Алиу: Имаме 168 пациенти кои чекаат за бубрег, 37 за срце – од 1 октомври доброволно пријавете се за донор


 Во моментот имаме 168 пациенти што чекаат за бубрег, 37 пациенти што чекаат за срце, 12 за црн дроб и 23 за рожници. Затоа новото законско решение за органодарителство е голем исчекор кон здравствениот систем во државата. Ова го истакна денеска министерот за здравство Азир Алиу на прес-конференција посветена на трансплантацијата. Алиу истакна дека се […]

(Фото) Генералот Гринкевич: Мора напорно да се обучувате, да сме спремни за современото бојно поле


Врховниот командант на Сојузничките сили на НАТО за Европа (SACEUR), генералот Алексус Г. Гринкевич, во присуство на началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес ги посети припадниците на Армијата во касарната „Илинден“ во Скопје. За време на обраќањето пред присутните припадници на Армијата генералот Гринкевич го истакна нашето членство во најмоќниот сојуз во […]

Општина Чаир распиша Јавен повик за финансиска поддршка за поставување нови лифтови


  Општина Чаир распиша Јавен повик за доделување финансиска поддршка за поставување нови лифтови во колективни станбени објекти на територијата на општината, со цел подобрување на пристапноста, безбедноста и квалитетот на животот на граѓаните. Право на учество имаат заедниците на сопственици, овластените претставници избрани од сопствениците, како и другите правни форми на организирање, согласно Законот […]

Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ е отворен, но засега оди во куќите во Керамидница


  Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ конечно се става во функција, соопштија од Градот Скопје. Но, ова не значи дека од денеска може да се вози по него. Не! Од денеска се уриваат објекти кои стојат на трасата на патиштата кои треба да ги поврзат општините Аеродром, Гази Баба и Центар. Процесот беше стопиран со години, […]

Алиу: Додека сум министер ќе придонесувам кон здравствениот систем – дигитализацијата мора да продолжи


 Додека сум министер, постојано ќе придонесувам кон здравствениот систем, а и потоа ќе давам максимум од себе за заедницата. Ова го изјави денеска министерот за здравство Азир Алиу, одговарајќи на новинарски прашања. – Значи, јас уште сум министер за здравство до моментот кога во Собрание ќе се изгласа нов министер, и до тој ден, секоја […]

„Ќутете да слушнеме како ќе пука!“ Девојче на колена моли да престанат да го малтретираат врснички во Аеродром


Вознемирувачко видео кое се шири на социјалните мрежи прикажува врсничко насилство врз малолетно девојче во скопската населба Аеродром. На снимката се гледа како девојчето, клекнато на колена, моли за милост, додека неколку други девојчиња го навредуваат, му удираат шлаканици и го влечат за коса. Во меѓувреме, присутните не интервенираат, туку го снимаат инцидентот со мобилни […]

Приведен тетовец што фрлал вреќи со отпад во реката Пена (видео)


Приведен е 54-годишен тетовец поради сомнение дека фрлал вреќи со отпад во реката Пена, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во 18 часот на улицата ‘Љубо Божиновски Пиш’ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.С. (54) од Тетово, поради сомнение за сторено кривично дело загадување на животната […]

УХМР најавува невреме утре и во петок, од сабота стабилизација на времето


Утре и во петок времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, со повремени врнежи од дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според прогнозата, локално се очекуваат поинтензивни атмосферски процеси во форма на невреме, проследени со пороен дожд со количина поголема од 15 литри на квадратен метар, електрични празнења, силен ветер со […]

Воведена забрана за движење во Паркот на природата Езерани поради опасност од пожари


Од денес, заради високите дневни температури се воведува целосна забрана за движење во Паркот на прородата Езерани. Од Општина Ресен информираат дека со цел да се спречат секакви можности за пожар на отворено, и како поука од минатогодишните пожари, се воведува целосна забрана за движење во Паркот на природата Езерани. -Паркот на природата Езерани е […]

Командантот на Сојузничките сили на НАТО за Европа во посета на Македонија


Командантот на Сојузничките сили на НАТО за Европа (SACEUR), генералот Алексус Г. Гринкевич (Alexus G. Grynkewich) во рамки на посетата на нашата Армија денеска заедно со генералот Сашко Лафчиски ќе ги посети припадниците на Армијата на настан што ќе се реализира во касарната „Илинден“ во Скопје.  Генералот Алексис Г. Гринкевич како командант на Сојузничките сили […]

Во 2025 година, во Македонија се регистрирани 911 бесправно изградени објекти


Во Македонија, вкупно 911 бесправно изградени објекти се регистрирани во текот на 2025 година, според податоците објавени од Државниот завод за статистика. Според статистиката, најголемиот број згради изградени без дозволи се станбени згради, со 169 случаи или 18,6 проценти од вкупниот број. Од нив, 128 се исклучиво станбени згради, 24 се главно станбени, додека 17 […]

Лилјана Ристевска избрана за претседател на македонскиот Црвен крст


На Конститутивно-изборната седница на Собранието на Црвениот крст на Република Северна Македонија, Лилјана Ристевска е избрана за претседател на организацијата за новиот четиригодишен мандат. Со оваа одлука, таа станува првата жена претседател на Црвениот крст на Република Северна Македонија од осамостојувањето на државата, информираат оттаму. Изборот на Ристевска, велат, претставува значаен историски момент за најголемата […]

Во Дебар воведена рестрикција во водоснабдувањето


Јавното комунално претпријатие „Стандард“ информираше дека се воведува неколку часовна рестрикција во водоснабдувањето, бидејќи корисниците не ги почитувале претходните апели за заштеда на вода, односно да не се употребува за наводнување на градини, миење дворови, тротоари, па дури и улици пред домовите.  -Поради недостиг на вода во текот на денот, како последица на  нерационалното користење […]

Во 2025 година 911 бесправно изградени објекти


Во 2025 година се регистрирани 911 бесправно изградени објекти, објави Државниот завод за статистика.  Најмногу бесправно изградени објекти, 169, (18.6  проценти) се за домување. Од нив  128 се исклучиво станбени, 24 претежно станбени, а 17 за одмор и рекреација. Бесправно се изградени и 164 огради (18 проценти), 116 деловни објекти (12.7  проценти),  113 натстрешници (12.4 […]

Без струја дел од корисниците во Петровец, Центар, Карпош и Ѓорче Петров


Без електрична енергија денеска од 8 до 9 часот ќе останат  корисници на ул.„1“ во општина Петровец, а од 9 до 16 часот од ул.„Стив Наумов“ бр.69,65,63а,63б,102а,102б,102в, ул.„Славе Георгиевски-Шнајдерот“ бр.1,3,5 и 7, од ул.„Тетовска“  и од ул.„Јосиф Јосифовски-Свештарот“ бр.35,35а,37,36,34 и 32 во општина Центар.  РЦЕУК – Скопје информира дека прекин во снабдувањето со струја од […]

Летен времен режим на сообраќај за камиони на државните патишта


Од денеска до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Термините се следни: петок од 17:00 – 22:00 часот,  сабота […]

Трето издание на „Разговори за еднаквост” со фокус на родово заснованата дискриминација на работното место


Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) и проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, финансиран од Европската унија денеска го организираат третото издание на годишниот настан „Разговори за еднаквост“ на тема „Родово заснована дискриминација на работното место“. На отворањето на настанот ќе се обратат Душан Томшиќ, претседател на КСЗД, претставник од Делегацијата […]

Дел од Карпош без вода


Без вода денеска од 08:30 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците „Народен Фронт“ бр.21, потегот од Дом на Печат до „Франклин Рузвелт“ и „Васил Ѓорѓов“ во општина Карпош. Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато поради дефект на затворач ф-150 мм на ул.„Народен Фронт“ бр.21.

Сончево и топло, попладне локална нестабилност со пороен дожд


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа појава на краткотрајно невреме со град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од […]

Осмо издание на фестивалот “Запознај ја Преспа” од 3 до 5 јули во Брајчино


Годинава по осми пат од 3 до 5 јули ќе се одржи фестивалот “Запознај ја Преспа”. Во духот на оваа иницијатива чија цел е обединување на Преспаните од трите крајбрежја на Преспанското езеро во три различни држави, програмата на овогодишното издание на фестивалот го рефлектира богатството на различностите, духот и традицијата на Преспа како регион […]