ССМ утре одлучува за штрајк во „Водовод“, од Матовски се бара оставка


Состојбите во скопски „Водово и канализација“ ексалираат, по повеќедневни повици од Сојузот на синдикати на Македонија, да биде разрешен вонредниот директор, Марјан Матовски, а за утре закажан е состанок на синдикатите на кој ќе се одлучува за штрајк во ова претпријатие.

Денеска, ССМ обвини дека директорот на „Водовод и канализација“, Марјан Матовски, има пресуда, откако нападнал лице со нож, нанесувајќи му тешки телесни повреди, што според нив, законски е недозволиво осудувано лице да извршува ваква дејност.

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски покажа пресуда на чија последна страница наводно стори дека има упатно решение, кадешто се упатува на издржување затворска казна. Тој рече дека овие докази ќе ги достават и до градоначалничката Данела Арсовска и до Градот Скопје. Го повика директорот Марјан Митовски да си поднесе неотповиклива оставка, барем од морални причини, „бидејќи ние работниците веќе се плашиме да одиме на работа, знаејќи што овој човек направил на друг човек со ладно оружје и тука прекинува секоја наша соработка“.

– Доколку не си поднесе оставка го повикувам градоначалникот на градот Скопје и Советот да го разрешат веднаш – рече Димовски на денешната прес-конференција пред просториите на „Водовод и канализација“.

Во меѓувреме, стигна реакција од в.д. директорот на „Водовод“, Матовски, кој вели: „Жалиме што првиот синдикалец, како што сака да се нарече г-дин Дарко Димовски во обид да го покрие сопственото нетрпение кон директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Марјанчо Митовски, решил да безочно да лаже. Вистината е дека Митовски не лежел затвор и не постои таква пресуда. Она што навистина го фрустрира претседателот на ССМ е одземањето на привилегиите кои ги уживала неговата сопруга Лила Димовска која впрочем е вработена во ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Службено возило, службен телефон, платени отсуства од по шест месеци и уште толку неплатени отсуства и бројни други привилегии преку кои повеќе не можат да ги користи ниту да се богати семејството Димовски“.

Тој побара „лагата која ја лиферувал Дарко Димовски од ССМ во наредните 48 часа (да ја повлече), во спротивно, вистината ќе ја докажуваме пред надлежниот суд“.

Прашан за овие контраобвинувања од Матовски, Димовски ртече дека „еаботникот Лила Димовска, на работно место помлад соработник за безбедност и здравје… нека повели да им отворат дисциплинска постапка за сето она што е искажано, а е невистина, бидејќи ние како претставници на работниците на Синдикат го проверивме, нека повелат нека ѝ го земат службениот телефон кој го нема, нека повелат нека ѝ го земат службениот број кој го нема, нека повелат нека ѝ го земат службеното возило кое го нема и да ѝ отворат дисциплинска постапка. Ако јас грешам, нека повелат уште утре да ја избркаат од работа согласно дисциплинската постапка“.

Прашан за информациите од градоначалничката Данела Арсовска дека во ова претпријатие има работници кои земаат 40 или 60.000 денари плата во „Водовод и канализација“, а не работат, Димовски рече градоначалничката да отвори дисциплински постапки кадешто овие неработници ќе ги отстраниме од своите работни места.

– Ние како Синдикат се залагаме да нема неработници, кои не се појавуваат на работа, а земаат плата. За утре е закажан состанок во ССМ за да се закаже штрајк – информира Димовски.

Проблемите во „Водовод и канализација“ почнаа пред околу еден месец, кога Арсовска го разреши директорот, за наводна вмешаност во афера со проектот на прочистителната станица во Скопје, врден најмалку 136 милиони евра и по назначувањето на Марјан Матовски за нов в.д. директор.