Скопје и Сараево во Топ 10, но по загаденост


Скопје видено од Водно на 22 декември - Фото: Б. Грданоски

Главните градови на македонија и на Босна и Херцеговина, Скопје и Сараево, денеска се најдоа во врвот од листата на најзагадени градови во светот.

На оваа неславна листа пред босанската престолнина се наоѓаат само индискиот град Доха.

Сараево во декември – Фото: Klix.ba

Податоците покажуваат дека индексот на загаденост на воздухот во Сараево утрово изнесуваше 218, што означува со „многу нездав“. Индексот за Скопје пак, е 165, што означува „нездрав“ воздух.

Двата града се оковани со магла, а видливоста е намалена, што предизвикува проблеми на возачите поради што метежот во сообраќајот е поголем, што пак дополнително придонесува за поголема загаденост.