Нуредини: Европа може да биде лидер во зелената и дигиталната трансформација


На маргините на Европскиот самит во Прага министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини оствари повеќе средби на кои дискутираше за улогата и поврзаноста на зелениот и дигиталниот развој, можностите за паралелен развој на зелените и дигиталните трансформации и можностите Европа да има глобална лидерска улога во двојните трансформации, соопштија од Министерството за […]

Балканот треба да стане оаза на мирот, вели Владимир Пивоваров


  За да дојде до ширење на војната надвор од сегашните нејзини граници, потребно е да бидат исполнети многу предуслови. Несериозно е да се прават паралели помеѓу оваа војнa во Украина и Балканот пред сѐ од геостратешки причини. Но секако будно треба да се следат сите збиднувања бидејќи лесно и брзо може да дојде до […]

ССМ: Претседателот на синдикатот на „Водовод“ избркан од работа


Сојузот на синдикати на Македонија денеска објави дека претседателот на синдикалната организација на „Водовод и канализација“ Стојанче Кашински добил отказ од страна на в.д. директорот на претпријатието Марјанче Митовски. Од ССМ, ваквата постапка на в.д. директорот ја оценуваат како спротивна на закон и на колективниот договор. – Согласно Закон и колективен договор на претседателот на […]

ВМРО-ДПМНЕ бара да се објават извештаите за работа на државните клиники


Откако беа обелоденети високите примања на веќе поранешната директорка на Клиниката за детски болести, Аспазија Софијанова, Фондот за здравствено осигурување изврши контрола на работењето на клиниките во рамки на кампусот клиники Мајка Тереза. По контролите оставки поднесоа двајца медицински директори и еден организациски – и тука сопре работата, соопшти утрово ВМРО-ДПМНЕ барајќи тоа што беше […]

Нови дојави за бомби во четири училишта


На електронската адреса на четири училишта во Скопје утринава повторно е упатена закана за поставена бомба. Од Министерството за внатрешни работи информираа дека се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки.  „Денеска во СВР Скопје околу 9.30 часот е пријавено дека на адреса на четири училишта во Скопје е […]

Избеган украински политичар под санкции на САД, добил македонско државјанство


„Македонскиот репрезентативец во коњички скокови Олександр Онишченко освои седмо место во Сен Тропе“. Вака би се очекувало да гласи насловот што би се проширил во спортскиот свет во Македонија откако во октомври овој Украинец, кој има и руско државјанство, се натпреваруваше под македонското знаме, пишува Призма. Tаква вест не може да се најде во спортските […]

Бутикот „Шејн“ во центарот на Скопје ќе треба да си ја собере терасата


Градежен инспектор на Општина Центар издаде решение со кое му наредува на инвеститорот на доградба на локал на улица „Македонија“ да ја отстрани истата и да го врати локалот во првобитна состојба, информира Општина Центар. Станува збор за бутикот „Шејн“ кој има доградба на локал на улица „Македонија на парцела која е земјиште во сопственост […]

Облачно и ветровито време, температурите до 18 степени


Времето денеска ќе биде променливо облачно со умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, кој на места ќе достигне брзина и над 60 километри на час. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег. Како што информира УХМР, минималната температура ќе биде […]

Шахот почна да се изучува во основните училишта во Скопје


Две основни училишта на територијата на Град Скопје се првите кои воведоа изучување на шахот од прво до четврто одделение, а има најава да им се приклучат и други образовни институции, соопшти Шаховската федерација на Македонија (ШФМ). Три месеци откако Бирото за развој на образованието и Министерството за образование и наука ја одобрија наставната програма, шахот како предмет е воведен во четири одделенија во […]

Уставниот суд оформи предмети за здруженијата „Културен центар Иван Михајлов” и „Цар Борис III – Охрид“


  Уставниот суд попладнево информира дека е оформен предмет во кој се оспорени Статутот и Програмата на Здружението „Културен центар Иван Михајлов“. „Предметот се наоѓа во почетна фаза, односно во претходна постапка и е предаден на работа кај советник на Судот и судија кои во следниот период треба да подготват реферат со конкретен предлог по […]

Tројца вработени во ЈСП си присвоиле 500.000 евра од дневниот промет


 Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против три лица вработени во Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „затајување“, информираат од Министерството за финансии. – Во период од 2017 година до 2021 година, спротивно на Меѓународните сметководствени стандарди број 7 и број 8, направиле повеќе книжења […]

Грковска за образованието: Веќе немаме право на грешки


Подобрувањето на начинот на кој се распределуваат и користат ресурсите е клучно за сите основни училишта да обезбедат квалитетно образование според националните образовни и инфраструктурни стандарди. Ова е заклучокот од состанокот  за можностите за подобрување на ефикасноста, ефективноста и правичноста на буџетските расходи за основното образование, предводен од заменик-претседателката на Владата задолжена за политики на добро […]

Масовни оставки на раководители во М-НАВ заради обидот да се намести конкурсот за контролори


  Ако меѓу избраните нема „наши деца“ тогаш конкурсот треба да се поништи. Во тој правец оди разврската на на конкурсот за контролори за летање кој го распиша Македонска навигација (М-НАВ) за избор на осум контролори за летање. Дванаесет заменици на директорите, началници, инструктори, експерти и  раководители на сектори  вчера поднеле оставки на своите позиции […]

Шакири ќе го оптимизира образованието: Некаде нема ученици, а има училишта


Оптимизација на училишната мрежа во основното образование и креирање на нови формули за финансирање на основното и средното образование се меѓу клучните компоненти на планот за реформирање на националниот образовен систем и на нив во моментов работиме заедно со Светска банка и УНИЦЕФ. Целта е подобро искористување на расположливите ресурси, постигнување на поголема ефикасност и […]

Сали уверува: Проблемот со термините за мамографија ќе се реши од јануари


Децениското нерационално инвестирање во здравствената опрема, неправилната распределба на услугите, со што пациентите од другите градови се принудени да патуваат во Скопје и застарената опрема, се причините што министерот за здравство Беким Сали денеска ги наведе откако беше прашан зошто нема ниту еден термин за мамографија во шесте јавни здравствени установи. – Потпишан е договорот […]

ОБСЕ бара неодложно усвојување на новиот Кривичeн законик


Законите не можат да бидат алатка на политиката, туку рамки и граници на легитимно политичко дејствување, а Казненото право како највисок степен на заштита треба да биде граница преку која не смее да помине никој, изјави министерот за правда, Никола Тупанчески, на денешна стручна расправа за предлогот на новиот Кривичен законик. На настанот по повод […]

За 50 отсто повеќе прегледи со новиот дијагностички центар за магнетна резонанца во ГОБ „8 Септември“


  Новите апарати за томографски магнетни резонанци и ултразвучниот апарат во Градската општа болница „8 Септември“ ќе го зголемат капацитетот за 50 проценти, односно плус 15 пациенти дневно, што претставува голема предност за брза дијагностика на тешко болни пациенти. Оваа опрема во новиот дијагностички центар за магнетна резонанца при ГОБ „8 Септември“ е донација од […]

Тренчевска: Обезбедувањето можности за вработување и создавање перспектива за сите граѓани е обврска на Владата


Министерката за труд и социјална политика денеска заедно со Австрискиот Аташе за Република Северна Македонија, Харалд Фугер и Директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Беким Мурати присуствуваа на последната работилница од билатералниот проект за поддршка за сервиси за вработување за младите во Република Северна Македонија. Министерката во воведот на своето обраќање истакна […]

Од утре постудено, од недела дожд и снег на планините


Поради спуштање на постудена воздушна маса, утре времето ќе биде променливо облачно со умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер (над 60 км/час), соопшти УХМР. Попладне, во текот на ноќта и во сабота ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег. Дневната температура во сабота ќе опадне и ќе биде во […]

Се подготвува регулатива и за социјалните медиуми


Законската регулатива на Северна Македонија е 100-процентно усогласена со Европската директива за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Преостанува делот за социјални медиуми, кои во моментов не се опфатени со регулација, а кој е уреден со измените на Европската директива од декември 2018 година за што во тек е изработка на драфт верзија која треба да биде […]