Швајцарија се соочува со недостиг на лекови


Швајцарија се соочува со недостиг на некои лекови поради тешкотиите во синџирите на снабдување, предизвикани од мерките за сузбивање на Ковид-19 во Кина и војната во Европа, предупреди денеска фармацевтското здружение. – Најмногу проблеми имаме со лекови за деца, особено со сируп за намалување температура, изјави Енеа Мартинели од „pharmaSuisse“ за телевизијата СРФ. Како што […]

Македонско-бугарската комисија за историски и образовни прашања го продолжува состанокот во Скопје


  Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија денеска ги продолжува разговорите во Скопје, кои вчера на првиот ден од состанокот биле фокусирани на учебниците, но не беше донесена никава одлука. Драги Ѓорѓиев, копретседател во Комисијата, по вчерашната средба изјави дека не е усвоен  конкретен резултат, заклучок или […]

Ракот на простата најчесто заболување кај мажите, успешно може да се излекува со рано откривање


  Во 2021 година регистрирани се 397 нови случаи на рак на простата, a починале 201 маж, покажуваат податоците од Институтот за јавно здравје. Во однос на 2020 година зголемен е бројот за 62 нови случаи, а во последните пет години најголем број регистрирани случаи имало во 2018 година. Најмногу починати имало во 2020 година, […]

Претседателот Пендаровски ќе го додели признанието „Успешни млади“ за 2021 година


   Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска ќе го додели признанието „Успешни млади“ за 2021 година, како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите во нашата држава. Церемонијата на доделување на признанието ќе се одржи во Кабинетот на претседателот. 

Петти ден приватните превозници не сообраќаат – протест пред ЈСП и средба со Советот на Град Скопје 


  Веќе петти ден приватните превозници не сообраќаат поради неисплатениот долг на Јавното сообраќајно претпријатие кон нив, а денеска ќе одржат и мирен протест пред централата на ЈСП, а потоа ќе остварат средба со сите советнички групи на Советот на Град Скопје за изнаоѓање решение на проблемите со кои се соочуваат. Тие вчера беа обвинети […]

Денеска во Скопје ќе се одржи конференцијата „Подобрување на пристапот до лекови за сите“


  Денеска во Скопје ќе се одржи конференција за здравство насловена како „Подобрување на пристапот до лекови за сите”, во организација на Американската Стопанска Комора во Северна Македонија (АмЧам), по инцијатива на Комитетот за здравствена заштита при АмЧам. Целта на конференцијата е да се поттикне процесот на утврдување и донесување на позитивна листа на лекови […]

Поликлиниката Чаир ќе добие донација амбулантно возило


  Граѓанското движење АВАЈА денеска ќе донира амбулантно возило на Поликлиниката Чаир во состав на ЈЗУ Здравствен дом на Скопје, за покривање и опслужување на граѓаните на Шуто Оризари, Чаир и Бутел. -АВАЈА во текот на 2021 година потпиша меморандум за спроведување ургентна интервенција за жителите на Шуто Оризари – донирање амбулантно возило и вработување […]

Сончево со мала до умерена облачност и ветер


  Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од минус три до пет, а максималните ќе достигнат од седум до 14 степени. Во Скопје […]

Разговорите на македонско-бугарската Комисија за историски прашања биле позитивни, вели Ѓорѓиев


Разговорите на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија денеска поминале во позитивна атмосфера, а се разговарало само за учебниците, информира Драги Ѓорѓиев, копретседател во Комисијата по денешната средба во Скопје која продолжува и утре. -Сè уште нема никаков конкретен резултат, заклучок, конкретно усвоена препорака. Дискусиите продолжуваат утре […]

Приватните превозници ги отфрлаат обвинувањата на Арсовска околу билетите


  Приватните превозници остро возвратија по обвинувањата на скопската градоначалничка дека не наплаќале билети за превози затајувале данок. „Најодговорно тврдам дека ‘Слобода превоз’ од воведувањето на системот, а и никогаш претходно, не била таа која што продавала билети за превоз. За билетите, од набавка, продажба и колетирање на парите исклучиво е надлежно Јавното сообраќајно претпријатие […]

Институтот за радиологија одбележа 75 години постоење


  ЈЗУ Институт за радиологија – Скопје денеска во Музејот на македонска борба за самостојност одбележа 75 години од постоењето. Пред присутните се обрати министерот за здравство Беким Сали, а обраќање имаше и ректорот на УКИМ, проф д-р Никола Јанкуловски, како и медицинскиот директор на Универзитетескиот институт, д-р Гордана Антулеска – Белческа. – Токму овој […]

ЗЕЛС бара посебен кластер за оценување на напредокот на земјава во спроведување на децентрализацијата


  Она што е најважно и што го отсликува овој и претходниот состанок во Брисел е иницијативата на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС)  за развојот на децентрализацијата на власта во Република Македонија, да биде ставена како посебен кластер или маркер, при оценувањето за напредокот на државава кон Унијата. Апелираме за силна поддршка од […]

Според Арсовска, приватните превозници за пет години не пријавиле дека продале барем еден билет


  Град Скопје изготви нов јавен повик на кој секој од сегашните поединечни превозници, сопственик на приватен автобус ќе може индивидуално да аплицира, да добие линија на која ќе сообраќа и да работи чесно за обезбедување соодветен јавен превоз, соопшти денеска градоначалничката Данела Арсовска. Таа истакна дека јавноста мора да ги знае вистинските причини за […]

Рендевски: Не се согласувам дека министер за здравство треба да одлучува кој ќе продолжи да работи по стекнувањето на услови за пензионирање


 Заменик-министерот за здравство д-р Владимир Рендевски на собраниска говорница изјави дека не се согласува со министерот за здравство Беким Сали да се одбива продолжувањето на работа на лекарите кои наполниле години за пензионирање, посочувајќи дека директорите на јавните здравствени установи само знаат како некој лекар или вработен работи. Тој, исто така, потенцира дека иако е […]

За Тупанчевски обвинителите треба да се замислат што го избраа Ислам Абази


  Кога постојат избори вклучувајќи ги и овие, тоа говори и за изборот на јавниот обвинител, но и за тие кои го избрале јавниот обвинител, рече денеска министерот за правда Никола Тупанчевски, одговарајќи на пратеничко прашање од пратеничката Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ во однос на изборот на новиот шеф на Основното јавно обвинителство за гонење […]

Средба на претседателот Пендаровски со Теодор Богоевски, лице со попреченост


Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Теодор Богоевски, лице со попреченост и советник за лица со попреченост на претседателот на Владата на Република Северна Македонија. На средбата, како што информираат од Кабинетот на Пендаровски, се разговарало за положбата на лицата со попреченост во земјава, во контекст на заложбите за остварување на нивните права на еднаквост, […]

Широк Сокак во Битола, македонскиот архитектонски бисер, пропаѓа со стареењето


  БИТОЛА – Најпознатата и најубавата амбиентална улица во Битола, во државата и пошироко на Балканот, битолски Широк Сокак, полека старее и се руинира иако е ставена под заштита на државата како културно наследство. Заедно со велелепните градби на Широк Сокак пропаѓаат и неколку десетици други објекти кои се во централното градско јадро, старите конзулати, […]

Петровска ќе поднесе тужба против Ковачки за навреда и клевета


Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието најави тужба против пратеникот Драган Ковачки од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за навреда и клевета, откако тој и постави прашање за наводно криење имот во Радишани. – За разлика од пратеникот, јас ги имам сите документи и договори последователни од првиот ден до денес […]

Уставниот суд го укина решението за изградба на хотел на Дојранското Езеро


Уставниот суд го укина решението донесено од страна на градоначалникот на општина Дојран на 16.05.2018 година, со кое се одобрува локална урбанистичка планска документација за дел К.П. бр.1073 и др. за К.О. Сретеново, Општина Дојран, изработена од „Стан арт“ ДООЕЛ Куманово со кој се опфаќа простор од 4.309 м². Судот утврди дека не била во […]

МАНУ промовираше двотомно издание „Фонетика и фонологија на македонскиот стандарден јазик“


Истражувачкиот центар на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска промовираше „Фонетика и фонологија на македонскиот стандарден јазик“ во два тома. Првиот, насловен  „Супрасегментална фонетика и фонологија“, се однесува на интонацијата и акцентот, а вториот, „Сегментална фонетика и фонологија“, е посветен на гласовите во македонскиот јазик. Изданието е финансирано од Полска и авторскиот тим […]