септември е вториот и на 28 септември – третиот рок. За оние кандидати кои покрај успехот […]

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и ветер


  Времето ќе биде променливо облачно, од пладневните часови нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и услови за појава на град, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Минималната температура ќе биде во интервал […]

Астрономски календар


  Денеска е вторник, 30 август 2022 година, 237-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 128 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 55 минути, а ќе зајде во 19 часот и 13 минути. Денов трае 13 часа и 18 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе […]

Заврши шестгодишниот Проект за граѓанско учество на УСАИД


Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) денеска го одбележа завршувањето на шестгодишниот Проект за граѓанско учество, преку кој се поттикна и унапреди дијалогот меѓу граѓаните и владата за важни општествени прашања. Како што соопшти канцеларијата на УСАИД во Скопје, проектот го зајакна конструктивното учество на граѓанските организации во врска со политики и прашања насочени […]

Добитниците на највисоките признанија на СВП на прием кај Пендаровски


Претседателот Стево Пендаровски, денеска ги прими Кенсаку Таникава, син на јапонскиот поет Шунтаро Таникава – годинешен лауреат на наградата „Златен венец” на Струшките вечери на поезијата, Џерардо Мазучо, италијански поет и добитник на наградата „Мостови на Струга“, израелскиот поет Амир Ор, лауреат на Струшките вечери на поезијата за 2020 година и Тодорче Тасевски, директор на […]

Во последните три дена 389 случаи на Ковид-19, пријавени четири починати лица


  Во последните три дена (од 26.08 до 28.08.2022), регистрирани се 389 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.561 тестови, пријавени се вкупно четири починати лица, две преку системот „Мој термин“ и две во последните три дена, евидентирани се и 698 оздравени пациенти, информира Министерството за здравство, повикувајќи се на податоците од Институтот за јавно […]

Бочварски: Започнуваме со реализација на цевковод за водоснабдување во општина Новаци


Како централна власт продолжуваме да инвестираме значајни средства во локалните самоуправи. Даваме поддршка на сите општини за реализација на инфраструктурни проекти со кои директно го подобруваме квалитетот на животот на граѓаните, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски во Новаци, каде денеска започнуваат градежните работи за изведба на цевковод за водоснабдување на населените места […]

Со новиот ДУП за Кале се предвидува поголемо зеленило


Завршија јавните презентации на предлог ДУП-овите кои го регулираат просторот околу тврдината Кале. -Во новите ДУП-ови на Кале, ЦС 01 и ЦС 14, намалена катност на објектите и зеленило на површина од околу 30.000 м2. Наместо хотелски комплекс со шест ката и поткровје, катноста е намалена на три ката и добиено е зеленило на површина […]

Грковска: Доброто владеење е клучно за демократијата


  Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска учествуваше на завршниот настан на Проектот на УСАИД за граѓанско учество: „Шест години Проект на УСАИД за граѓанско учество – Силни граѓани за отчетни институции“, на кој имаше воведно обраќање и беше дел од панел дискусијата поврзана со антикорупциските политики и транспарентноста. Грковска, како […]

Отворена сензорна соба во основното училиште „Гоце Делчев“ во Центар


Во основното училиште „Гоце Делчев“ во општина Центар денеска беше отворена сензорна соба, единаесетта по ред, како дел од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, финансиран од Европската Унија. Во училиштето има 23 деца со попреченост, од кои десет се со МКФ-процена, пет се со извештај од специјалист и осум аутистични. – Како проект, […]

УХМР најавува невреме: Додека грми да не се престојува на отворено и под осамени дрвја


УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и локално невреме. Воедно предупредува, во случај на електрични празнења да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. Според УХМР, до среда времето на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во четврток и петок ќе има изолирана појава на нестабилност. Локално […]

Одгледувачите на овци се заканија со голем протест на 15 септември, си ги бараат субвенциите


  БИТОЛА – Одгледувачите на овци на 15 септември најавија масовен протест од револт поради неисплатените субвенции. Незадоволството ќе го искажат пред зградата на Министерството за земјоделство во Скопје, бидејќи како што велат, исплатата на субвенциите ги проби сите рокови. На четвртото годишно собрание на Сојузот на одгледувачи на овци „Модерен овчар“ што на 20 […]