Општина Гази Баба прави свој Зелен катастар


Општина гази Баба денеска одржа презентација на Зелениот катастар, објави градоначалникот Бобан Стефковски на својата официјална страна на Фејсбук.

„Општина Гази Баба е една од општините во Македонија и регионот која своето работење го темели на принципите на оддржливиот развој и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Изработката на Зелениот катастар ќе биде основа за унапредување на зелените урбани површини кои покрај функционалните, рекреативните и социјалните функции допринесува кон намалување на загадувањето и намалување и адаптирање на климатските промени. Со Зелениот катстар ќе се создаде база на податоци за точната местоположба, големината и состојбата на зелените површини. Ќе се создаде можност за евидентирање на сите промени кои се случуваат на зелените површини. Унапредувањето, заштитата и зголемувањето на површините под зеленило е мојот предизвик на кој изминатата година посветивме големо внимание“, напиша Стефковски.

Инаку, Град Скопје веќе неколку години изработува Зелен катастар кој не е доведен до крајна верзија, а во него се внесени повеќе од 60.000 дрвја и грмушки.