Левица реагира: Работниците на принуден одмор, директорот на Македонски железници се луксузира


Македонски Железници -Транспорт деновиве донесоа одлука вработените да се упатат на “доброволен” привремен принуден одмор, поради тешката финансиска состојба во која е доведено претпријатието и мерките за штедење.Иако во законот не постои термин “доброволно”, кога работниците без своја волја се упатуваат на принуден одмор и земаат помала плата, директорот од Алтернатива сепак донел незаконска одлука […]

Дојавите за бомби во училиштата се дел од стратегијата за хибридни напади


Дојавите за поставени бомби во училиштата се дел од стратегијата за хибридни напади, смета премиерот Димитар Ковачевски. – При таквите дојави МВР мора да интервенира бидејќи се работи за училишта. Не случајно таргет им се училиштата бидејќи луѓето се најосетливи кога станува збор за училиштата каде учат деца. Секторот за електронски криминал ги испитува сите […]

Град Скопје уверува дека линиите 19, 20, 22, 52 и 54 продолжуваат да функционираат


Линиите 19, 20, 22, 52 и 54 продолжуваат да функционираат непречено и покрај раскинатиот договор со приватниот превозник „Макекспрес“, кој во изминативе години ги опслужуваше посочените линии. Возниот ред, трасите и постојките на линиите остануваат исти, единствено наместо возила на приватниот превозник, петте линии ќе ги опслужуваат возила и возачи на ЈСП Скопје. Договорот со […]

Клиниката за хематологија ќе прерасне во регионален центар за лекување на најтешките болести на крвта


Делегација од Европската команда на армијата на САД денеска ја посети ЈЗУ Клиника за хематологија, каде интензивно се гради вториот кат, со средства од програмата за помош Командата обезбедени преку Амбасадата на САД во нашата земја во висина од милион долари. Оваа сума е наменета за проширување на капацитетите за хоспитализација, односно надградба на уште […]

Нови дојави за бомби во четири училишта во Скопје


 Нови дојави за поставени бомби денеска има во две училишта во Скопје. Според информации на МИА, едно од училиштата е гимназијата „Јосип Броз Тито“. Како што дознава „Независен“, дојава за бомба има и во средното училиште „Владо Тасевски“, во скопски Аеродром. Од Министерството за внатрешни работи информираа дека се преземени мерки за безбедно евакуирање на […]

Најстудено во Берово, најтопло во Дојран


Утрово е најстудено во Берово, каде се измерени -2 степени Целзиусови, а најтопло во Дојран со измерени 10 степени, информираат од УХМР. Во 7 часот се измерени 2 степени во Тетово, Маврови Анови, Лазарополе и Битола, 3 во Скопје-Петровец, и Крива Паланка, 4 во Прилеп, Штип и Попова Шапка, 5 во Струмица, Демир Капија, Охрид, […]

Уставниот суд ќе разгледува три иницијативи за оценување на уставноста и законитоста


  Уставниот суд денеска ќе ја одржи 35-та седница на чиј дневен ред се три иницијативи за оценување на уставноста и законитоста. Првата иницијатива, чиј подносители се адвокати Владимир Стојкоски и Глигорие Ќатоски се однесува на оспорување на член 17 од Законот за државното правобранителство („Службен весник на Република Македонија“ бр.87/2007, 167/2010 и 104/2015). Според […]

Без вода дел од корисниците на две улици во Капиштец и Тафталиџе


  Без вода денеска ќе бидат дел од корисниците на улиците „Козара“ во Капиштец и „Варшавска“ во Тафталиџе, информираат од „ЈП Водовод и Канализација“ – Скопје. Прекинот на водоснабдувањето во населбата Капиштец е поради уличен дефект на водоводна мрежа Ф 80 милиметри на улица „Козара“ 21 и ќе трае од 9 часот, па до санирање […]

Без струја повеќе улици во Ѓорче Петров и дел од Бунарџик


  Без струја денеска ќе бидат повеќе улици во Ѓорче Петров и село Бунарџик во Општина Илинден, информираат од Центарот за управување со кризи. Според известувањето од „ЕВН Македонија“ АД во Ѓорче Петров од 9 до 09:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улица „Лесновска“, од 9 до 14 часот, корисниците од […]

Претпладне магливо по котлините, попладне сончево


Времето денеска претпладне ќе биде маглливо или со ниска облачност по одделни котлини, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 20 степени Целзиусови. И во Скопје претпладне […]

Утре без вода дел од Општина Карпош


Известување за прекини во водоснабдувањето. Од ЈП „Водовод и канализација“ добивме известување дека на ден 09.11.2022 година (среда) поради дефект во шахта на ул. „Варшавска“ бр.7, во периодот од 10.00 до 12.00 часот без вода ќе останат корисниците од ул. „Варшавска“ бр.5, 7 и 9. (Општина Карпош)

Слика до слика: Ислам Абази во друштво со функционери на ДУИ


  „Можеби и сме се сретнале“, изјави денеска избраниот прв човек на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Ислам Абази, на прашањето дали имал контакт со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Тој рече дека немал контакти со неговиот сонародник од селото каде што се двајцата родени, Зајас, а имаат и куќи таму. Можеби немале […]

Драстично намалени бројките на смртност кај предвремено родени бебиња


Бројките за смртност кај предвремено родените бебиња е намалена од 25% на 8%. Здравствените работници ги потенцираат современите технологии, подобрата опрема и стручност на медицинските лица како причина за позитивниот тренд.. -На предвременото породување до некаде влијаат социоекономските и демографските фактори, како што се возраст на мајката, националност, некои навики во однос на пушење, користење […]

Извлечени двете лица што паднаа во провалија кај Алдинци


    Двете лица кои со квадрицикл (мопед на четири тркала) паднаа во провалија кај вила „Принц“ на Караџица се извлечени во стабилна состојба со веројатни сршеници, извести вечерва Центарот за управување со кризи.    Според информацијата, двете лица се предадени  на две екипи на итната медицински помош кои се упатиле кон медицинските центри во […]

Новиот глобален пакт за природата поддржан од 112 земји


Напорите за заштита на 30 отсто од копното и океаните до 2030 година, како клучен столб на новиот глобален пакт за природата, треба да бидат договорени следниот месец, објавија лидерите на 27-та Конференција на Обединетите нации за климатски промени (КОП27) во египетскиот град Шарм ел Шеик. Овој договор го поддржаа 112 земји, што е голем […]

Општина Карпош започна со селекција и рециклирање на отпад


Општина Карпош информира за применување соодветна стратегија за поздрава еколошка средина. Имено, од Општината потенцираат дека одржувањето на здравата животна средина претставува една од главните цели за кои се залага Општина Карпош. -Во таа насока, локалната самоуправа презема низа активности, мерки и применува соодветна методологија за третирање на отпадот. Притоа, општината започна со процесот на […]

Раскинат договорот со приватниот превозник „Макекспрес“, ЈСП ги презема линиите


Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје, денеска го раскина договорот со приватниот превозник „Макекспрес“, а линиите на кои сообраќаа приватните автобуси, отсега ќе бидат заменети со автобуси на ЈСП Скопје со што транспортот на патници ќе продолжи непречено, соопштија од Град Скопје. Причина за раскинувањето на договорот со приватниот превозник „Макекспрес“ е непочитување на обврските […]

Жан Митрев: Срам да им е на тие што ме обвинуваат за профитерство


Клиниката Жан Митрев нема земено ниту денар повеќе од пациентите за време на пандемијата, дури ниту поради погрешна финансиска пресметка.  Управата за јавни приходи како и независни вештаци утврдија дека секој депозит што е земен, а не бил искористен, до денар е вратен на пациентите, тврдеше денес  д-р Жан Митрев на прес конференција. -Стотици странски […]

Оваа и наредната недела печатење и испорака на новите учебници за прво, второ, четврто и петто одделение


 Министерството за образование и наука информира дека оваа и следната недела ќе бидат испечатени и испорачани најголем дел од новите учебници за прво, второ, четврто и петто одделение. Станува збор за над 20 учебници за кои немало жалбени постапки, по наставните предмети во прво, второ, четврто и петто одделение, на сите јазици на кои се […]

Грантови за училишта за унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата


 Министерството за образование и наука објави Јавен повик за доделување грантови за основните и јавните средни училишта кои придонесуваат за равој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата. Активностите кои ќе бидат поддржани со грант може да се реализираат самостојно во училишта во кое наставата се одржува на повеќе наставни јазици или во партнерство со друго […]