Нуредини: Поголема енергетска независност и насочување на инвестициите во обновливите извори на енергија


На маргините на климатскиот самит, COP27 министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини оствари средба со помошникот државен секретар на САД за енергетски ресурси Џефри Пјат, директорката на американската EXIM банка Рета Џо Луис и министерот за енергетика на Романија Вирџил Даниел Попеску. На средбата, како што информираат од МЖСПП, се разговарало за […]

Катедра за македонски јазик и лекторат на Универзитетот во Анкара


Со прв, промотивен час што вчера се одржа на Факултетот за јазици, историја и географија, почна да работи Катедрата за македонски јазик со лекторат на Универзитетот во Анкара.  Новиот лекторат е отворен по речиси 15 години од претходно отворениот – на Универзитетот во Риека. Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и […]

Се истражува загаденоста на Пеленица, според прелиминарните резултати линданот е присутен во почвата


  Со години се зборува дека освен во малата и големата депонија во ОХИС, каде е закопана огромна количина на линдан, истиот е присутен и на локацијата Пеленица, во населба Драчево. Од таа причина Министерството за животна средина и просторно планирање одлучи да одвои околу три милиони денари со цел да се направи истражување за […]

Дујовски: Целта на дојавите за бомби во училиштата е да се создаде страв и паника меѓу населението


 Деканот на Факултетот за безбедност проф. д-р Никола Дујовски денеска изјави дека целта на лажните дојави за бомби во средните училишта е да се создаде страв и паника меѓу населението и оти не случајно се избираат училиштата. Ова, вели тој, е токму „како по книга“ како се прави хибридна закана. – Овој тренд почна пред […]

Нова гинеколошка акушерска ординација во Поликлиника Шуто Оризари


Во Поликлиниката Шуто Оризари денеска ќе биде отворена новата гинеколошка акушерска ординација ПЗУ МАЈКА Б&M, со што треба да биде надминат проблемот со пристапот до гинеколошки услуги во општината. Граѓанското движење АВАЈА информира дека успеале да изнајдат решение и донација за гинеколошката амбуланта за ангажирање на медицинска сестра во првите шест месеци за пружање на медицински услуги […]

Термин за мамографија во Скопје нема во наредните три месеци, нема ниту одговор како ќе се реши овој проблем


  Во сите шест јавни здравствени установи во Скопје каде може да се направи мамографија нема термин во наредни три месеци. Оваа информација може да се провери и во делот за термини на веб-страницата на Мој Термин. На прашањето од МИА зошто нема термини и дали се работи на регулирање на овие важни прашања, Министерството […]

Француско-германска комеморација во Битола и Прилеп по повод Денот на примирјето од Првата светска војна


По повод Денот на примирјето од Првата светска војна (“Commémoration du 11 novembre 1918”) и Денот на народна жалост („Volkstrauertag“), амбасадите на Република Франција и на Сојузна Република Германија денеска заедно ќе го одбележат споменот за сите мртви, ранети, изчезнати и раселени лица, за жртвите на насилство и ранети лица од сите војни и сите […]

Нов дијагностички центар со магнетна резонанца во ГОБ „8-ми Септември“


  Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за здравство Беким Сали денеска ќе ја посетат Градската општа болница „8-ми Септември“ по повод отворањето на новиот дијагностички центар опремен со апарати за магнетна резонанца, соопшти владината прес-служба. Покрај Ковачевски и Сали, предвидено е на настанот да се обратат и директорот на ГОБ „8-ми Септември“ Христијан Костов и […]

Недела на италијанската кујна


  Неделата на италијанската кујна во светот, ќе биде одбележана и во земјава од денеска до 13 ноември. Целта е да се промовира традиционалната италијанска кујна и италијанскиот начин на живот, но и вредности како заедништво, одржливост и иновативност. Годинашното издание на Неделата на италијанската кујна започнува денеска со гала вечера во ресторанот BELLA VISTA […]

Магла наутро, денот сончев


  Времето денеска ќе биде стабилно и претежно тивко со ниска облачност и магла по котлините. Попладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени. Во Скопје претпладне со појава на магла и ниска облачност, преку […]

Се чисти Дабничкиот канал низ Прилеп


Повеќе од Над 600 м3 отпад извадени од Дабничкиот канал во Прилеп ќе бидат транспортирани до депонијата кај Алинци, пишува градоначалникот Борче Јовчески на ФБ. – Заедно со ЈКП „Комуналец“ будно ја следиме ситуацијата за чистотата во градот и континуирано спроведуваме вакви акции. Сакам да упатам апел до сите наши сограѓани за поголема свест и […]

Ќе поништат оглас за контролори на летање зашто Албанците што положиле не се од ДУИ


Тројцата членови на управниот одбор на МНАВ и директори во агенцијата, Фахрудин Хамиди, Миѓан Селмани и Влатко Крстевски, сакаат да го поништат огласот за контролори на летање, зашто од 270 пријавени положиле само 8 кандидати, меѓу кои не се нивните, а ни пријавените деца на функционери од ДУИ, пишува СДК.МК.   Меѓу најдобрите 8, се […]

МВР: Лажни се пријавите за бомби во девет училишта


Министерството за внатрешни работи известува дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави дека девет училишта на територија на Скопје добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. „Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно […]

Анима Мунди тврди дека и лажно се пријавуваат напади од кучиња – за да се земат пари


Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ реагира на вчерашната прес-конференција на директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов на која тој информира за зголемен број напади на кучиња во државата. – Реагираме по повод вчерашните објави за зголемен број напади на кучиња во државата и несреќната изјава на директорот на ЦУК, […]

Во Вевчани отворена канцеларија за одржливо управување на заштитеното подрачје Вевчански извори


Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест денеска во Вевчани отвори канцеларија во рамките на проектот „Поддршка на одржливо управување на заштитеното подрачје Вевчански извори“. Целта на тригодишниот проект е да се обезбеди поддршка за одржливо управување со заштитеното подрачје Споменикот на природата „Вевчански извори“, а ќе се реализира со поддршка на PONT […]

Талат Џафери не знае зошто пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не дошле на „Жан Моне“


  Претседателот на Собранието Талат Џафери нема информација од кои причини пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ не присуствувале на средбата која е дел дијалогот „Жан Моне“ и се однесува на измени на Деловникот за функционирање на Собранието но, како што рече, ќе им ги достави во писмена форма. Џафери појасни дека биле направени подготовки и еднаш […]

ЦУК со детали за акцијата за извлекување на планинарите кај Титов Врв, еден починат, тројца повредени


 Центарот за управување со кризи (ЦУК) официјално потврди дека почина планинарот, по кој се трагаше од синоќа откако беше пријавено дека паднал од карпа во реонот кај Титов Врв. Планинарот, пак, кој побара извести  за несреќата е пренесен во болница заедно со началникот на СВР Тетово, кој исто така се здобил со телесни повреди. При […]

Медицинска опрема вредна над 61 илјада евра донација од Турција за тетовската клиничка болница


Клиничката болница во Тетово доби донација медицинска опрема во вредност од три милиони и 700 илјади денари од Турската агенција за соработка и координација (ТИКА). Програмскиот координатор на ТИКА Халим Омер Согут денеска опремата ја предаде на раководството на болницата. -ТИКА има спроведено околу 30 проекти во здравствениот сектор во различни градови од Северна Македонија. […]

Тупанчески: Закон може да биде проверен од Венецијанската комисија и по неговото донесување


 Министерот за правда Никола Тупанчески вели дека испраќањето на Законот за здруженија и фондации на мислење на Венецијанската комисија е од превентивни причини во однос на примената на  одредбите кои се изгласани во Собранието за да не дојде до несакани консеквенции кои во формална смисла би довеле до Европскиот суд за човекови права. Европската пракса, […]

Синдикатот на УКИМ со предлог до МТСП спорот за нивните барања да се решава со медијација


Предлог за мирно решавање колективен работен спор поднесе Синдикатот на вработените на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје до Министерството за труд и социјална политика кое предлогот ќе го достави до Собранието како преговарачка страна во однос на склучувањето Колективен договор за високо образование. Во одреден законски рок, Парламентот треба да се изјасни дали прифаќаат решавање […]