МТСП: Ја зголемивме висината на правото на посебен додаток за 15 отсто за сите корисници


Министерството за труд и социјална политика известува дека на денешната седница на Собранието пратениците ги изгласаа измените на законите за детска заштита и за социјална заштита. – Со Законот за заштита на децата се уредува правото на посебен додаток, кој го има еден од родителите на детето, старател или лице на кое со решение на […]

Државата има идеи за развој на сината економија, потребна е поддршка


Република Северна Македонија, но и регионот имаат добри идеи за развој на сината економија, но недостасуваат поддршка и знаење, сметаат дел од учесниците на „Blue Economy summit“, што се одржува во Охрид во организација на „Prime Blue Institute“. Сината економија, како што појасни Зоран Мариновски претседател на „Prime Blue Institute“, подразбира се што е поврзано […]

Донесени законите за судска, јавнообвинителска служба и за извршување санкции


Во Собранието денеска на продолжението на 82 седница по скратена постапка се донесоа законите за судска служба, за јавнообвинителска служба како и за извршување санкции. Како што стои во образложението на законите за судска и за јавнообвинителска служба, основната цел на новото законско решение за судска, односно јавнообвинителска служба е постигнување на еднаквост на вработените […]

ЈОРМ: Нема поврзаност на приведениот со дојавите за бомби во средните училишта


Лицето кое синоќа беше приведено поради постоење на сомнение за поврзаност со заканите за поставени бомби во неколку средни училишта, е пуштено на слобода откако по извршениот распит и претрес во неговиот дом, првичните вештачења не покажале негова поврзаност со испратените пораки, потврдуваат од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Како што посочуваат од ЈОРМ, […]

Спасени 57 дрвја на улицата „Васко Карангелески“


По реакција на Зелен хуман град, денеска нивни претставници се сретнаа со директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, по што се смени планот кој првично предвидуваше сечење на 57 дрвја при реконструкцијата на ул „Васко Карангелески“. Имено, на социјалните мрежи, од здружението ЗХГ реагираа за активностите на ул. „Васко Карангелески“ за сечење дрвја. Од ЈП […]

Собранието го донесе Законот за заштита на потрошувачите


Собранието денеска во рамки на продолжението на 79. седница го донесе Законот за заштита на потрошувачите по скратена постапка. Расправа по овој предлог се одвиваше вчера, а она што е новина и клучно во овој нов Закон е што се воведуваат, односно се дава посебно внимание на нечесни трговски практики, измамнички трговски практики и агресивни […]

Годинава 106 милиони долари од САД и 10 милиони евра од ЕУ за модернизација на Армијата


Една придобивка од процесот на европската интеграција е дека се отвораат нови фондови во делот на одбраната, изјави министерката Славјанка Петровска во денешното гостување во „Студио 10“ на ТВ24, истакнувајќи дека 10 милиони евра од Европскиот мировен фонд се достапни за Министерството за одбрана за купување на различен вид на опрема. Во контекст на сојузничката […]

Нацева-Фуштиќ и Клисаровска именувани за директорки на Детската клиника и на Онкологија


 Министерот за здравство Беким Сали за вршител на должност медицински директор на Универзитетска клиника за детски болести ја именува д-р Стојка Нацева-Фуштиќ, додека за нов в.д. медицински директор на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија ја именува д-р Виолета Клисаровска. Новоназначените директорки, како што соопшти Министерството за здравство, се именувани како вршители на должност до […]

Синдикатот на полицијата бара основната плата да изнесува едно евро – еден бод


Синдикатот на полицијата во Македонија денеска побара основната плата на вработените во полицијата да изнесува едно евро – еден бод. Во Синдикатот на Полицијата во Македонија сметаат дека вработените во МВР заслужуваат многу повеќе од, како што се посочува во соопштението, предвидените денари кои ги предлага Владата со новиот буџет за 2023 година. – Барем […]

Русковска и тројца обвинители во трка за нов шеф на обвинителството за организиран криминал


 Советот на јавните обвинители на РСМ ја изготви листата на пријавени кандидати кои ги исполнуваат условите за избор на основен јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. На листата се четворица кандидати: Ислам Абази, Незири Ермон, Пауновска Деса и Русковска Вилма, откако Енѓелуше Кадриу – Леши ја повлече пријавата. […]

Дополнителни автобуси на ЈСП за Задушница


Од ЈСП Скопје информираат дека поради верскиот празник Задушница, утре петок (4.11.2022 година) и во сабота (5.11.2022 година), на редовните линии 59 (Карпош3 – Кучевишка бара – Гробишта Бутел), 59А (Ново Лисиче – Гробишта Бутел) и 59Б (Кисела Вода – Гробишта Бутел) ќе сообраќаат дополнителен број автобуси.   ВОЗЕН РЕД во петок (4.11.2022 год)  Линија […]

До Нова година РЕК „Битола“ ќе добие „А“ интегрирана еколошка дозвола


  БИТОЛА – Оптимистички најави испраќа Министерството за животна средина дека РЕК „Битола“ конечно до крајот на оваа година ќе ја добие „А“ интегрираната еколошка дозвола. „Да, се очекува дозволата да биде издадена до крајот на годината“, потврдуваат од Министерството на Насер Нуредини за „Независен“. За волја на вистината битолчани со години наназад ги слушаат […]

Во сабота силен ветар, пообилни врнежи и заладување


Викендов ни следува заладување и силен ветар, но и дожд. Управата за хидрометеоролошки работи предупредува дека за време на викендот под влијание на циклонска активност од Медитеранот ќе преовладува облачно време со поремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и обилни (над 35 л/м2), особено од сабота кон крајот на денот до недела […]

На Правниот факултет повеќе нема да се учи англиски јазик


На Правниот факултет во Скопје најверојатно нема да се учи англиски јазик и англиска правна терминологија. Ова на Наставно-научниот совет го соопштил деканот на факултетот, објаснувајќи ја новата студиска програма на Правните студии. Професорот Тони Дескоски на Фејсбук извести за ова непријатно изненадување. „Проверив, на Правните факултети во Белград, Загреб и Љубљана, трите во првите […]

МВР направи претрес и одзело предмети од домот на Никола Николовски


 Со лицето кое синоќа беше приведено поради постоење на сомнение за поврзаност со заканите за поставени бомби во неколку средни училишта е извршен распит и претрес во неговиот дом.   – Со лицето е извршен службен разговор, во координација со Јавното обвинителство извршен е претрес во дом, одземени се предмети за вештачење и се преземаат […]

МСУ – Скопје иницира еколошки проект кон зачувување на здравата животна средина


Музејот на современата уметност – Скопје започнува со реализaција на проектот  „Пејзаж на вознемиреност“ (култура и уметност за идното коегзистирање со еколошките кризи и климатски промени). Реализацијата на проектот започнува утре на 4 ноември со работилница во Велес. Проектот се однесува на климатските состојби и еколошки предизвици, кои генерираат ургентни состојби преку екстремните временски услови, губење на биодиверзитетот, […]

ВМРО-ДПМНЕ објави директори на училишта што не пријавиле имот


ВМРО-ДПМНЕ почна да објавува имиња на директори на скопски училишта кои не пријавиле анкетни листови тврдејќи дека тоа го избегнуваат бидејќи кријат имот.  -Нема јавно објавени анкетни листови и пријавен имот Силвана Кржовска, директорка на СУГС Јосип Броз Тито која доаѓа од партијата на власт ДОМ, Митко Димовски, директор на СУГС Орце Николов, Горанчо Николовски […]

Постапката за признавање странски дипломи ќе биде по електронски пат


Постапката за признавање странски дипломи и образовни квалификации од утре, 4 ноември, ќе се реализира само по електронски пат. Поднесување барање за нострификација/еквиваленција на образовни квалификации стекнати надвор од Република Северна Македонија, заедно со сите неопходни документи согласно со правните прописи, како и електронско плаќање, ќе се прави преку порталот www.e-uslugi.mon.gov.mk. -Изработениот позадински софтвер овозможува електронско […]

Средношколци не одат во училиште, пуштен приведениот за заканите со бомби


Откако три пати досега се случи закана со поставени бомби во десетина скопски средни училишта, кои се покажаа како лажни, во една скопска гимназија утрово учениците се вратија дома, затоа што самоиницијативно се организирале, од страв за својата безбедност, да не посетуваат настава. Ова се случува на тромесечие, кога секојдневно се врши тестирање на стекнатото […]

АД „Пошта“: Намален капацитет и брзина поради надградување на системот, нема прекини во доставата


АД „Пошта на Северна Македонија“ соопшти дека поради одржување и надградување, а со цел подобрување на работењето, компјутерскиот систем во единиците на поштенската мрежа работел со намален капацитет и брзина, но во ниту еден момент немало прекин во доставата на поштенски пратки. – Продолжуваме посветено да работиме во интерес на нашите корисници. Ви благодариме на […]