Студентите ги добија средствата за субвенциониран студентски оброк


Студентите кои аплицираа на повикот на МОН за остварување на правото на
субвенциониран студентски оброк и ги исполнија условите, по овој основ денеска на
своите трансакциски сметки добија средства во износ од по 6.480 денари. Станува збор
за речиси 29 илјади студенти, а средствата се однесуваат за половина од месец
септември и за октомври и ноември.
Останатите студенти кои не го остварија правото на субвенциониран студентски оброк,
имаат можност да поднесат приговор на електронската адреса
[email protected].
Од МОН потсетуваат дека на повикот за остварување на правото на субвенциониран
студентски оброк кој траеше од 25 ноември до 3 декември, пристигнале над 31 илјада
апликации.