Средношколци креираа иновативни решенија за производство и заштеда на енергија во своите средни училишта
Во рамките на програмата UPSHIFT, од 19 до 21 декември во Струга се одржа тридневен настан-UPSHIFT Bootcamp за развој и поддршка на социјални иновации поврзани со ЕНЕРГИЈАТА каде 10 средношколски тимови беа избрани за финалисти на отворениот повик на програмата.
Средношколски тимови од Кочани, Кичево, Битола, Кавадарци и Радовиш составени од по 5 ученици со поддршка на ментор ги развиваа своите решенија за проблемите поврзани со производство и заштеда на енергија. Користење на застарени системи за загревање кои работат на фосилни горива, загадувањето на животната средина, високи сметки за струја, се само дел од предизвиците за кои средношколците понудија свои решенија.

Пет тима беа прогласени за победници од страна на стручно жири врз основа на
презентациите и потенцијалот на решението и тоа:
СОУ „.Љупчо Сантов“ – Кочани ќе изградат 12 топлински цевки за загревање на
воздухот кои трошат 59% помалку електрична енергија. Овие топлински цевки ќе се
користат за целосно загревање на 6 училници во училиштето.
СОУ „Мирко Милески“ – Кичево ќе направат и постават плочки во училишниот ходник
кои преку магнетна индукција ќе произведуваат електрична енергија од чекори. Преку
тоа ќе направат заштеда на струја од 1800kw годишно или 48000 денари.
Државното музичко училиште – Битола ќе постави батерии за чување на електрична
енергија која ќе се добива од електрични велосипеди и ленти за трчање поставени во
училишната теретана. Со тоа ќе направи месечна заштеда од 30% од сметките за струја.
СОУ „Ќиро Спанџов Брко“ – Кавадарци ќе конструираат топлински акумулатор од
песок за складирање на енергија произведена од вишокот од фотоволтаичните
панели на училиштето. Овие акумулатори ќе се користат за целосно загревање на
училишната работилница со што ќе направи заштеда од 120000 денари на годишно
ниво.
СОУ „Коста Сусинов“ – Радовиш ќе постават 3 велосипеди со вграден генератор за
произведување електрична енергија. Електричната енергија ќе се користи за
загревање на училишната сала со што ќе се направи заштеда од 15000 денари на
годишно ниво.

Победницитe добија по 120.000 денари и тримесечно менторство за развој на
социјалните иницијативи во своите заедници.