Владата одобри средства за колекторскиот систем во Дојран и водоснабдителните системи во Липково


OLYMPUS DIGITAL CAMERA

 

Владата на денешната 112-та седница донесе одлука за одобрување средства во износ од 65 милиони денари од Буџетот за 2022 година за финансирање на проектот „Реконструкција и надградба на колекторскиот систем и пречистителна станица во општина Дојран“.

Со одлуката, како што информираат од владината Прес-служба, е предвидено, општината Дојран да ги користи средствата исклучиво за намената за којашто се доделени.

Владата на денешната седница донесе одлука и за одобрување на средства во износ од 200 милиони денари на Општина Липково за финaнсирање на водоснабдителните системи во општината. И овие средства може да се користат исклучиво за намената за којашто се доделени.