Повторно дојави за бомби во училиштата, евакуирани „Карев“, „Орце“ и „Јосип Броз“


Попладнево учениците од втора и четврта година од скопската гимназија „Никола Карев“ се евакуирани по дојава за поставена бомба. Исто така, eвакуирани денеска се и „Орце Николов“ и „Јосип Броз Тито“. Припадници на антитерористичката единица со кучиња трагачи ги пребаруваат објектите. Во СВР Скопје, денеска околу 14 часот е пријавено дека на меил адреси на […]

Јовески сака да биде избран антикорупциски јавен обвинител со визија


 Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески упати порака до јавните обвинители во врска со гласањето за основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, соопшти Јавното обвинителство. – На 7 ноември се спроведува гласањето за избор на основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на […]

Викендов саем на мед во центарот на Скопје


  Повеќе од 20 изложувачи од сите краеви на земјава изложуваат мед и пчелни производи на штандовите што се поставени на плоштадот „Македонија“ во Скопје во рамките на четвртиот „Пчеларски саем на Македонија“ во организација на Пчеларската федерација на Македонија, под покровителство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. За време на тридневното траење на […]

Владата ќе продолжи да го субвенционира парното греење во Скопје до крајот на кризната состојба


Владата на денешната 99-та седница донесе одлука за преземање мерка за финансиска поддршка со засметување на разликата на цена на топлинската енергија на вршителите на енергетските дејности на пазарот на топлинска енергија, за потрошената топлинска енергија од страна на потрошувачите од категоријата домаќинства, во услови на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија. Оваа одлука […]

Викендов дожд и пад на температурите


За време на викендот ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, најавуваат од УХМР. Наместа врнежите ќе бидат поројни и обилни, над 35 литри на метар квадратен, особено утре во ноќните часови и во недела претпладне. Утре ќе дува засилен, повремено силен ветер, над 65 километри на час од југоисточен правец. В недела […]

МОН: Учениците нема да ги одработуваат часовите од евакуацијата


Училиштата имаат раководства кои се надлежни за организирање непречен воспитно-образовен процес, а тоа значи и обврска да се грижат за безбедноста на учениците додека престојуваат во објектите, велат од МОН во врска со тоа што ученици поради страв деновиве отсуствуваа од наставата во училиштата каде што беа пратени лажни дојави за поставени бомби. -Општините под […]

Аеродром објави конкурс за изградба на две градинки


Општина Аеродром објави конкурс за изработка на идејни решенија за две модерни и современи детски градинки. – Со ова, практично го реализираме едно од моите најважни ветувања за решавање на деценискиот проблем со недостаток на места во детските градинки, а истовремено ова е почеток на крајот на чекањата, ургенции и нервози со кои долг временски […]

МОН: Одлуката за пониска цена на струјата за училиштата обезбедува настава со физичко присуство


Владината мерка за снабдување на училиштата со електрична енергија по субвенционирана цена од 95 евра за мегават/час е голема поддршка за непречено организирање на наставата во форма која е од најголем интерес за учениците – со физичко присуство во училниците. Вкупно 366 основни општински училишта и 109 јавни средни училишта добиваат поддршка од државата заради […]

Спасовски го посети македонскиот Културно-информативен центар во Тирана


За време на работниот престој во Албанија, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го посети македонскиот Културно-информативен центар во Тирана, каде во моментов е поставена изложба на нашиот уметник Зоран Кардула.     – Ова пријатно катче беше отворено минатата година како место за иницирање на нови идеи за бројни заемни активности во областа на […]

Тупанчевски: Донесени законите со кои се зголемуваат платите на вработените во ЈО и во затворите


Собранието ги донесе законите за судска, за јавнообвинителската служба и за извршување на санкции со кои се зголемуваат платите на вработените, објави на својот Фејсбук профил министерот за правда Никола Тупанчевски. -Со Законите за изменување на законот за судска служба и за јавнообивинителска служба вработените ќе имаат повисока плата за 15 проценти. Со Законот за […]

УХМР: Октомври за 0,4 степени Целзиусови потопол од вообичаено


Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици октомври се карактеризира како нормален до топол и на повеќе места како сув месец во споредба со многугодишните просечни вредности. Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), средномесечната температура се движеше од 8,4 степени Целзиусови во Лазарополе до 16 степени во Гевгелија. -Споредено со просечните октомвриски средномесечни […]

Бутикот „Шејн“ во центарот на Скопје продава облека и од стакленик, може да плати казна


Во застаклен дел надворешен дел, што вообичаено им служи на угостителите да ги сместат пушачите, на улицата „Македонија“ во Скопје, бутикот „Шејн“ од пред еден месец продава облека. Колку е тоа дозволено е прашање, а инспектори од Општина Центар биле во бутикот, каде оставиле покана сопственикот да дојде кај нив на разговор. „Доколку се утврди […]

Штерјо Наков пријавен за исчезнат, па пронајден во Орешани


  По неколку часа потрага полицијата го пронајде познатиот бизнисмен Штерјо Наков кого семејството го пријави синоќа за исчезнат. Наков бил во неговата викендичка во селото Орешани во близина на Скопје.  Штерјо Наков беше 20 години директор на големата шпедитерска компанија „Фершпед“, која по приватизацијата прерасна во една од најуспешните фирми во Македонија. Пред девет […]

Пчеларски саем на плоштад „Македонија“ во Скопје


На плоштадот „Македонија“ во Скопје од денеска до недела ќе се одржи четвртиот „Пчеларски саем на Македонија“, каде се очекува пчелари од целата држава да ги презентираат своите пчелни производи.   Покровител на настанот е Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, а домаќин Град Скопје. Настанот е во организација на Пчеларската федерација на Македонија.   […]

„Пејзаж на вознемиреност“ – проект на МСУ за зачувување на здравата животна средина


Со работилница во Велес, Музејот на современата уметност – Скопје започнува со реализaција на проектот „Пејзаж на вознемиреност“ (култура и уметност за идното коегзистирање со еколошките кризи и климатски промени). Од МСУ – Скопје информираат дека проектот се однесува на климатските состојби и еколошки предизвици, кои генерираат ургентни состојби преку екстремните временски услови, губење на […]

Сончево со умерена облачност, од утре дожд и ветер


Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. До крајот на денот ќе биде значително облачно. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 19 до 24 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 4 ноември 2022 година, 307-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 58 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 10 минути, а ќе зајде во 16 часот и 24 минути. Денов трае 10 часа и 14 минути. Месечината ќе изгрее во 14 часот и 48 минути, а […]

Без вода утре дел од Тафталиџе


Поради дефект на приклучна цевка на ул. „Дамаска” бр.11б во населба Тафталиџе, утре без вода ќе останат дел од корисниците од улиците „Дамаска” и „Прашка”, како и објектите на гимназијата, градинката и О.У. Нова во Општина Карпош. Како што информираат од ЈП „Водовод и Канализација” прекинот во снабдувањето со вода ќе биде во периодот од […]

Грковска – Гир: Антикорупцијата дел од речиси сите поглавја


Сите институции треба сериозно да го земат предвид Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Северна Македонија и да се посветат на унапредување на ефикасноста и одговорното работење, заклучија на денешната средба вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска и амбасадорот на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир.   Грковска на средбата […]

Топланите Исток и Запад ќе се тестираат на дизел гориво, ЕСМ ветува дека нема да има застој за парното во Скопје


  Од средината на овој месец, АД ЕСМ ќе ги тестира двата капацитети за производство на топлинска енергија, топланите Исток и Запад со дизел гориво, наместо со природен гас. За време на овој тест период, скопјани и натаму редовно ќе имаат топли радијатори. Како што информираше денеска директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, тестирањето на […]