Без струја објекти околу Реонскиот центар во Аеродром и делови од Илинден, Јурумлери и Сопиште


  Поради технички интервенции во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе бидат дел од корисници околу Реонскиот центар во Аеродром, во населбата Илинден и во селата Јурумлери и Сопиште, информира Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје. Според информациите што центарот ги добил од ЕВН од 09 до 14 часот без струја ќе […]

Обвинителите ќе бираат шеф на Обвинителството за гонење на oрганизиран криминал и корупција


  На непосредни избори денеска јавните обвинители од земјава ќе гласаат за избор на нов шеф на Основното јавно обвинителство за гонење на oрганизиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). На гласачкото ливче се четворица кандидати Деса Пауновска и Ислам Абази, кои доаѓаат од Вишото обвинителство – Гостивар, Ермон Незири од скопското Обвинителство и суспендираната шефица […]

Магла по одделни котлини, преку ден сончево со мала облачност


  Претпладне ќе има магла или ниска облачност по одделни котлини, а во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 20 степени. Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и […]

Стерјовски: Бугарија троши милиони евра за пропаганда во Албанија


Шест здруженија од земјава, Бугарија, Грција, Србија, Албанија и Косово денеска во Штип потпишаа декларацијата „За унапредување на правата и слободите на Македонците во сите делови од Македонија“, во рамки на Семакедонскиот собир организиран од штипското Здружението „Мирка Гинова“. Во рамки на собирот беше отворена и изложба на која беа презентирани и документи од Американските […]

Ангелов: Во Скопје има мостови што се сериозна закана за граѓаните


 Центарот за управување со кризи (ЦУК) беше недоволно функционален, денеска успеавме многу работи да промениме на подобро, иако е потребно негово континуирано унапредување, истакна директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов на денешната прес-конференција на која беа презентирани активностите, достигнувањата и проблематиките на кои во иднина треба да се работи. Ангелов оцени дека благодарение на активностите и […]

УСАИД прослави 30 години партнерство со Македонија со културен настан во Битола


 Патувачкиот карван „Инспирирај се за иднината” на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) во Северна Македонија викендов ја посети Битола, каде беа презентирани активности предводени од млади луѓе, ученици, наставници, уметници, претриемачи и други професионалци кои се вклучени во различни програми на УСАИД. Тие јаснo ги манифестираа резултатите од долгогодишнитa работа, а со цел да […]

Од утре сончево со мала облачност, врнежи од дожд во сабота


 Од утре времето ќе биде стабилно со утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во текот на ноќта облачноста повторно ќе се зголеми. Ќе дува слаб променлив ветер. Нови врнежи од дожд се очекуваат во сабота, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје утре времето […]

Првиот снег падна на Пелистер


  Снегот го побели врвот на Пелистер.  Ова се први снежни врнежи оваа есен откако вчера снег беше забележан во други држави во регионот.   Снег врне на врвот на Баба Планина, а објектите каде се тв-радио предавателите на Пелистер се под снежна покривка. Пелистер е на надморска височина од 2.601 метар и е трет […]

Во Демир Капија наврна најмногу дожд


Во Демир Капија во текот на ноќта наврна најмногу дожд, каде според УХМР, измерени се 63 литри на метар квадратен воден талог. Следат Крушево со 24,23 во Пожаране, 19 Тополчани и Ѓуриште, 18 Прилеп, 13 Битола, 11 Скопје Петровец, 10 Тетово, 8 Куманово, 6 Струмица, 5 Претор и 3 во Охрид. Најниска температура од 4 […]

Мандатот на Арсовска низ фотографии: Главните проекти стојат како пред една година


  Една година од мандатот на градоначалничката Данела Арсовска, која во својата кампања најавуваше дека главниот град ќе го претвори во „модерно Скопје“, прошетавме низ улиците да провериме до каде е реализацијата на замислата. На некои проекти се работи, повеќето стојат во место, а некои не се ни почнати. Ако тргнете од Општина Аеродром, се […]

Започнува реконструкција на 36 мостови низ Скопје


Град Скопје соопшти денеска дека во соработка со Јавното претпријатие Улици и патишта отпочнува со проект за санација на 36 мостови, надвозници и пешачки натпатници кои се во надлежност на Град Скопје. „Дел од мостовите и натпатниците како повеќедецениски предизвик и покрај потребата не се санирани, а неопходна е реконструкција на коловозот, тротоарите и оградите, […]

Еко свест: Јавното здравје мора да биде дел од носењето одлуки во енергетската криза


Последните објавени информации кои се однесуваат на одлуката на АД ЕСМ за тестирање на нови мотори со дизел гориво во топланите Исток и Запад во Скопје по 15 ноември се несериозни и непотребни во услови кога природниот гас е опција како енергенс за овие топлани, апелираат од Центарот за истражување и информирање за животна средина […]

Општински обврзници и економски зони – што најави Мицкоски за финансирањето на општините


Општините кои што се под водство на градоначалници од редовите на ВМРО ДПМНЕ ќе издаваат општински обврзниц со кои ќе бараат нови извори на средства за нивно финансирање, најави денес лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Обврзниците ќе може да ги купуваат граѓаните и фирмите, а каматата ќе биде неколкукратно повисока во однос на онаа […]

Народна банка почна да објавува статистички податоци за должничките хартии од вредност


  Народната банка започна со објавување нови статистички податоци за показателот должнички хартии од вредност. Овој показател ги прикажува финансиските врски помеѓу секторите во националната економија, како и помеѓу секторите на националната економија и секторот странство, врз основа на должничките хартии од вредност, соопштија од НБ. Со изработката и објавувањето на овие податоци се збогати […]

Митровденска задушница – спомен за починатите


  Православните христијани денеска ја одбележуваат Митровденската задушница во знак на сеќавање на починатите. Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите. Задушница е секогаш в сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва за упокоените. На Задушница се оди во црква каде […]

Облачно време со повремени локални врнежи од дожд


  Времето денеска ќе биде променливо облачно, а во западните делови со повремен локален дожд. Кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде и на места ќе бидат пообилни. Ќе дува засилен, повремено силен ветер, дури и над 65 километри на час, од југоисточен правец. Максималната температура ќе […]

Асоцијацијата на спортски новинари им додели плакети на Заев, Ципрас и Тупурковски


 Асоцијацијата на спортски новинари на Северна Македонија вечерва на научниот симпозим што се одржа во Струмица им додели плакети за мир на поранешните премиери на Северна Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, како и на долгодишниот претседател на МОК и политичар, Васил Тупурковски.   Во рамки на симпозиумот пред присутните се обрати Зоран […]

МВР: Дојавите за поставени бомби во училиштата се лажни


Лажни дојави се заканите што денеска по електронска пошта ги добиле четири училишта во Скопје за наводно поставени експлозивни направи. Тоа е утврдено откако се направени сите потребни проверки, информира попладнево Министерството за внатрешни работи. -Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и […]

Јуроп Хаус Скопје одбележува три години постоење


Јуроп Хаус Скопје денеска одбележува три години постоење. Како што соопшти Делегацијата на Европската комисија во Скопје, во таа прилика евроамбасадорот Дејвид Гир ги презентираше плановите за проширување на мрежата на Јуроп Хаус и во други градови. – Пред три години, тогашниот претседател на Европскиот парламент Дејвид Сасоли (1956-2022), симболично им го предаде клучот од Јуроп Хаус Скопје на […]

Пендаровски и претседателот на Еврејската заедница го поздравија донесувањето на законот за клубовите


  Претседателот Стево Пендаровски и првиот човек на Еврејската заедница, Пепо Леви, на денешната средба  го поздравија донесувањето на измените и дополнувањата на Законот за здруженија и фондации и на Законот за политичките партии, согласно кои се забранува називот и ознаките на политичките партии, здруженија и фондации да содржат симболи, зборови, кратенки, кои предизвикуваат расна […]