Обновена полициската станица во Свети Николе


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со дел од раководството на МВР и градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев, денеска изврши увид во целосно реновираниот објект на Полициската станица од општа надлежност Свети Николе, како дел од континуираните активности на МВР за материјално-техничко и инфраструктурно унапредување на полицијата. Полициската станица од општа надлежност […]

Мерките се за намалување на трошоците, а не за раскинување договори за работа, вели Ковачевски


  Премиерот Димитар Ковачевски денеска потврди дека ниту еден вработен нема да остане без работа, а мерките што ги донеле како Влада, се однесуваат на намалување на трошоците и за фискална консолидација во државата. – Мерките се однесуваат на намалување на трошоците и за фискална консолидација во државата, и исто така зголемување на приходите. Ниту […]

До задутре сончево и топло преку ден, од четврток пониски температури


До задутре утрата ќе бидат студени, наместа температурата ќе се спушта под нулата и по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот ќе се задржи сончево и релативно топло, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. В четврток ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието што ќе предизвика во […]

Петровска – Шарец: Словенија и Македонија споделуваат иста визија за Регионот, стабилност, мир и безбедност


Министрите за одбрана на Северна Македонија и на Словенија, Славјанка Петровска и Марјан Шарец, на денешната средба во Љубљана ја потврдија заедничката заложба за посилна одбранбена соработка бидејќи двете држави споделуваат заеднички вредности и иста цел – стабилен, мирен и безбеден регион со сигурна европска иднина.   Министерката Петровска по средбата со нејзиниот колега и […]

Со Национална стратегија за млади ќе се подобрува социекономската положба на младите


Агенција за млади спорт почна со изработка на Национална стратегија за млади 2023-2027, која има за цел подобрување на социекономската положба на младите и создавање на средина која ќе им овозможи на младите да ги остварат своите потреби и интереси. Оваа стратегија ќе се изработува во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), […]

Општина Вевчани дел од листата на најдобрите сто приказни за зелени дестинации


Општина Вевчани соопшти дека со проектот за развој на одржлив туризам „Vevcani Green” е вклучена во натпреварот сто прикзани за зелени дестинации Top 100 Good Practice Stories на Green Destinations. Секоја година, натпреварот собира одржливи туристички приказни и добри практики од дестинации ширум светот за да бидат споделени како инспиративни примери, а дестинациите добиваат признание за […]

ЕСМ се дообјаснува за потпишувањето нови договори за парното


Новиот снабдувач со топлинска енергија на градот Скопје, ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје, како носител на лиценца издадена од Регулаторната комисија за енергетика има обврска да ги снабдува потрошувачите со топлинска енергија во согласност со Лиценцата, Законот за енергетика и актите кои ги носи Регулаторната комисија за енергетика. Заради регулирање на потрошувачкиот однос на […]

Докторски и постдокторски истражувачки стипендии во Романија за студиската 2022-2023 година


Амбасадата на Романија во земјава известува дека Министерството за надворешни работи на Романија преку програмата „Eugen Ionescu“ доделува три месечни  докторски и постдокторски стипендии за истражување и мобилност на државните високообразовни институции во Романија. Како што објави МОН, овие стипендии се реализираат во соработка со франкофонската глобална мрежа на високообразовни и истражувачки институции (AUF) Agence universitaire de […]

Недела на бесплатни прегледи и консултации на пациентки во менопауза на ГАК


 По повод Светскиот ден на менопаузата -18 Октомври, од денеска до 21 октомври на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје ќе се организира недела на бесплатни прегледи и консултации на пациентки во менопауза. Како што информираат од Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство, целта на Светскиот ден на менопаузата е да се подигне […]

Минусни температури во Берово, најтопло во Дојран


Во Берово изутрина во 8:30 часот се измерени – 2 степена, 2 во Лазарополе, 3 во Скопје – Петровец, Крива Паланка, Струмица, Битола, Маврови Анови. Во Тетово температурата изнесувала 4 степени, 5 во Демир Капија, Попова Шапка, Прилеп, 6 во Виница, Штип Претор, Крушево, Куманово, Дебар, Скопје – Зајчев Рид, 7 Охрид, 8 Гевгелија и […]

Почнува изработката на нова Национална стратегија за млади


Агенцијата за млади и спорт во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) организираат настан по повод почетокот на изработката на нова Национална стратегија за млади 2023-2027. Во изработката на Национална стратегија за млади 2023 – 2027 ќе бидат вклучени […]

Маричиќ од денеска престојува во Брисел, започнува скринингот за Кластер 3, „Конкурентност и инклузивен раст“


Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, од денеска престојува во Брисел, по повод започнувањето на објаснувачките скрининг состаноци за Кластерот 3, „Конкурентност и инклузивен раст“. Објаснувачкиот скрининг за овој Кластер започнува со денешниот објаснувачки состанок за Поглавјето 10, „Дигитална трансформација и медиуми“, на кој македонскиот преговарачки тим […]

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за измени на Законот за здруженија на собраниска седница, за Маричиќ иницијативата е вредна за разгледување


Предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации, со кој треба да се спречи контроверзни имиња да бидат имиња на здруженија на граѓани, по скратена постапка, е дел од дневниот ред на денешната 88. седница на Собранието, а на предлог на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи. Предложените законски измени следат по […]

Петровска во Љубљана на средби со Шарец и Пахор


Министерката за одбрана Славјанка Петровска заедно со делегација од Министерството и Армијата, на покана на словенечкиот министер за одбрана Марјан Шарец, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Република Словенија. За време на посетата министерката Петровска ќе има средба со министерот Шарец, по што ќе се одржат и билатерални разговори меѓу двете делегации, […]

Отворени денови на Институтот за македонски јазик


Во Амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ –  Скопје, денеска ќе се одржи манифестација по повод седмите „Отворени денови на Институтот за македонски јазик“. Поздравни обраќања на отворањето, како што е најавено од Институтот, ќе имаат премиерот Димитар Ковачевски, проф. д-р Елена Јованова-Грујовска, директорка на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје и […]

Ниски утрински температури, па сончев и топол ден


Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 8, а максималната ќе достигне до 24 степени. Во Скопје сончево и релативно топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 22 степена. […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 17 октомври 2022 година, 289-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 76 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 46 минути, а ќе зајде во 17 часот и 51 минута. Денов трае 11 часа и 5 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее […]

Над 100 прегледи на деца за едно дежурство во болницата „Козле“


Приливот на пациенти во детската болница „Козле“ енормно расте. Над 100 е бројката на деца кои доаѓаат на преглед само на дежурство, а во абота и недела бројот е зголемен. Номнетално во болницата лежат 86 мајки и деца заедно, од кои само едно дете е заразено од Ковид.   Кашлање, пораст на температура, секреција од нос, […]

Социјално ранливите ќе добиваат по 3.000 денари во наредните четири месеци


Владата  денеска одржа  седница на која го усвои Предлоготзаконот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза, предложен од Министерството за труд и социјална политика. Целта на Предлог-законот е обезбедување финансиска поддршка на најранливите категории на граѓани, во услови на енергетска криза. Финансиска подршка од 3.000 денари месечно, за период од […]

Муцунски се фали, за една година имал повеќе проекти отколку СДСМ за четири


За помалку од една година мандат, одбележан со светска и домашна енергетска и економска криза, жителите на Аеродром се уверија дека Општината може да функционира подобро, а дадените ветувања да се остварат.Во овие неполни 365 дена, аеродромци забележуваат огромна разлика во начинот на кој функционира општината, а инвестициите и проектите што се спроведуваат се видливи […]