Маск се огласи по анкетата да си замине, не е тоа што очекувавме


Милијардерот и сопственик на Твитер, Елон Маск, се сложи дека во иднина само корисниците со сина ознака треба да гласаат за политиката која ја води компанијата.

Понатаму не коментираше ништи, откако заврши анкетата во која твитер корисниците гласаа да си оди од позицијата извршен директор на комапнијата, но Маск сега се огласи.

Иако не го коментираше она што сите го очекуваа – да објави дека заминува од позицијата извршен директор – Маск остави коментар на предлог на некои корисници.

Имано, корисниците предложија дека само налозите кои имаат верификација во вид на сина ознака треба да одлучуваат и да гласаат во идните анкети кои се однесуваат на политиката која ја води Твитер.

Маск се сложи со ова, истакнувајќи дека во прашање е добар предлог и дека Твитер ќе ја имплементира таа промена.

Сината ознака е обележје која ја добиваат Твотер профилите како доказ за автентичност, а може да се добие со плаќање претплата од осум долари месечно.

Уште чекаме официјална реакција на Елон Маск на резултатите од вчерашната анкета во која Твитер заедницата изгласа милијардерот да си замине од позицијата извршен директор на компанијата.