Јавен конкурс за млади луѓе на тема „Безбедност, солидарност и соработка“


Мисијата на ОБСЕ во Скопје во соработка со Агенцијата за млади и спорт и Националниот младински совет објавија конкурс на тема  „Што значи безбедноста, солидарноста и соработката за вас?” наменет за млади на возраст од 15 до 29 години.

Учесниците на конкурсот  може да се изразат за она што најмногу ги засега на различни креативни начини, како видеосодржина (YouTube видео, TikTok, Reels, Podcasts…), креативна графичка содржина (дизајн, стрип, илустрација…), фотографија, сликарство или цртање и есеј.

Конкурсот е отворен до 15 ноември 2022. Креативната содржина треба да се достави преку е-пошта на [email protected] и [email protected] при што ќе биде наведено име и презиме на учесникот на конкурсот, датум на раѓање, телефонски број, мејл и градот од каде што е, со наслов: „Јавен конкурс на тема безбедност, солидарност и соработка“.

Креативните содржини може да се прикачат на услугата за споделување датотеки (WeTransfer, Dropbox, Google Drive…) и да се испрати линкот во мејлот на апликантот.

Комисија составена од претставници на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Агенцијата за млади и спорт и Националниот младински совет ќе ги оценуваат поднесените содржини и ќе награди три најдобри содржини.

За прво место наградата е активна камера Go Pro Hero 9 Action Camera, втората награда е паметен часовник Гармин Vivoactive 4, а третата – слушалки JBL Bluetooth Earbuds.