Успешно заврши мисијата за привремено сместување на загрозените лица од Авганистан ангажирани од НАТО


Последното осумчлено авганистанско семејство претходно ангажирано од НАТО што беше згрижено во Северна Македонија денеска ја напушти земјава, со што успешно е заокружена мисијата за обезбедување привремено сместување на Авганистанците кои беа преземени од базата „Бехтел” во Косово, објави на фејсбук министерот за надворешни работи Бујар Османи. – За време на нивниот престој во Северна […]

Хуманитарна изложба „За Кираца од пријателите“


  Под мотото „Ако љубов немам – ништо не сум“ вечер во 20:30  во „НЛБ Галерија“ ќе биде отворена хуманитарна изложба во чест и спомен на хуманистката и економист Кираца Апостолова. -На јубилејот 35 години од нејзиното раѓање, сите кои ја познаваа Кираца ќе имаат можност да ѝ оддадат почит со нивното присуство на настанот […]

ГОБ „8-ми Септември“ со јапонски донации во вредност од 161.000 евра


Во Градска Општа Болница „8-ми Септември“ – Скопје, денеска ќе се одржи настан по повод затворањето на два проекта во рамки на Јапонската програма за мали проекти односно GGP, во вредност од 161.000 евра. Како што соопштија од Амбасадата на Јапонија, на свечената церемонија ќе присуствуваат министерот за здравство Беким Сали и јапонскиот амбасадор Хиронори […]

Намален бројот на новозаболени, оздравени и починати од Ковид-19


  Во периодот од 22 август до 28 август тестирани се вкупно 5.815 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 15,3 отсто во однос на претходната недела. Регистрирани сe 1.763 нови позитивни случаи од 34 градови во државата, со намалување од 34,3 отсто […]

Променливо и нестабилно време, попладне дожд, грмежи и ветер


  Времето денеска ќе биде променливо облачно, од пладневните часови нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 31 август 2022 година, 238-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 127 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 56 минути, а ќе зајде во 19 часот и 11 минути. Денов трае 13 часа и 15 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее […]

МОН: Бесплатен пристап до светската научно истражувачка база EBSCO за научната и академската заедница во земјава


Министерството за образование и наука соопшти дека ќе продолжи да им обезбедува на јавните универзитети во државава, Македонската академија на науките и уметностите и на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски” во Скопје бесплатен пристап до една од водечките научно истражувачки бази во светот – EBSCO. Владата, како што посочуваат од МОН, го прифати […]

Арсовска: Сите екипи се на терен, се интервенира на сите локации, штетите се санираат


Сите екипи се мобилизирани и се на терен, меѓу кои и Противпожарната бригада на градот Скопје, која со успешна интервенција успеа да спаси над 20 лица од невремето. Се санираат штетите кои се предизвикани пред се од обилните наноси на дожд, има голем број откорнати и паднати дрвја кои имаат нанесено значителни материјални штети, а […]

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ го расчистуваат градот од паднати дрвја и гранки


  Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ по попладневното невреме кое го зафати Скопје веднаш излегоа на терен заради расчистување на паднати гранки и дрвја и овозможување на нормално функционирање на градот. Досега се пријавени  над 40 локации на кои е побарана наша интервенција но од час во час стигнуваат и нови пријави. Се случува на една локација да  има паднати  повеќе дрвја и гранки така што бројот на потребни интервенции е многу поголем. […]

По невремето „Комунална хигиена“ ги расчистува скопските улици


ЈП Комунална хигиена-Скопје  спроведува засилени активности за расчистување по обилните дождови што попладнево го зафатија градот Скопје По денешните обилни врнежи од дожд, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје спроведуваат активности за расчистување на јавните и сообраќајните површини, со цел да се овозможи проодност на движењето на пешаците и безбедно одвивање на сообраќајот. Активностите се одвиваат […]

Полициски службеници извлекуваат заглавени возила во Скопје


Полициски службеници во координација со другите институции им помагаат на граѓаните во Скопје по големото невреме. Се извлекуваат заглавените возила од подвозниците кај хотелот Александар палас, кај Континентал и кај стоковна куќа Мост.   Интервенира и службата за итна медицинска помош. За МИА информираа дека добиле пријави за повредени граѓани, но оти засега не се […]

Скопје цело поплавено – градоначалничката Арсовска свика итен состанок на Кризниот штаб


По невремето кое го зафати Скопје, градоначалничката Данела Арсовска свика итен состанок на Кризниот штаб на Град Скопје. Ова го соопштија од Град Скопје. Има информации од Скопско за поплавени улици, паркинзи, подруми, гаражи, паднати покриви од згради, паднати билборди, многу искршени дрвја кои паднале и врз автомобили и слични случаи предизвикани од невремето… Од […]

Во Берово наврнати 11 литри на м2, во Крушево девет, а три во Маврово


Во изминатите девет часа до 17 часот во Берово наврнаа 11 литри на метар квадратен, во Крушево девет, а три во Маврово, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи од каде посочуваат дека за врнежите во Скопје ќе информираат после 20 часот. До крајот на денот, како што информираат, во Скопско и Тетовско се уште времето ќе […]

Силно невреме со град во Скопје, има и штети (фото, видео)


Невреме проследено со пороен дожд, град, грмотевици и ветер попладнево го зафати Скопје. Силниот дожд и градот го отежнуваат движењето по улиците чии коловози се под вода. Граѓани јавуваат за поплавување на улици, подвозници, куќи и дворови, како и за одлетани покриви, за паднат билборд кај Три бисери, паднато дрво во Топаанско поле…  УХМР најави […]

Академијата за судии и јавни обвинители не избра нов директор


Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители денеска на јавна седница не избра директор по огласот на Академијата. На огласот за директор на Академијата пристигнати биле две кандидатури, од актуелната директорка Наташа Габер Дамјановска и судијката Оља Ристова. За Габер Дамјановска четворица гласаа „за“ и пет „воздржани“, додека за Ристова еден „за“ и […]

САС на МПЦ-ОА го поздрави и благодари за признавањето на афтокефалноста од страна на РПЦ


  Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), на својата редовна седница одржана денеска ја поздрави одлуката на Руската Православна за признавање на афтокефалноста на МПЦ-ОА. – Светиот Синод со голема радост и благодарност ја прими веста за прифаќањето на автокефалниот статус на Македонската Православна Црква – Охридска […]

Регистрирани 240 нови случаи на Ковид-19, починати се четири лица


  Во последните 24 часа од направени 1.084 тестови, регистрирани се 240 нови случаи на КОВИД-19. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, од новорегистрираните од Скопје се 119, Битола – 23, Куманово – 14, Прилеп – 13, Охрид – 12, Кавадарци – 9, Тетово – 7, Кочани – 5, Велес, Гостивар, Струмица, Крива Паланка […]

Ученици принудени да патуваат со километри на настава во Илинден  – одлуката кажана во последен момент


Родители од основното училиште „Гоце Делчев“ во Илинден најавуваат бојкот на наставата од 1 септември поради одлуката на директорката да ги премести помалите одделенија во новото, монтажно училиште кое в четврток треба да се отвори, а кое е неколку километри подалеку од објектот во кој лани учеа овие деца. Станува збор за учениците од 1-5 […]

Нуредини и Беџети разговараа за одржливо решение за кањонот Матка


Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, денеска во просториите на Министерството се сретна со градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети. На работниот состанок се разговарало за поддршката на Министерството за животна средина и просторно планирање на општината Сарај, во реализацијата на повеќе проекти од областа на животната средина. – Имено, беше дискутирано […]

Општина Охрид ќе продолжи со поддршка за подвизите на Марко Пејчиновси


Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков денеска го прими младиот пливачки херој Марко Пејчиновски, кој викендов исплива 64 километри во водите на Охридското Езеро, на релација Охрид – Струга – Свети Наум – Охрид. Тој најави дека Општината ќе даде поддршка за Марко, со надеж дека и во иднина ќе продолжи да биде спортски пример […]