Донирајте ќебиња, прекривки, јамболии, јоргани за кучињата – ќе има и Новогодишен базар


Од ЈП „Лајка“ испратија апел преку социјалните мрежи дека им се потребни ќебиња, прекривки, јамболии, јоргани, черги, чаршафи, пешкири…

– Доколку во вашите домаќинства имате некои од овие горенаведени работи, а се застарени и неупотребливи, не ги фрлајте, ДОНИРАЈТЕ ГИ во ЈП Лајка, бидејќи се повеќе од потребни за кучињата кои го поминуваат хуманиот третман, апелираат од „Лајка“.

Доколку граѓаните не се во можност да ги однесат во прифатилиштето, може да ги донесат на предновогодишниот настан во петок, 23.12.2022 година, во кафе бар Младост од 19:00 – 00:30 часот.

На овој настан ќе се дружиме со нашите шепасти пријатели, ќе има хуманитарен базар со новогодишни рачни изработки и ќе собираме донации за кучиња во ЈП Лајка. Потребни се ќебиња, тањирчиња, околувратници, поводници, играчки, универзални средства за чистење…
Секој граѓанин може да дојде со својот миленик.