Двајца советници од Поинаку со потрошени 0 денари го „стросаја“ Офицерски во Битола


Новогодишното украсување по градовите во Македонија стана луксуз и исчекување. На две недели пред Нова година, едвај по некој град може да се пофали дека е украсен – новогодишно. 

Скопје, дури пред некој ден почна да добива куќички за базар, елка – ќе почекаме. Се радуваме на креативните излози од продавниците, трговските и кафулињата. План на администрацијата не се знае, Градот е речиси во мрак. Економска криза, немање струја, горива, скапотијата – се дел од оправдувањата на градските први луѓе. 

Крива Паланка деновиве стана вест, откако од таму стигнаа прекрасни новогодишни „разгледници“ од украсениот и осветлен центар. 

И Битола, по терк на Скопје, нема кој да ја украси, па на таа работа се нафатиле двајца градски советници од Поинаку. 

– Во 48 часа со колегата, Almir Ademosky околу Офицерски наместивме 4000 метри Лед осветлување, 1200м кабел и потрошивме вкупно 0 Ден. Шо значи ако имаш желба и мотив можи многу да се направи со малку пари – напиша советникот од Поинаку, Иван Чулакоски и сподели неколку ноќни фотографии од украсениот Офицерски.

Неговата објава на Фејсбук ви ја пренесуваме во целост, затоа што изобилува со шармантниот,  препознатлив битолски хумор и сарказам. По битолски ни кажува како треба и како може