„Гејм џем“ за деца и млади


  Унијата на македонски асоцијации во креативните индустрии УМПАКИ Скопје денеска и утре организира „Гејм џем“ за деца и млади. Активностите ќе се реализираат во фоајето на кино „Синеплекс“ во Сити Мол во период од 11:00 до 15:00 часот. Младите креативци ќе имаат прилика да се запознаат со самиот процес на креирање видео игра и […]

Сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер, температурата до 26 степени


Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец, особено долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната […]

На трети декември Изборно собрание на ЗНМ, ќе се избира ново раководство


  Претседателот на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) Младен Чадиковски, согласно член 37 од Статутот, свикува редовно Изборно собрание на ЗНМ на кое ќе се избира новото раководство на ЗНМ. Изборното собрание ќе се одржи на трети декември 2022 година во Скопје, а новинарките, новинарите и медиумските работници што сакаат да учествуваат, треба да […]

Приведено едно лице во врска со заканите за бомби во училиштата во Скопје


Полициски службеници од СВР Скопје го приведоа Н.Н. од Скопје, поради постоење на сомнение за поврзаност со заканите за поставени бомби во училишта во Скопје. Во координација со надлежното обвинителство се преземаат мерки за расчистување на случајот.   Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста  дека завршија антитерористичките проверки во врска со денешните пријави дека […]

Ново разрешување, „падна“ и организацискиот директор на Универзитетската клиника за детски болести


 Министерот за здравство Беким Сали денеска го разреши од функцијата организацискиот директор на Универзитетската клиника за детски болести, Аљајдин Мемеди, информираат од Министерството за здравство. – Организацискиот директор на оваа Клиника се разрешува од функцијата пред истекот на времето за кое е именуван, поради утврдени нерегуларности во извештајот од извршената контрола на работењето на оваа […]

Разрешен шефот на кабинет на Сали, барал раководители Албанци по болниците


Меритон Чивули, шефот на кабинет на актуелниот министер за здравство Беким Сали во понеделникот бил разрешен од функцијата, неофицијално дознава „Фокус“.Информациите ги потврдил и Сали, но официјално не ги кажал причините за разрешувањето. Пред неколку месеци „Фокус“  објави дека сега веќе поранешниот шеф на кабинет на дел од директорите на болниците им праќал списоци со […]

Томислав Георгиев – победник на глобалниот фото конкурс „Вода=Живот“


Македонскиот фотограф Томислав Георгиев ја освои главната награда на глобалниот фото конкурс насловен „Вода=Живот“, организиран од Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија. На конкурсот, како што информира Амбасадата на Кралството Холандија,  учествуваа над 140 фотографи од целиот свет, а жирито составено од професионални фотографи, фото репортери и експерти за вода од холандското МНР ја […]

Пуштена во употреба нова пречистителна станица во Илинден


Денеска, во функција е пуштена нова пречистителна станица во населеното место Илинден, која е со капацитет од 1,300 еквивалент/жители и ќе опслужува приближно 330 домаќинства. Овој капитален проект е во рамки на програмските активности за изградба на фекална канализација со пречистителни станици, што претставува еден од нашите главни приоритетни проекти во служба на граѓаните. Градоначалникот […]

Оставка поднесоа д-р Софијанова и д-р Васев од Онкологија и Клиниката за детски болести


Министерството за здравство соопшти дека по барање од министерот Беким Сали поднесени се оставки од директорите на две универзитетски клиники – Клиниката за детски болести  и Клиниката за радиотерапија и онкологија.   -По барање на министерот за здравство, денеска до Министерството за здравство се поднесени оставки од двајца директори на универзитетски клиники. Станува збор за […]

Дојава за бомби во шест училишта во Скопје


Повторно евакуирана е гимназијата „Јосип Броз“ во центарот на Скопје, по дојава за поставена бомба Освен во ова средно училиште истото се случувало и во останати пет во градот Скопје, информираат од полицијата за „Независен“. „Денеска (02.11.2022) во СВР Скопје околу 14.30 часот е пријавено дека на меил адреси на шест училишта во Скопје е […]

Секоја прва сабота од месецот влезот во Археолошкиот музеј во Скопје ќе биде бесплатен


Секоја прва сабота од месецот влезот во Археолошкиот музеј во Скопје ќе биде бесплатен, соопштија од установата. – Во интерес на посетителите и со желба за поголема посетеност, Археолошки музеј ве известува дека влезот ќе биде бесплатен секоја прва сабота во месецот – се наведува во соопштението. Работното време на музејот, според податоците на нивната […]

ССМ и СУТКОЗ: Од денес што и да се случи во „Водовод и канализација“, вината ќе биде на Арсовска


Од Сојузот на Синдикати на Македонија и Синдикатот на работници од угостителството, туризмот, комунално-станбено стопанство, занаетчиство и заштитни друштва на РМ (СУТКОЗ), со порака до градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, за како што велат, нејзиното „останување глува и недостапна за претставниците на работниците“. Обраќањето кон Арсовска ви го пренесуваме во целост: „Градоначалничката Арсовска и […]

Дива депонија во Скопје претворена во прв мега-парк


Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска порача дека веќе се гледаат контурите на првиот мега-парк во Скопје, паркот „Даме Груев“ во општината Ѓорче Петров. -Започнавме со засадување на првите украсни садници, а веќе е завршена изведбата на шеталиштата во првиот дел од паркот и насадени зелените површини. Следува поставување на дополнителните содржини и поставување […]

Почна бесплатната мамографија низ лавиринтите на јавното здравство


  Жените од возрасната група од 45 до 69 години кои не направиле мамографија последните две години, имаат право на бесплатна мамографија, која почна вчера. Мамографијата се извршува во повеќе здравствени центри во земјава, а една од нив е и клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје, попозната како Градска болница. Мамографијата не […]

До петок стабилно време, за викендот заладување и дожд


До петок ќе се задржи стабилно време. Под влијание на циклонска активност за време на викендот ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат поројни и обилни (над 35 л/м2), соопшти УХМР. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец, а дневната температуара значително ќе се намали. Минималните температути ќе се движат […]

Вратен монополот на поштенските услуги


Агенцијата за пошти објави дека повторно е вратен ценовниот монопол за услугите за писма до 50 грама, кој е воспоставен со закон во корист на давателот на универзалната услуга  А.Д. „Пошта на Северна Македонија“ во државна сопственост – Скопје, која за услугата има регулирана цена од 25 денари по писмо, одобрена од регулаторот. – Тоа […]

СДСМ: Се што кажа Мицкоски за енергетиката излезе погрешно


Сѐ што кажа Мицкоски за енергетиката излезе погрешно, толку му е знаењето.Христијан Мицкоски со месеци ја плашеше јавноста со наводен недостиг на енергенси за домашниот енергетски сектор.Лажеше Мицкоски уште минатата година дека јаглен има уште за два дена, а оттогаш поминаа речиси 400 денови, јаглен има доволно а термоелектранитего зголемија производството за 25 отсто. Со […]

Во пресрет на шаховскиот турнир вандали ги искpшиле таблите во центарот на Прилеп (Фото)


Шахот на отворено во Прилеп, односно големата шаховска табла, која своевремено имаше и големи пластични фигури, служеше за промоција на овој спорт, но и како забава и атракција. Сепак, викендов, непознати лица извршиле вандалски чин и тоа во пресрет на турнирот кој се организира по повод денот на ослободувањето на градот, при што искршени се шах […]

Два активни пожара во Кичевско и еден во Македонски Брод


 Два активни пожари има во Кичевско и еден во Македонски Брод, известува Регионалниот центар за управување со кризи Охрид. Пожарот што избувнал на 30 октомври во 13 часот во близина на Тајмиште во општина Кичево е сè уште активен. Во гасењето на пожарот вчера  интервенирале четири лица од ЈП „Национални шуми“ подружница „Лопушник“. Според последните информации, пожарот се движи […]

Blue Economy Summit денеска и утре во Охрид


Во Охрид денеска и утре ќе биде одржан Blue Economy Summit на кој ќе се дебатира за најдобрите практики за трансформирање на водите и нивната околина со одржливи решенија. Ohrid Blue Economy Summit е фокусиран на сината економија и е прв од ваков вид во регионот кој ќе се осврне на важноста на слатководните корита, фокусирајќи се на специфичните предизвици за одржливост во […]